Оф, тешка тема, ама многу вистинита. И како и секогаш, луѓето повеќе сакаат да веруваат во лагите, отколку во вистината, бидејќи вистината во овој случај подразбира борба и надвладување на самиот себеси, на своите егоистични и себични потреби.
Да, постои оваа состојба, но ретка е. Тоа е онаа вистинска љубов, безрезервна, кога нема задршки, бариери и страв, целосно предавање на битието (не е потчинување, да не ме разберете погрешно). Кога човек е спремен да оди до крајот на вселената, кога има сила да го преврти наопаку целиот свет, кога е спремен да го даде и сопствениот живот за среќата на другиот.
Не можам да опишам, а не се ни трудам. Да го оградиш таквото доживување во зборови е неможно. Блажени се оние кои ја искусиле ваквата љубов, бидејќи после тоа се менува целиот став и перцепција на она што дотогаш значело "вистински да љубиш".