Абре луѓе, што толку сте се испоплашиле од кој професор каков е? Единствен директен контакт што ќе го имате со нив (покрај предавањата, кој што не се важи баш како директен) е или ако го прашувате за некоја информација или за потпис (а и ова не е секогаш). Вашата оцена најмногу зависи од самите вие, не е ова средно па професорот ме мрази или многу строго оценува. Тука условот е секогаш околу 50-60% од вкупните бодови за испитот да биде положен, со тоа што некои предмети (пример математика 1 и 2) некогаш го снижуваат и до 40%. Околу како тој предава, скоро сите се досадни ако планирате да ги слушате по 5-7 саати во ден. Предавањата се каде каде по напорни него ли во средно, така да припремајте челични живци ако планирате на сите да седите.
Околу претходна подготовка, математичките гимназии (пример Корчагин) имаат поголема предност за разлика од електротехничките средни училишта. За жал, иако факултетов се води како електротехнички и за информациски технологии, главното нешто од што ќе ви зависи успехот е математика.
Околу тежина на факултетов, би го споредил со Кореанско MMORPG, само тие што гриндаат дено-ноќно или тие што се гзлари фаќаат испити лесно, за тие што планираат со помош на нивната интелигенција да ги положуваат, се лажат. Како што спомнав погоре, математика е главниот предмет, т.е. сите предмети се математика. Иако не се викаат така, главните проблеми на кои ќе заглавувате на колоквиуми/испити се математички (во 90% од случаите).
Ако планирате да бркате високи оцени, или едноставно да ги фаќате сите испити на време тогаш бидете редовни, не пропуштајте ниедни аудиториски вежби, за предавањата може ама и не мора да се биде редовен (зависи од предметот), идете на консултации кај асистентите, прашувајте ги за нејасни задачи, земајте ги материјалите на време и не губете време. Прва година има изразито голем материјал за учење. Друга важна особина која треба да ја применувате е ass-licking и типично лицемерие кон вашите колеги, со други зборови кажано познавајте некој што знае многу и често прашувајте го да ви објаснува како се решаваат задачи, тој ви е life saver на факултетов. Ако не планирате да ги идете сите предавања/аудиториски, пример ако имате ADD (не го знам Македонскиот израз) или ве заболе за редовност, тогаш најважно е да имате агенти (редовни студенти, да имате нивен мобилен број, MSN контакт итн.), но не се потпирајте само на еден, можно е да ве поебе само еден извор на информации. Агентите ќе ви бидат потребни за многу работи, пример да ве известува за тестови, домашни и слично или да ви дава да фотокопирате тетратка со предавања/аудиториски.
Околу наоѓање материјали прва година и не е многу тешко, проблемот почнува од трет семестар. Сајтови, портали, yahoo групи, библиотеки, фотокопирници, тетратки, контењери и многу други извори ќе ви бидат потребни за асално да најдете се што ви треба. Често се случува, пример за некој предмет да се објават резултати од испит само на портал, а да не закачи на табло на факултет или обратно. А да, да не ја забораваме нивната навика за later that night announcement. Пример да ве известат преку меил за промена во лабораториски вежби во 8 сабајле, а вежбите да се одржат во 10, или пак да ве известат во 22 ноќе, за нешто што треба да се изврши во 8 сабајле наредниот ден.