21.12.2012 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тоа со компјутерите беше друго, "не можеа да сфатат дека почнува нов милениум" па ги репрограмираа. Нешто сложено.
Не те разбрав, кој не можел да сфати?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Милениумска бубачка - ти текнува?
Компјутерите не можеле да "сфатат" во кој милениум влегуваме.
Оу да, да. Сега ми текна. Колку што разбрав тоа важеше само за банкарските компјутери. Или бар така слушнав. Али навистина глупав мит :P. Сериозно.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Замислете ние треба да влеземе во Европска Унија во 2013, а во 2012 - крај на светот :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:. Ц ц ц ц ц, каква иронија е оваа наша држава.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
НАСА тргна во разоткривање на митовите за апокалипса во 2012 година

ВАШИНГТОН - На светот не му се заканува крај на 21декември 2012 година, посочи во понеделникот американската вселенска агенција во една од ретките кампањи за уривање на се' пораспространетите гласини разгорени од Интернет и новиот холивудски филм. Последниот филм од „Сони пикчер“, „2012“, од петок ќе се прикажува во кино-салите и е со продукција од 200 милиони долари, а во него станува збор за крајот на светот наводно базиран врз митовите поддржани од календарот на Маите.

Сценариото за крајот на светот се развива околу тврдењата дека судниот ден ќе дојде кога непозната Планета „Х“ или Нибиру се упатува или се судира со Земјата. Мистериозната планета наводно била откриена со Сумеријците, според тврдењата на лажни научници, ентузијасти за паранормални активности и интернет-теоретичари.

На некои веб-сајтови се обвинува НАСА за криење на вистината за постоењето на планетата, меѓутоа, американската вселенска агенција ги отфрла таквите стории како „интернет подметнувања“. „Нема реална основа за овие тврдења“, посочува НАСА на нејзиниот веб-сајт. Ако беше реалност да дојде до таков судир „астрономите ќе го следеа случајот барем во последнава деценија и тоа досега ќе беше видливо со голо око“, се додава на страницата. „Очигледно такво нешто не постои. Истакнати научници од целиот свет немаат информации за каква било закана што би се поврзала со 2012 година“, пишува на веб-сајтот. На крајот на краиштата, „нашата планета добро се снаоѓа повеќе од четири милијарди години“, додава НАСА.

Постои друга планета, Ерис, која кружи во вселената. Меѓутоа, малата планета слична на Плутон безбедно ќе опстојува во надворешниот соларен систем и не може да дојде поблизу од 6,4 милијарди километри до Земјата, според информациите што ги обезбедува НАСА.

Голем број интернет-портали и книги се занимаваат со темата за наводна пропаст, вклучувајќи ги и „Апокалипса 2012“ и „Како да се преживее 2012“. Првичните теории посочија дека катастрофата би се случила во мај 2003 година, меѓутоа, кога ништо не се случи, датумот беше поместен за зимската рамноденица во 2012 година за да коинцидира со крајот на циклусот од календарот на античките Маи. НАСА инсистира на тоа дека календарот на Маите, всушност, не завршува на 21 декември 2012 година, бидејќи почнува друг период веднаш по него. Уште се наведува дека нема планетарни израмнувања на хоризонтот во следните неколку децении. Па дури и ако дојде до порамнување на планетите, како што предвидуваат некои, ефектот врз нашата планета би бил „занемарлив“ посочува НАСА.

Меѓу другите теории што НАСА почна да ги разоткрива е и онаа за геомагнетските бури, промена на половите или непостојаност на плочите на Земјината кора што би можеле да ја погодат планетава. На пример, во некои митови се тврди дека ротацијата на Земјата и магнетскиот поларитет се поврзани и дека доаѓа до магнетска промена на секои 400.000 години. „Колку што знаеме, таквата магнетска промена не предизвикува никаква штета на животот на Земјата“, а промена на патеката на Земјата е „невозможно“, убедува НАСА, додавајќи дека магнетската промена е „многу веројатно“ да се случи во следните неколку милениуми.

Иако комети и астероиди отсекогаш ја погодувале Земјата, „големи удари се ретка појава“, забележува НАСА. Последниот голем удар се верува дека се случил пред 65 милиони години стимулирајќи го изумирањето на диносаурусите. „Веќе утврдивме дека не постојат астероиди кои претставуваат закана, со онаа големина што ги уби диносаурусите“, соопштуваат од вселенската агенција. (АФП)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C73767EC0EFEF34F9EC419BF5B7186B1
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Нели Маите исчезнале пред 15 века?
Од каде потомци?
Немаат исчезнато per say. Но нивните потомци денес се спој од разни култури. Не се чисто Маи.

Не Нибуру не изгрева од западната страна на Нептун
Јас ти викам што е кажано во митовите. Не вадам од глава работи.

туку тој е дел од друг систем кој нема врска со нашиотно во 2012 се очекува (наводно) да се "пресече" со нашиот Сончев систем и притоа да помини во близина на нашата планета. Тој систем доаѓа од насока на јужната хемисфера (скоро нормален на рамнината на планетите).
Да ако беше во близина на некоја планета (Нептун пр.) ќе имаше ефекти на гравитацијата.
Ќе може да ми кажеш од каде ја доби таа информација? Ако може?

Дека доаѓа од систем кој се наоѓа во вселената гледана од јужнат ахемисфера, и дека треба да е на траекторија со поминување накај Земјата.

Тој Маршалов закон што го велиш се употребува и сега само потајно, па не за време на кризи.
Инаку тој "закон" е многу корисен иако има лоша репутавија (фашистичка)
На кој начин е корисен? И да е, не се користи за добро, туку за лошо.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ја пратите темава пред да акнете линк кој го има на претходната.... претходните страници или само постирате автоматски?


*се однесува на сите, кој пастираат текстови за маите на пример.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
... На 23 Март 1994 година чуден вид на енергија и електро-магнетни бранови почнаа да се емитуваат од "Централната Црна Дупка". Има физичари и астрономи кои ова го потврдуваат, но одбиваат да го гледаат на било кој друг начин освен како "космичка аномалија". Самите Маи зборувале за време каде Земјата ќе помине низ "темниот расцеп" и ќе влезе во нова ера на постоење. Дали ова навистина ќе се случи не се знае, но енергијата за која многу Индиго Деца пред 90тите години предвидуваа, сега е присутна во Млечниот Пат.
Гледам доста членови тука ме рачунаат за некој со дива имагинација или како некој кој лупа работи без врска и измислува, но и јас како што ветив, дека ако најдам нешто што ќе ги потврди моите "луди" теории ќе го постирам, еве ви некој кој се согласува со мојата теорија.



Ова е др. Пол Лавијолет (Dr Paul LaViolette). Научник, експерт од областа на астрономија и физика, чии родители, доста интересно, биле дел од познатиот Manhattan Project.

Човеков има брилијантен ум, има поставено тепих за еден нов правец во науките, преку неговата нова теорија на материјата, која тој ја нарекува СубквантнаКинетика, базирана по основата на системските теории.




Хемиски бранови слични како Белусов-Заботински реакцијата (прикажано горе), кои даваат важен увид на тоа како материјата и квантната енергија произлегуваат од Етерот.

*Етерот како термин, и како дефиниција до пред нецела деценија беше исмеван од научните кругови, поради својата популарност во Метафизиката. Денес, е едната од клучните мистерии со кои аматери научници се занимаваат.

Има интересно интервју со др. Пол во кое тој открива некои работи и за анти-гравитација. Вредно за гледање.

Има формулирано хипотеза во 1983 година дека Галактичкиот Центар емитира енергетски празнења кои тој ги нарекува Супербранови.




Артистичка репрезентација како тој Супербран би изгледал, под услов фатен со соодветна опрема.

Според неговата теорија овие бранови содржат повеќе типови на честици и енергии во себе и чие емитирање може да трае дури илјадници години. Според неговите истражувања, последниот пат кога ваков бран поминал крај Земјата било пред околу 12.000 до 16.000 годнини п.н.е. и предизвикале
сериозни климатски промени.

Како и да е, иако е долго интервју, сепак погледнете, се начнуваат повеќе интересни теми во текот на целосното времетраење:



PS: Внимавајте на линковите. Во случај од повеќе зборови имам внесено различен линк во секој збор, да посочам повеќе извори на информации за разгледувачите на темава да ги посетат. Проверете дали е еден линк или повеќе пред да кликнете.

@ Apokalipto, те молам не го бриши ова, поврзано е до некаде со 2012, ок?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Немаат исчезнато per say. Но нивните потомци денес се спој од разни култури. Не се чисто Маи.
Маите како цивилизација се исчезнати долго пред да пристигнат Шпанците на новиот континент, т.е. нема трага од нив.

Ќе може да ми кажеш од каде ја доби таа информација? Ако може?

Дека доаѓа од систем кој се наоѓа во вселената гледана од јужнат ахемисфера, и дека треба да е на траекторија со поминување накај Земјата.
Тоа е според теоријата дека Нибиру кружи околу неутронска ѕвезда.

На кој начин е корисен? И да е, не се користи за добро, туку за лошо.
На лош, секако, но многу корисен начин.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Маите како цивилизација се исчезнати долго пред да пристигнат Шпанците на новиот континент, т.е. нема трага од нив.


Има и денес мајанци. Не се чисти мајанци во генетски рамки ама го поседуваат истото знаење и до тогаш. Барем докажано со толкувањето на календарот и познавањето на истиот јазик.

Тоа е според теоријата дека Нибиру кружи околу неутронска ѕвезда.
Би можел да ми дадеш линк, да прочитам? Ако можеш мислам.

На лош, секако, но многу корисен начин.
Ќе може да елаборираш што мислеше со корисен? Те молам?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај завршете разговор на мсн или на ПП па постирајте нешто тука - конкретно.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825


Има и денес мајанци. Не се чисти мајанци во генетски рамки ама го поседуваат истото знаење и до тогаш. Барем докажано со толкувањето на календарот и познавањето на истиот јазик.
Па овие се "обични" жители на Еквадор или Колумбија.
Не ми е јасно како Маите може да имаат потомци кога се исчезнати долго пред Шпанците да дојдат во нивната земја?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom