Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Ај те молам ако има нешто пиши, во случај да потфрли мојот извор.Ги објавуваат, ама после цел месец обично. Туку, хартиено ги ставаат на КТИ таблата до лабораторијата по електротехника или? Може ќе поминам после да проверам да не ставиле таму.
Не сум од Скопје, а не би сакал да испуштам увид. Однапред благодарам.
Ха, знаев дека ќе се налутите... нема врска...Инаку со ИНФО си Дипломиран Инженер по Информатика, а не програмер.:smir:
До кога бе со стариве информации? Од каде тоа дека со ИНФО си само програмер? А? Од пред 6 и пол години информација кога ти си се запишувал?
Што к*р ако вие научите Омов закон кога никаде нема да ви треба? Пак ќе работиш и со ИКИ и со ИНФО, ќе работиш софтвер. И те молам немој со такви малограѓански размислувања ИНФО да го споредуваш со КУРС, кога и со инфо стануваш дипломиран инженер, и плус на инфо скоро сите од предметите се од ИКИ со исклучок на тотално непотребните предмети кои за ништо нема да ти користат во животот.
А за просеков не те сфатив. Ако имаш над 6 просек те вработуваат? Ваков лапсуз немам видено. 6ка е најслабата оценка, така да и најслабиот студент има 6 просек.... Под 6ка неможе да има. И не се секирај, знам доста студенти со просек 7-8 па си седат дома без работа.
Денес поинаку функционираат работите а верувам знаеш и самиот. Ако не те внесат во некоја фирма со препорака, тешко дека ќе најдеш работа. А кога сме кај просекот, треба да си скоро се со 10ки и да се двоиш од другите, па професорот да те земе кај него во фирма или да те препорача кај некој. 6 и нешто е најдолен просек, така да не им давај лажна надеш на новите студенти....
Никогаш не го напишав тоа. Не реков дека со ИНФО си САМО програмер. И под „курсеви“ во никој случај не мислев на ИНФО. Многу јасно дека и на ИНФО не се учи само програмирање, има повеќе предмети кои заедно ги слушаме... ќе видиш сега од септември.
А за тоа дали учиме непотребни работи или не, мислам дека пишував веќе еднаш на темава и не сакам да се повторувам...
А за просекот... има многу души кои едвај, ама буквално едвај заминуваат, па на крај имаат просек од 6 кома нешто. Верувај, не се малце... немаат сите како тебе 9,8 просек. :smir: