Такви родители му се погодиле. Секој родител смета дека неговото дете е најдобро и сл, али овие на Марко ептен забегале.
Прво, го подржувам Марко, нека учи таму за администратор тоа шо фура Мајкрософт...Македонија досега немало такво дете, па зашто да не се проба.
Но, неговите родители го претераа. Кај се мучи детено со компјутери, англиски јазик и сл, уште му наметнале да учи за вселената па и бокс да тренира. Бог да чува еј. И на секоја можна емисија веке се појави и во секој весник....се приметува дека се што кажува на телевизија е очигледно смислено од мајкаму со конкретни говори, а детево на памет ги учи.
Бар нека го олабават малце, секое "слободно" време нека излезе во мало и со врсниците да си игра, ако продолжи вака со ова темпо, како возрасен ке има проблеми со однесувањето.