Гарантирам дека не си во право: Еве...
http://rechnik.on.net.mk/ оди на лексикон, и напиши: срам, потоа напиши ресторан.
А на крај, за тоа членувањето на зборовите (телефоно
т),еве што пишува во македонската граматика:
Членот во македонскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката.
- Членот -ов, -ва, во итн. служи за укажување на предмети блиски до говорителот: човеков (овој овде)
- Членот -он итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите чула: човекон (оној онаму)
- Членот -от итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: на ти ја книгава (оваа до мене), дај ми ја книгана (онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана); и од друга страна: дај ми ја книгата (таа што е до тебе, таа што ја држиш) (членот -от изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице)
Пролетта, одделение, сообраќај се пишуваат, но и се читаат со 2
т, односно 2
д или
о. Сигурно не велиш пролета (друго значење), оделение или собраќај...