А мене, брат, живо ме занима КОЈ е произоводот од милењето со твојата глава? Дека не постои Бог? Па тоа цел свој живот го слушам и за мене тоа не е ништо ново а понајмалку производ од мислењето со своја глава...дај, не зезај.
А ако сметаш дека замарам, едноставно, не ги читај моите постови.
Абе види,сакам кога со некого дискутирам аргументирано...
Јас погоре изнесов еден аргумент зошто господ не постои..никој од вас верниците не кажа противаргумент...
Еве за да не се мачиш да го бараш проблемот кој јас го постирав...ке го повторам пак,крстен е како “пРОБЛЕМ НА зЛОТО“:
Проблемот на злото е проблем за балансно изедначување на постоењето на сезнаен (омнисиентен), семоќен (омнипотентен) и благонаклон (беневолентен) Бог, со постоење на свет полн со зло и страдање. Ако Бог е омнисиентен, тогаш тој ЗНАЕ што да стори за да нема ни зло, ни патење. Ако Бог е омнипотентен, тогаш тој МОЖЕ да направи да нема ни зло, ни страдање. Ако Бог е беневолентен, тогаш тој САКА да направи да нема ни зло, ни страдање. Но, ако Бог знае како, ако може и ако сака да нема ни зло, ни страдање, зошто тогаш тоа не го прави? Наједноставниот одговор е дека Бог тоа не го прави, бидејќи не постои.
Е сега кога би слушнал некои контраргументи...целава дебата не би била бесмислена,а не вака !
Секако сеа ми текна уште една работа....нетреба вие да се лутите на атеистие...бидејки ако и вие размислите треба да сте атеисти...бидејќи нашата позиција е предодредена..слична како презумпцијата од невиност...Се додека вие не се докаже дека господ постои....додека не пласирате докажи...ние имам право да не веруваме дека не постои!
Позз