Докази?Кажи ми,не ли ти е доволен доказ самиот факт,што постоиш на земјата како живо битие,во кое има дух и душа(инаку не би можел да почувствуваш ниту љубов,среќа,радост,тага...),понатаму,самата природа која е толку совршено изградена,толкав животински свет,толку луѓе на светот,а сепак ниеден од нив,не е ист.Од толку луѓе на светот,замисли,секој е различен физички,а сепак сите се луѓе.Понатаму,замисли го тој организам на секој човек,исполнет со органи,кои му даваат живот.Секој орган е посебен,но не може да работи доколку се поремети функцијата на некој друг.Кога срцето ќе престане да работи,настапува смрт.....колку и другите органи да биле здрави,сепак срцето предизвикало смрт......Зошто,што мислиш,вештачкото езеро никогаш не може да биде поубаво од она природното?Човечката рака не е способна да создаде нешто такво,способна е,но се што создава е вештачко,и никогаш ја нема убавината на природното.Значи,за да постои сета оваа убавина на светот,и за да се функционира толку совршено,мора да биде создадено од Нечија Премудра Десница.Што значи,не станува збор за битие со човечки особини,туку е нешто неземно.Понатаму,еве да кажеме,ти си настанал од мајмунот(што е ваша теорија).Кога би било тоа така,ти нормално дека си еволуционирал,но она мајмунското,и сите особини ќе останат.Ти никогаш не би се претворил во битие,кое во себе носи нешто што не е животинско(имаш чувства).И животните имаат,но нивниот однос,не е како човечкиот.Ти си словесно битие,а ти е се бесловесно(разумно).И сега,при сето ова,зарем не помислуваш дека сепак Некој,што не е човек обичен,те создал?Ова се докази поголеми од се друго.Едноставно кажано,без никакви усложнувања,а сепак вистинито.Исак Њутн цел живот го истражувал космосот,вселената.А сепак,не можел да го открие она што го сака.Незнам дали си слушнал,но тој на крајот на својот живот,дошол до она сознание за кое јас сега ти зборувам-за постоењето на Господовата премудра Десница,која го направила космосот,најсложено нешто,несфатливо за човечкиот ум.Сакам да видам што мислиш ти за ова,но гледај вистинито.Предрасудите нека не те лажат.....