Си одам затоа што те сакам!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Глупости.
Ти го сакаш дека те прави среќна.
Што ќе направиш во оној момент кога ти ќе го сакаш, тој ќе те сака, ама ќе биде несреќен поради нешто кое ти не можеш да го смениш? Ќе го оставиш на мира, да биде среќен и ти ќе ја задржиш несреќата на двајцата, или пак ќе му ја јадеш душата до крајот на вашите животи?

Верата ли? Минатото ли?
Што и да е , ако зборуваш за вистинска љубов, пријателе таа(љубовта) се надминува....
 
Јас како прилично голем себичњак, секоја љубов што не ми била возвратена (во иста мера или воопшто) не ја сметам за љубов. Не би можела да кажам дека е губење време, ама повеќе на тоа ме влече, искрено.:)

Имаме различни сфаќања на тоа што би опфатила љубовта како термин и чувство, затоа.

Ништо страшно.
Барем си искрена и знаеш дека ти е тоа од себични побуди. :)

Но, искрено и од срце ти посакувам барем еднаш во животот да ја почувствуваш. Доаѓа ненајавена, нема да те праша дали сакаш или нејќеш, дали ти се свиѓа или не, ќе те вивне нагоре и ќе почне во глава да ти се врти. И верувај ми дека носи голема среќа, и ќе се изненади човек од тоа колку широк, добар и племенит може да биде. :)
 
Нормално дека би си отишол...џабе сакаш некого ако таа љубов не ти е возвратена,само ќе се мучиш и себе и неа/него
 
Lady напиша:
A зошто го оставам?
Тој дека не ме сака како мене?
Што е проблемот ако го сака, дај молимте поопширно навистина не сваќам:)
Ајде вака..

Постои некој фактор кој не му дозволува да функционира како другите. Вие се сакате да, сето тоа е во ред. Ти си спремна да бидеш со него и свесна си од што се би се откажала. Но тој поради преголемата љубов која ја чувствува кон тебе, поради фактот што е свесен дека на тебе нешто ќе ти недостига, иако ти никогаш нема да го кажеш тоа пред него, тој се откажува од тебе. Тој те остава да се обидеш да бидеш среќна, затоа што знае дека со него нема да го достигнеш тоа ниво на среќа.

мислам дека е појасно или пак грешам:smir:
 
можеби требаше темава да ја ставам во љубов, но сакам повеќе да ја гледаме од оваа другата, психолошката,страната на чувствата.
Насловот кажува се, но еве ќе кажам како е тоа за мене.

До каде може да стигне дарежливоста на љубовта. Може ли да се сака од себеси посилно, толку што кога ќе видиш во неговите очи дека веќе не си ти неговата среќа, ќе си заминеш зашто го сакаш, зашто пред твојата љубов за него доаѓа неговата среќа. Јас едноставно би замолчила и би заминала, знам дека немам сили да се борам,и на љубовта кога е вистинска не и треба борба, и нема ништо поважно за мене од неговата среќа. Како кога можеш да го погледнеш во очи и да кажеш "те сакам, го знаеш тоа, сакам се во тебе јас, од љубовта во твоите очи одамна нема траги, не можам да те принудам на сила да ме сакаш, не сакам да те повредам, ја нема во тебе љубовта. Си одам зашто те сакам од себеси посилно знаеш ти, си одам зашто те разбирам, не си одамна среќен со мене ти. По навика пак кажуваше ти дека се е како порано, но гледам јас во твоите очи од рамнодушност траги."

Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??


hmmm... болдираново , не се сложувам со се што напиша... па и не може во се да имаме исто мислење де :)
зборот ми е... Зашо да мислиш дека немаш сили да се бориш?
па вреди да се проба, за проба пари не се земаат нели:)?
друго, зошто мислиш дека на вистинската љубов не и е потребна борба. Па секаде околу нас има борба. Борба за живот, борба за слобода, среќа, борба за единство, борба за љубов! Исто ми се случи и мене... Согледав дека не ме сака доволно. ВО тој момент секој би се чувстувал како риба на суво, и како секоја рипка која се бори за вода и ќе прета така и јас пробав да се борам за љубовта некое време, е од кога согледав дека друго чаре нема освен да го пуштиш да оди... и го пуштив

значи...
Што би направиле вие тогаш, колку може вашата љубов да биде дарежлива, дури и да боли, може ли да се сака од себеси посилно, можете ли да кажете на вашата љубов, си одам затоа што те сакам ??
да, можам, откако ќе си ги испробам сите сили :)

П.С: да се поправам, јас сеуште живеам со мислата дека некој ден ќе ми се јави. Значи не сум се одкажала 100%. Само се помирив со фактот дека не сум “најмилата“ повеќе. НО. можеби! ... хххххх..... илузија.... не можам да се одкажам 100%, не, можеби ако дојде, ама можеби, нема да прифатам почеток одма, но сум сигурна дека ќе му дадам шанса, бидејќи го сакам.
што друго да се каже освен дека навистина .... Љубовта е тиранин кој нема обзири кон никого:toe:
 
hmmm... болдираново , не се сложувам со се што напиша... па и не може во се да имаме исто мислење де :)
зборот ми е... Зашо да мислиш дека немаш сили да се бориш?
па вреди да се проба, за проба пари не се земаат нели:)?
друго, зошто мислиш дека на вистинската љубов не и е потребна борба. Па секаде околу нас има борба. Борба за живот, борба за слобода, среќа, борба за единство, борба за љубов! Исто ми се случи и мене... Согледав дека не ме сака доволно. ВО тој момент секој би се чувстувал како риба на суво, и како секоја рипка која се бори за вода и ќе прета така и јас пробав да се борам за љубовта некое време, е од кога согледав дека друго чаре нема освен да го пуштиш да оди...

значи...


да, можам, откако ќе си ги испробам сите сили :)

ех, да не може за се да мислиме исто,:smir: го почитувам и твоето мислење, ако сакаш некого важен ти е и се бориш за него, за да е среќен, ама сепак мислам дека ако љубовта е вистинска нема потреба да се бориш, зашто ако дојде моментот во кој ќе почувствуваш дека на љубовта и треба борба и тогаш е моментот да замолчиш и да кажеш "си одам затоа што те сакам" правам разлика помеѓу тоа да му даваш се од тебе секогаш и безусловно да го сакаш и да се грижиш, и борбата.
 
Lady напиша:
A зошто го оставам?
Тој дека не ме сака како мене? Зошто нема да е целозно среќен?
Што е проблемот ако го сакам, дај молимте поопширно навистина не сваќам:)
Луѓе, се работи ли тука за некоја забранета љубов и недозволена од околината?

Lady, не го оставаш, туку го ослободуваш, има голема разлика. Му даваш слобода за да си ја пронајде среќата, бидејќи ти не можеш да му ја донесеш. Тоа не значи дека си престанала да го сакаш или дека го напушташ.

Замисли нешто слично како славеј во кафез. Ослободи го од прангите, за да може повторно да пропее. Можеш да го сакаш и бескрајно, но се' додека го држиш затворен и блиску до себе, нема да му се врати убавината. Поради твојата љубов кон него, ги отвараш портите и му даруваш светлина.

If you love somebody set them free. :)
 
Аххх... "Си одам затоа што те сакам"... Искрено, ова е многу далечно и неприродно за мене. Па луѓе, заборавивте ли дека надежта последна умира? И љубовта умира пред надежта! Кога некого сакам, би направила многу работи за него, би се потрудила да ме засака (иако не е работата да се трудиш за некој да те сака!), ама и доколку не ме засака, пак ќе продолжам да се надевам дека некогаш ќе ме засака. И нема да си отидам, туку ако вистински го сакам ќе бидам таму "to catch him every time he falls"... Ќе го гледам, ќе бидам таму кога ќе му биде најтешко, ќе му бидам рамо за плачење/пијано мување/друштво за тепање досада и слично. Ако вистински сакам, кратките моменти поминати со него ќе ми бидат поважни од долгите часови на страдање без него. И дури и да решам да си одам затоа што го сакам а тој мене не, ќе си отидам "со резерва", ќе имам надеж за нас... Можеби еден ден ќе се сменам... што би било и порационално! :)
 
Прекрасна тема. Вистина е. Си одам затоа што те сакам.
Зошто е тоа така?
Едноставно, поради таа причина што: „Љубовта е кога среќата на другиот те прави апсолутно среќен!“. И, „Само ако својата среќа ја наоѓаш во среќата на оној што го љубиш, можеш да бидеш сигурен дека имаш вистинска љубов.“. Во однос на овие два цитати, би се изјаснила вака:
Секако дека среќата на другиот не подразбира безусловно наше присуство тука. Можеби неговата среќа е независна од нас во голема мера. Тоа пак, не мора да значи дека партнерот не не сака, туку дека едноставно, му недостига нешто повеќе за комплетна среќа. А тоа нешто, ние не можеме (барем моментално) да му го пружиме. Секако, разумот налага да останеме и да се обидеме, меѓутоа, ако е тоа независно од нас, каде е поентата? Јас лично, би отишла кога знам дека не можам да сменам ништо во несреќата на оној кој го сакам. Не затоа што не можам да сменам, туку за да го оставам да се пронајде себеси и она што го прави потполно среќен. За некои луѓе, тоа е љубовта. И доволно им е. За некои, тоа е духовноста и ред други нешта. Единствено е сигурно дека ако човек си ја оствари својата Лична Легенда (Пауло Коелјо) тогаш ќе биде способен да дава безусловна љубов и исто толку да прима. Тогаш, ако ние сме среќни кога нашата љубов е среќна, нема место за дискусија. Со тоа, мислам, се докажува целата суштина на цитатите. Јас верувам во тоа и исто како што јас би се тргнала за да оставам место за пронаоѓање, така сакам и мене да ми се даде тој простор, бидејќи е невозможно да бидеш со некого постојано, а да не си целокупен фактор за неговата среќа. Малце е и себично до некоја точка. Сепак, како што беше кажано во неколку погорни поста, тешка тема е за дискусија, а уште потешко е да се искаже на форум сето она кое истата го опфаќа.
Black Lily
 

tender... направи разлика, јас пробав до таму каде што можам.. но не се одкажав.. се борев колку што ме држеа силите... сега оставам све на судбината... но сепак се надевам...
а Кат рече дека нема потреба да се бориш....( значи сакав да и кажам дека вреди да се проба )
значи сепак различни работи споредуваш...
ја прашав тоа бидејќи ја сватив дека нема потреба да се бори...
а јас се борев... како што кажав колку можев и до каде што гледав светла точка надеж... сега таа надеж и не е толку сјајна но не е умрела :)

ех, да не може за се да мислиме исто,:smir: го почитувам и твоето мислење, ако сакаш некого важен ти е и се бориш за него, за да е среќен, ама сепак мислам дека ако љубовта е вистинска нема потреба да се бориш, зашто ако дојде моментот во кој ќе почувствуваш дека на љубовта и треба борба и тогаш е моментот да замолчиш и да кажеш "си одам затоа што те сакам" правам разлика помеѓу тоа да му даваш се од тебе секогаш и безусловно да го сакаш и да се грижиш, и борбата.


можеби те сфаќам грешно, можеби и ти погрешно ќе ме сфатиш, но мислам дека ( според твојот пост ).. ова болдираново... многу ми асоцира на личност која прерано се одкажува, мислам дека надежта треба секогаш да е тука, на личност која на првата искра несигурност гледа како на ТХЕ ЕНД, крај, што ми наликува на слаб карактер, зошто да не се обиде?... можеби тој филинг дека веќе ја нема взаемната среќа во очите на партнерот е само период на криза ( кој во секоја врска го има ) ... јас само сакам да наведам на тоа дека секој треба да се бори за тоа што го сака, да се биде храбар, затоа што ако се одкажуваме уште на првата пречка на патот кој го одиме, што би постигнале?... ништо не е така мазно, нема врска во која све е розево и нема моменти на слабости,( можеби има но не познавам ) , но сето тоа може да се преброди доколку се обидеме... ако не се успее, е тогаш ќе можам да кажам дека овде веќе опиумот од аморовата стрела ветрее :)
 
LadyD напиша:
можеби те сфаќам грешно, можеби и ти погрешно ќе ме сфатиш, но мислам дека ( според твојот пост ).. ова болдираново... многу ми асоцира на личност која прерано се одкажува, мислам дека надежта треба секогаш да е тука, на личност која на првата искра несигурност гледа како на ТХЕ ЕНД, крај, што ми наликува на слаб карактер, зошто да не се обиде?... можеби тој филинг дека веќе ја нема взаемната среќа во очите на партнерот е само период на криза ( кој во секоја врска го има ) ... јас само сакам да наведам на тоа дека секој треба да се бори за тоа што го сака, да се биде храбар, затоа што ако се одкажуваме уште на првата пречка на патот кој го одиме, што би постигнале?... ништо не е така мазно, нема врска во која све е розево и нема моменти на слабости,( можеби има но не познавам ) , но сето тоа може да се преброди доколку се обидеме... ако не се успее, е тогаш ќе можам да кажам дека овде веќе опиумот од аморовата стрела ветрее :)

можеби не ме сфаќаш, но да, се согласувам со тебе за тоа дека не ќе се откаже човек при првата пречка, но моето мислење беше во насока на тоа конечното, кога не гледаш во неговите очи дека си ти неговата среќа после време, секако дека не може веднаш да ја донесеш одлуката да си заминеш, ќе го направиш тоа само кога си сигурен дека веќе ништо не можеш да промениш, а си се обидел и не си успеал. Знаеш има некои работи кои прават како што велиш ти, човек прерано да се откаже, ама зависи тоа, од начинот на кој чувствува, од она што му се случува.

Ти посакувам со целото срце твојата борба да успее:smir:.
 
Глупости ..... ако го сакаш ќе гледаш по секоја цена да си со него а не да бегаш од него "за да бил среќен" .... барем некоја подобра причина најди од таа :P
 
Јас го подржувам ова.
Го имам доживеано, и ја направив погрешната работа.
И реков НЕ на сопствената интуиција и останав, многу нормално наместо да ослободам загушив и стеснив уште повеќе.
Илузија, сонувачка реалност, тоа е омилениот филм на Рибите.
А можев да прекратам многу, страшно многу болки.

Ако личноста вистински ве сака, ќе поработела малку со вас на онаа бескрајна тага што и се излева од погледот.
Не би дозволила навиката да е костур на врската.
Кај и да е, би се сепнала и би ви стетгнала шамар ако треба, само за да ги ослободи своите чувства и да ја растера болно магливата ситуација.
А можеби и ве сакала.
Но нештата се смениле.
А тоа е нормално, тоа е во ред, си има своја причина и така натаму но па и не мора се да се ископува, за другата страна битно е признанието пред себеси: Сеуште те љубам најдлабоко/Не можам повеќе со тебе.
А потоа да биде искрен со сомневачот.
Не мора ни зборови за сето ова, се чувствува во близок однос, и тогаш во срцето доаѓа мир и спокојство со сопствената болка, ублажува помислата дека и тој наскоро ќе сфати дека ова е патот до среќата.



Знаеш дека секогаш сум била искрена со тебе, затоа биди среќен, кај и да си :smir:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom