Zaphod Beeblebrox
Поранешен покул Божино
Малце премног го форсираат. Али едно што ме нервира е на секоја емисија водителките го прашуваат - Што сакаш повеќе, да седиш на компјутер или да си играш надвор?
Што целат незнам ни јас....

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
порано мн ми се допаѓаше али откако почна новава сеозна не ми се допаѓа баш не потенцирам зошто ....![]()
Последнава емисија беше онака, ок. Него, знаете што ќе има наредната? Оддамна чекам некоја тема од Мистерии. Тие ми се нај интересни
За 11-ти Септември и Кулите Близначки - повторно
повеќе инфо утре
Па што ке ни е друга тема за кулите близначки, знаеме веке дека се беше наместено.
Емисиите за УФО(нло) се далеку поинтересни, барем за мене
не го пропуштајте ова
вреди да се види
канал5
последниот дел :baeh:
искрено не очекував да го викни во емисија овој голем човек
браво
Феноменот Миленко
Миленко во сопствено полноќно шоу на Канал 5. Миленко и во „Жолт офсајд“ на Канал 5 плус. Миленко гостин на други телевизии. Миленко во весници. Миленко, конечно, во „НЗС 2“, повторно на Канал 5. Уште малку и фрижидер да отвориш, оттаму ќе излезе. Нема кај го нема.
Нејсе. Непишано правило на оваа колумна е да се избегне навраќањето на личност од медиумите што еднаш веќе била опсервирана, но во случајот со Миленко Неделковски, едноставно, тешко е да му се одолее на поривот да се направи исклучок. Речит, чешит, згора на тоа и контроверзен. Иван Мирчевски не можеше да посака посоодветен соговорник за да ја оправда девизата „Не заспивај сега“ на своето шоу што оди секој понеделник по последниот „Дневник“.
И новинарот што направи име како водител во Македонска телевизија во случајот со исто така некогашниот новинар во МТВ мораше да направи исклучок, па место неколкумина гости, како досега, беше принуден сите 90 минути да ги „отепа“ со Миленко. Причина - никој од тие што ги поканил да му прават друштво на Неделковски не прифатил да учествува во емисијата! Од тоа најмногу профитираа тие што жртвуваа дел од времето за спиење во пресрет на новиот работен ден, бидејќи можеа да дознаат пикантерии од приватниот живот, како и за пасијата со забавните паркови на собеседникот на Мирчевски, кој тешко дека може да се сети кога последен пат бил засенет, напати и инфериорен во однос на гостинот.
Миленко Неделковски, нема што, е приказна за себе во македонското новинарство. Уште пред дваесетина години го сврте вниманието врз себе како прв репортер од бившојугословенските простори што го интервјуирал трикратниот светски првак во Формула 1, Аиртон Сена. Малку подоцна повторно ги привлече рефлекторите на јавноста со шестмесечната суспензија од МТВ за коментирањето на мечот на Црвена звезда со Бриж, кога црвено-црните ги направи „партал“ за наводното труење со храна поради кое не му излегоа на мегдан на тогаш силниот Вардар, а играа во Белгија. Денес, пак, покрај тоа што се занимава со се' и сешто - од теории на заговор, преку спорт до внатрешнополитички теми, стигнува да коментира и Формула 1, но и да биде „сведок на сведокот“ во аферата со Победа.
Едни го обожаваат, други не можат да го смислат, но факт е дека сите (тие) го гледаат. А за некој да биде гледан ем слушан, мора да е интересен, елоквентен, природен, со други зборови да има што да каже и да знае како да го каже тоа. Со сиот багаж што го носи експритвореникот Миленко, сепак, не може да му се оспори дарбата за привлекување публика со својата слаткоречивост и уверливост, дури и кога се чини дека тоа што го зборува нема врска со вистината. Феномен.