Докажете дека Господ (не) постои

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Постои суд ПОЕДНИЕЧЕН, каде на духот/душата и се суди, после телесната смрт, кога душата ќе добие привремено одредиште. Постои и суд КОНЕЧЕН, по општото воскресение, во времето од второто Христово пришествие, каде Христос ќе и суди и на душата и на телото и тој суд е последен.
Лично, НЕ СУМ ГО ВИДЕЛ судот Христов, но бидејќи ЗНАМ дека тоа ми предстои, морам и да се подготвам за него, да подготвам “материјал“ со кој ќе покажам како и за што сум го потрошил времето од ОВОЈ привремен живот.
Како може било кој од нас да го види судот Божји и да остане жив...
Самата средба со Бога е суд..а во таа состојба кој е праведен...во спореба со Господ...
Затоа и доаѓа судот по смртта...барем онаа природната...
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Да, сум слушнал за Дарвин, но сум читал и тоа дека “типот“ бил побожен. Неговото дело “Потеклото на видовите“ е основа за еволуционистичкото учење. Арно ама! Секогаш постои едно “арно ама“. ЦЕлата таа книга е полна со несигурни ставови и шпекулации од авторот, кои, по принципот “расипан телефон“, НЕКОЈ ги издигнал во НОВА вера, т.е. теорија која НИКОЈ не ја докажал, а како одат работиве, нема ни да ја докаже. Да ја споменам само лакрдијата со т.н. “пилтдаунски човек“, а тоа рачно изработен и “подметнат“ череп од некое, наводно човеколико творение, кое требало да ја глуми “аклата која недостасува“ помеѓу мајмунот и човекот. Обиди се да го замислиш разочарувањето по откритието дека черепот во кој “верувале“ еволуционистичките научници е едена обична измама. Е па, толку за доказите во еволуцијата.
-И шо има врска тоа шо бил побожен?
-Да,науката се заснова на хипотези,претпоставки.Оттаму почнува наогањето на докази и факти.
ЦЕлата таа книга е полна со несигурни ставови и шпекулации од авторот,
-Хахаха,мене ова ме потсетува на една друга книга....:pos2::pos2:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Fabulous: имам избор; можам цел живот да го поминам во подготовка за судниот ден и влез во Царството Небесно, исто како што имам можност цел живот да го поминам во празно и да влезам во огнот. Изборот е секогаш ЛИЧЕН, нема тука никаква принуда врз човечката слободна волја за избор.
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ајдеее...
Сеа прво биле Адам и Ева,а коа запнавме таму,одма се измислуваат и други....
Добро,нека биде така...
Каин ја познал жена му.Имале деца.Понатаму?Одново инцест?
Па за да сфатиш повеќе ќе треба да ја читаш Библијата..ама не како роман од Загор...постои едно цело родословие во кое детално е опишан почетокот на човекот на земјата...ама за тоа треба повеќе време...
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
videte mozebi bog ne postoi no na covekot mu e potrebna verba vo nekoe natprirodno nesto zaradi toa sto covekot go izmislil bog najprvo nemozejki da gi objasni nastanite na prirodata grom , veter ,vinozito i dr . pa podocna toa evoluiralo vo razni religii veruvanja itn
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
“Типот“, Дарвин, бил побожен па според тоа не го исклучувал Божјото постоење и Божјата интервенција во светот. Не е проблемот во барањето докази и факти, туку во нивното погрешно толкување. На тоа погрешно толкување е заснована целата еволуција која под “дифолт“ го негира Божјото постоење и креација.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Можам да ја посочам книгата “Дарвин на суд“, каде авторот Ф. Џонсон наведува докази ПРОТИВ таа нова религија па кој сака ДОКАЗИ, нека повели нека ја прочита. Многу работи после таа книга ќе станат појасни.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да дополнам: „теоријата“ на Црквата не се докажува; таа теорија е ЖИВА, се живее преку личното искуство во побожниот живот и самиот таков живот, личниот опит од животот е доказ за точноста од црковната “теорија“. Во православието НЕМА граница меѓу теоријата и праксата; тие се преплетуват и надополнуват една си друга.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Нема можност за лабораториско докажување на црковните вистини, а уште помалку за црковните догми.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Нема можност за лабораториско докажување на црковните вистини, а уште помалку за црковните догми.
Си се прашал некогаш,зошто е тоа така?
Зошто нема можност за докажување на црковните вистини?
Можеби затоа што некој се плаши дека со такво нешто ке се побијат тие вистини?
Се извинувам за закаснувањето,ми падна нетот:smir:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Едноставно (нели!): во лабораторија можеш да докажеш “вистини“ од материјална, енергетска и и нформациска природа. Тие “вистини“ ТАМУ и ќе останат, каде и настанале. Во физиката веќе постои сомнеж дека т.н. физички закони, кои досега се познати ,МОЖЕБИ се валидни само на оваа планета, а не и на некоја друга.
Вистините од духовно-етичка природа се ДЕЛ од нашето вкупно живеење и искуство и тие САМИ ПО СЕБЕ се доказ кој не подлежи на “лабораторичност“ и проверливотст. Едносатвно тие вистини се ЖИВЕАТ, искуството нив ги докажува. Етичноста е духовна/душевна категорија а не материјална па не подлежи на докажување.
 
R

reactive89

Гостин
Fabullous_178 братче како што гледам ти си заслепен од Дарвин (не зимај при срце!) што сакаш повеќе од материите добиени од луѓе кои го истражувале тој период (кој го истражувале периодот на Исуса)?! Што сакаш повеќе од Библијата која збори за сите тие вистинити настани?!

И сеа мене ми се појави некој си Дарвин, кој мене ми збори дека сум настанал од мајмун... ма дај ти се молам... хахаха, тоа само ме смее до бескрајност, али ај... нека ти е така...

Сепак, ние идеме по наше, ти иди по твое... на крајот како што кажав ќе видиме кој ќе има право на тоа :smir:

Верувањето во било што, си е ЛИЧНО, секој со своја глава се определува на што ќе верува!!!

Тука јас ќе завршам со оној исказ на Исуса, кој пред некој ден сум го пишал;

"... После Mене ќе се појават многу лажни пророци..."
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А црковните догми уште помалку се докажуваат: тие се утврдени на Вселенските Собори, како колективни заклучоци а не како нечии лични одлуки. Догмите се ПРИФАЌААТ така како што се одредени.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Fabullous_178 братче како што гледам ти си заслепен од Дарвин (не зимај при срце!) што сакаш повеќе од материите добиени од луѓе кои го истражувале тој период (кој го истражувале периодот на Исуса)?! Што сакаш повеќе од Библијата која збори за сите тие вистинити настани?!

И сеа мене ми се појави некој си Дарвин, кој мене ми збори дека сум настанал од мајмун... ма дај ти се молам... хахаха, тоа само ме смее до бескрајност, али ај... нека ти е така...
значи ти како вистина го прифаќаш само она што е од пред 2000 години и повеќе а ова што сега се случува...не е битно,нели?
ако е така немаше ни ова да можеш да го напишеш ако не беше напредната технологијава и науките али...секој си има право на свое мислење...можеби халуцинирам...гледам компјутер пред мене...:pos2:
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Во реалното време, кое го живееме, Црквата е таа која во име Христово ги повикува СИТЕ да бидат нејзини членови, т.е. тело, исто како што во Стариот Завет само праведниот Ное и неговото потесно семејство ( и по еден пар животински видови) се спасија во арката а СИТЕ други ( и луѓе и животни) беа сотрени од планетава.

Мики да ти кажам искрено и премногу веруваш,во Бога добро верувај ама во црквата...тоа ти претставува само организација на мафијата,ништо друго зборувам за во денешно време.А и треба да си отворен малку за нови погледи затоа што луѓето се уште да и верувале на црквата(како порано)дека сите планети се вртат околку земјата кажи до кај ќе бевме стигнати денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom