Си одам затоа што те сакам!

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
Teshki se tie momenti sum pocuvstvuvala slicni momenti, ali ako nekogo sakam i jas da zaminam zasho on ne me saka ne mi se slucilo toa, i ke se potrudam da ne se sluci zasho znam deka e teshko, inaku sum sakala mnogu i sum bila spremna na se bukvalno na se duri i na steta na mojot zivot ali toa e ne za kogo e receno tuku za kogo e peceno.
 
Значи сме ставени во точка на размислување за љубови кои се неможни за нивен опстанок...Спречени од овој или оној фактор...А тоа го дефинираме како за доброто на другиот, и откажување од таа љубов...
Мене тука пак ми фали некој процент за да се нарече истата голема, вистинска, исконска, племенита или како и да ја наречете љубов? Во таквата љубов не постои откажување...

Некои борби се добиваат со тоа што нема да излезеш на бојното поле. Заклучокот донеси си го самата. :)
 
Тоа ми беше и мене целта да го разбудам кај "неверниците" :)
Љубовта е многу моќно и силно чувство. Не можете ни да замислите што се може таа да направи за и од вас. Најголемиот дел од вас го немаат осетено тоа чувство во право светло, во она во кое има најголема смисла. Осигурете се да не отсуствувате наредниот час и слушајте внимателно. И научете.
Според мојата филозофија, вистинска љубов=возвратена љубов.

Еве, со убав пример почна. Јас и ти се сакаме. Имаш ти што имаш, јас вистински ако те сакам тоа нема да го приметувам. Ќе те сакам и покрај се`. Јас почнувам да станувам несреќна, да пропаѓам. Љубовта бледнее. Ти се` уште ме сакаш како првиот ден. Сфаќаш дека не иде, и ме „ослободуваш“.
Чуден ми е крајот на ваквата приказна. Јас као после ќе бидам среќна? Значи не сум те сакала.
Ќе бидам уште понесреќна? Глупава сум била што сум дозволила да се распадне врската.

Не е тоа вистинска љубов.
 
Оф, тешка тема, ама многу вистинита. И како и секогаш, луѓето повеќе сакаат да веруваат во лагите, отколку во вистината, бидејќи вистината во овој случај подразбира борба и надвладување на самиот себеси, на своите егоистични и себични потреби.

Да, постои оваа состојба, но ретка е. Тоа е онаа вистинска љубов, безрезервна, кога нема задршки, бариери и страв, целосно предавање на битието (не е потчинување, да не ме разберете погрешно). Кога човек е спремен да оди до крајот на вселената, кога има сила да го преврти наопаку целиот свет, кога е спремен да го даде и сопствениот живот за среќата на другиот.

Не можам да опишам, а не се ни трудам. Да го оградиш таквото доживување во зборови е неможно. Блажени се оние кои ја искусиле ваквата љубов, бидејќи после тоа се менува целиот став и перцепција на она што дотогаш значело "вистински да љубиш".

токму таа е, вистинската љубов, да чувствуваш дека можеш и животот да го дадеш за неговата среќа, и не се опишува, само се чувствува, и поблажено чувство од тоа не постои за мене. Ретка е навистина, но постои, има луѓе на кои чистотата на срцето им стигнува и до таму, да сакаат безрезервно и без граници, да се предадат целосно, да го подарат срцето така и да не чувствуваат никогаш дека им треба назад, зашто доволно е заштитено и чувано таму каде што е, не му треба повеќе од тоа.
 
Според мојата филозофија, вистинска љубов=возвратена љубов.

Еве, со убав пример почна. Јас и ти се сакаме. Имаш ти што имаш, јас вистински ако те сакам тоа нема да го приметувам. Ќе те сакам и покрај се`. Јас почнувам да станувам несреќна, да пропаѓам. Љубовта бледнее. Ти се` уште ме сакаш како првиот ден. Сфаќаш дека не иде, и ме „ослободуваш“.
Чуден ми е крајот на ваквата приказна. Јас као после ќе бидам среќна? Значи не сум те сакала.
Ќе бидам уште понесреќна? Глупава сум била што сум дозволила да се распадне врската.

Не е тоа вистинска љубов.

Сметам дека љубовта е единственото нешто кое не можеш да го опишеш со букви, со зборови. Или за секое чувство важеше таа девиза?
Кога би можела неколку месеци уназад да се ставиш во моја кожа, најдобро ќе го осетиш тоа. Кога би била некогаш во слична ситуација пак би го сватила. Но ако очекуваш на форум да ме сватиш, џабе ни е нели?
Затоа прекинувам да се убедувам на темава. Не за друго, стварно е тешка за дискусија. Можеме да дискутираме до крајот на светот и назад и пак ти да останеш на твоето мислење а јас на моето искуство.
Моето искуство јас го кажав во првиот пост на темава.
 
Еве, со убав пример почна. Јас и ти се сакаме. Имаш ти што имаш, јас вистински ако те сакам тоа нема да го приметувам. Ќе те сакам и покрај се`. Јас почнувам да станувам несреќна, да пропаѓам. Љубовта бледнее. Ти се` уште ме сакаш како првиот ден. Сфаќаш дека не иде, и ме „ослободуваш“.
Чуден ми е крајот на ваквата приказна. Јас као после ќе бидам среќна? Значи не сум те сакала.

1. Заборави да напомнеш, зошто си станала несреќна, од кои причини?

2. Сама си го даваш одговорот. Цитирам "значи не сум те сакала". И после ова зарем сеуште ќе се прашуваш како ќе бидеш посреќна, со него или без него?

Тој ти ја дава слободата да бидеш среќна со некој друг. Не те малтретира, не ти создава чувство на вина, не те прекорува. Едноставно, ќе те бакне во чело и со насмевка ќе ти посака среќа, и покрај тоа што во градите крв му се лие од болка. А таа негова постапка е вистинска љубов.
 
Значи сме ставени во точка на размислување за љубови кои се неможни за нивен опстанок...Спречени од овој или оној фактор...А тоа го дефинираме како за доброто на другиот, и откажување од таа љубов...
Мене тука пак ми фали некој процент за да се нарече истата голема, вистинска, исконска, племенита или како и да ја наречете љубов? Во таквата љубов не постои откажување...
Lady можеби јас нема да сакам да се откажам од него поради некој фактор, токму поради таа љубов што ја чувствувам.
Но има случаи во кои самиот партнер е свесен дека можеби ќе ти биде подобро без него, без разлика на љубовта која ја чувствувате.

Сепак постојат и такви случаи, кога навистина свесно се откажуваш затоа што ја сакаш и сакаш да биде среќна. Знаеш дека и таа те сака ама со тебе не може ја има таа среќа која би ја имала без тебе. Тажно навистина, да знаеш дека љубиш а да не можеш да бидеш среќен со таа личност која ја љубиш.
 
E па ако ја прави мојата љубов посреќна друга личност, значи тоа е моја и само моја илузија....Значи јас си создавам некоја илузија во мојата глава дека се работи за нешто вистинско?
 
Две грешки имаш во размислувањето околу љубовта.
1. Не е илузија.
2. Не се создава во главата, туку се чувствува во душата.

Кога ќе се разбере дека единствена љубов која ја поседуваме е онаа која ние самите ја даваме на другите, тогаш срцето е целосно широко и отворено вистински да љуби. Се' друго е егоизам и себичност.
 
1. Заборави да напомнеш, зошто си станала несреќна, од кои причини?

2. Сама си го даваш одговорот. Цитирам "значи не сум те сакала". И после ова зарем сеуште ќе се прашуваш како ќе бидеш посреќна, со него или без него?

Тој ти ја дава слободата да бидеш среќна со некој друг. Не те малтретира, не ти создава чувство на вина, не те прекорува. Едноставно, ќе те бакне во чело и со насмевка ќе ти посака среќа, и покрај тоа што во градите крв му се лие од болка. А таа негова постапка е вистинска љубов.

баш таа постапка е вистинска љубов, едноставно не е важна болката во тебе, може и до смрт да боли, но ако е другиот среќен пак таа болка нема да значи ништо, кога сакаш вистински чувствуваш дека можеш и последната капка крв да ја дадеш за него, за да го гледаш среќен секогаш да го дадеш и животот дури, и да боли, и болката да те убива од внатре ќе поминеш низ тоа, зашто знаеш, барем малку си му помогнала да е среќен со тоа што го пушти да оди.
 
Две грешки имаш во размислувањето околу љубовта.
1. Не е илузија.
2. Не се создава во главата, туку се чувствува во душата.

Кога ќе се разбере дека единствена љубов која ја поседуваме е онаа која ние самите ја даваме на другите, тогаш срцето е целосно широко и отворено вистински да љуби. Се' друго е егоизам и себичност.
Јас како прилично голем себичњак, секоја љубов што не ми била возвратена (во иста мера или воопшто) не ја сметам за љубов. Не би можела да кажам дека е губење време, ама повеќе на тоа ме влече, искрено.:)

Имаме различни сфаќања на тоа што би опфатила љубовта како термин и чувство, затоа.
 
E па ако ја прави мојата љубов посреќна друга личност, значи тоа е моја и само моја илузија....Значи јас си создавам некоја илузија во мојата глава дека се работи за нешто вистинско?
Не си создаваш илузија дека се работи за нешто вистинско. Тоа е вистинско.
Поради преголемата љубов која ја чувтвуваш и поради фактот дека си свесен дека таа секогаш ќе биде нецелосно среќна, на моменти дури и тажна, ја оставаш. Ја оставаш поради несебичноста која се создава кога се раѓа љубовта.
 
Две грешки имаш во размислувањето околу љубовта.
1. Не е илузија.
2. Не се создава во главата, туку се чувствува во душата.

Кога ќе се разбере дека единствена љубов која ја поседуваме е онаа која ние самите ја даваме на другите, тогаш срцето е целосно широко и отворено вистински да љуби. Се' друго е егоизам и себичност.

Ok, сега те разбрав:)
Toj додека е среќен со неговата љубов, јас ќе бидам среќна за него, оти тој е среќен....
Важно јас да си го сакам:)

Не си создаваш илузија дека се работи за нешто вистинско. Тоа е вистинско.
Поради преголемата љубов која ја чувтвуваш и поради фактот дека си свесен дека таа секогаш ќе биде нецелосно среќна, на моменти дури и тажна, ја оставаш. Ја оставаш поради несебичноста која се создава кога се раѓа љубовта.

A зошто го оставам?
Тој дека не ме сака како мене? Зошто нема да е целозно среќен?
Што е проблемот ако го сакам, дај молимте поопширно навистина не сваќам:)
Луѓе, се работи ли тука за некоја забранета љубов и недозволена од околината?
 
Ok, сега те разбрав:)
Toj додека е среќен со неговата љубов, јас ќе бидам среќна за него, оти тој е среќен....
Важно јас да си го сакам:)
Глупости.
Ти го сакаш дека те прави среќна.
Што ќе направиш во оној момент кога ти ќе го сакаш, тој ќе те сака, ама ќе биде несреќен поради нешто кое ти не можеш да го смениш? Ќе го оставиш на мира, да биде среќен и ти ќе ја задржиш несреќата на двајцата, или пак ќе му ја јадеш душата до крајот на вашите животи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom