21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Крај на светот за 3 месеци!? :ija:

Многу луѓе се трудат да ја потиснат мислата за крајот на светот, со надеж дека судниот ден, ако некогаш се случи, барем нема да биде наскоро.
Група христијани од Окланд (Калифорнија) кои себеси се нарекуваат „Фемили редио министри“, веруваат дека датумот многу се приближил, т.е. попрецизно, дека крајот на светот ќе настапи на 21 мај оваа година.

Според предвидувањата на оваа верска група, тој ден ќе се случи голем земјотрес кој ќе го уништи светот, а мртви ќе лежат на секаде наоколу. Тие кои веруваат во Исус Христос ќе бидат на небото, додека остатокот на човештвото ќе доживее 153 дена на „смрт и ужас“ пред да настапи конечниот крај на светот на 21 октомври 2011 година.

Оваа група на чело со Херолд Кемпинг (89), тврди дека нејзините тези се темелат на дешифрирањето на код содржан во Библијата, кој е „апсолутно вистинит“.

Во цврстото верување не може да ги поколеба ни фактот дека Кемпинг еднаш погрешно го прогнозираше крајот на светот – за 4 септември 1994 година. Тој самиот тоа го образложува со „грешка во броењето“, при дешифрирањето на библискиот код и тврди дека овој пат таква грешка е исклучена.

Според тоа што стои на интернет страната на Црквата, дека прогнозата за судниот ден ќе биде токму на 21 мај 2011 година, постојат два главни докази. Еден од нив е Ноевиот голем потоп кој бил во 4990 година пред нашата ера, пред точно 7.000 години. Во тоа време Господ му рекол на Ное дека до почетокот на потопот има уште седум дена, а според други цитати од Библијата, еден Божји ден е 1.000 човечки години, врз чиј основа Црквата заклучува дека седум дена значат 7.000 човечки години, до почетокот на следниот потоп, што значи дека годината на апокалипсата е токму 2011.

Втор доказ според нив претставува утврдувањето на датумот од денот на Христовото распнување – 1 април 33 година во нашата ера. Според тоа броење од 1 април 33 година до 21 мај 2011 година има точно 722.500 дена, а тој број може да се претпостави како 5х10х7х17х5х10х17 = 722.500, при што овие броеви имаат специјално значење: бројот пет означува искупување, бројот 10 довршување, а бројот 17 значи небо.

Тие ја виделе пропаста на нашата планета

- Нострадамус, француски пророк од 16 век, ја предвидел појавата на нацизмот и подемот Хитлер, големиот пожар во Лондон, смртта на принцезата Дајана, па дури и терористичкиот напад на Америка на 11 септември 2001 година.

- Албер Порта, американски метеоролог, предвидел дека во 1919 година планетите на Сончевиот систем ќе се наредат така што Сонцето ќе експлодира и целосно ќе ја уништи Земјата.

- Вирусот Y2К е компјутерски вирус за кој се зборуваше дека на преминот од 1999 во 2000 година ќе ги зарази сите компјутери во светот и ќе доведе од распад на цивилизацијата.

- Заговорниците за крај на светот своите тези ги темелат на верувањето на Маите, чиј соларен календар завршува на 21 декември 2012 година, кога ќе следи „шестото доба“ или судниот ден.

- Милош и Митар Тарабиќ од Кремна најавија дека во 2012 година ќе настапи судниот ден, кога лажен Исус Христос ќе се симне на Земјата и ќе донесе пекол.

- Астероидот „Апофис“, тежок околу 270 милиони тони, може да се судри со Земјата во 2036 година и да предизвика хаос на планетата и смрт на милиони луѓе.

- Баба Ванга, бугарска исцелителка, предвидувала настани се до 3793 година, вклучувајќи и Трета светска војна во 2010 година, која на крајот ќе го уништи човештвото.

ако ова е вистина леле мајко :ija::ija::ija:

молам некој кој се разбира нека протолкува ова, барем да не утеши :(
 
молам некој кој се разбира нека протолкува ова, барем да не утеши :(

Без паника, ваквите тврдења се неосновани, единствената цел е да привлечат внимание.
 
Мн работи од горенаведените дека биле предвидени не се десиле
не се плаши од глупости,ако вака се предвидуваше крај на свет до сега сите ќе го предвидевме дајте уживајте и не читајте вакви глупости
 
http://www.atlanteanconspiracy.com/2011/03/japan-tsunami-caused-by-haarp.html

Вреди да се прочита. Поврзано со тоа што се случи во Јапонија. HAARP e американската машина за контролирање на времето.
Не бидете ненормални.ХААРП служи за комуникација и разоткривање проектили.А некој паметен кој сака да си печали пари на глупави луѓе ќе пушти било каква теорија на заговор и ќе си се наполни како брод.
 
Треба да го гледаш документарецот на Jesse Ventura.
 
Некој ќе се збогати од документарците, пак.
Колку лековерна маса само, да се верувало дека некој контролира се`, бе. И мојте фартови се контролирани.

--- надополнето ---

Треба да го гледаш документарецот на Jesse Ventura.
Гледај, машко. Само гледај.
 
Луѓе дајте не ме зезајте крајот на светот го зборат откоа знам за себе верувам и откоа вие знаете за себе само шо го пролонгираат на некоја година,зависи од настаните наоколу еве овој пат полудеа малку околу земјотресот у јапонија па го приближија,не ме зезајте дека уште се чудите за ова и уште се прашувате далу судниот ден доага

ЕПА НЕ ДОАГА!
По ѓаволите
 
Треба да го гледаш документарецот на Jesse Ventura.
Види.Не е можно со денешната технологија да се контролира времето и не е можно со денешната технологија да се прават земјотреси.Сите тие документарци се за печалење пари.
 
Види.Не е можно со денешната технологија да се контролира времето и не е можно со денешната технологија да се прават земјотреси.Сите тие документарци се за печалење пари.

Дај му шанса. Симни го документарецот за HAARP. После сакаш верувај, сакаш не. Тоа до тебе зависи. Само не суди пред да се запознаеш подобро со проблемот.
 
Дај му шанса. Симни го документарецот за HAARP. После сакаш верувај, сакаш не. Тоа до тебе зависи. Само не суди пред да се запознаеш подобро со проблемот.
ХААРП служи за комуникација и детектирање проектили.И за ништо друго.Не се малоумни американците да си го откријат најмоќното оружје.
 
Не бидете ненормални.ХААРП служи за комуникација и разоткривање проектили.А некој паметен кој сака да си печали пари на глупави луѓе ќе пушти било каква теорија на заговор и ќе си се наполни како брод.

Е ајде де.

Незнам што ви е толку фетиш да си фантазирате за крај на свет,временски машини што предизвикуваат земјотреси и слично ама лошо е да живееш во заблуда.
 
Види.Не е можно со денешната технологија да се контролира времето и не е можно со денешната технологија да се прават земјотреси.Сите тие документарци се за печалење пари.
Не дека тврдам дека ХААРП е крив за земјотресов у Јапонија....ама за која технологија ти зборуваш ?
Aко ништо повеќе барем 50 години најдобрите научници работат у црни проекти, за која технологија зборуваш тогаш.
 
А за што зборуваш ти?Моментално не сум во форма да дешифрирам кодирани пораки.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom