Интересно детално упатство не е за XP но се конта и така како што е напишано.
Ако се веќе трите компјутери поврзани на свичот:
- едниот од компјутерите е рутер
- има поврзано 4 уред кој е гејтвеј, рутер или модем
- свичот е всушност рутер
Како и да е ... уредот кој ја носи интернет конекцијата е примарен за конфигурација, и се треба да се прилагоди кон него. Можно е да доделува динамички IP адреси но не мора, пошто е мала мрежа не е страшно и рачно да се конфигурирани.
Еве предлог за распоред на адреси и други сетирања:
- рутер: 192.168.1.1
- РС1: 192.168.1.2
- РС2: 192.168.1.3
- РС3: 192.168.1.4
- Subnet маска (сите мрежни уреди): 255.255.255.0
- Gateway (сите освен рутерот): 192.168.1.1
- DNS (сите освен рутерот): 192.168.1.1 (тука може и надворешни DNS-и од интернет провајдерот)
- Workgroup (сите PC-ја во ист) ... pr.: DOMA
Вака сетирани ќе може да се повикуваат директно по име или по IP доколку истото не е забрането на firewall-ите инсталирани на нив (може и експлицитно да се дозволи целосен пристап за дефинираните локални адреси). Сепак ако се позади рутер (значи ако не прави секој засебна интернет конекција преку модем) нема да е страшно и да се отворат тотално за локалната мрежа или целосно да се угаси firewall-от.
За делење на датотеки во мрежа на секој компјутер на фолдерот кој сакаш да го споделиш десен клик > properties > sharing > enable
За играње во мрежа запомни ги IP адресите пошто најчесто по IP адреси се повикуваат а не по име на компјутер (на мрежниот адаптер десен клик > status > support > IP)
Се уморив, ако ова не ти е доволно нека продолжи google