Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Мислев сега дека ќе биде концертот во Србија, али прочитав дека после издавањето на албумот, значи некаде на пролет, одлично. И кај нас би требало концерт идната година да има, по издавањето и на новиот албум.
Инаку Каролина и Наташа Беквалац кои досега важеа за одлични блиски другарки, отсега ете и заедно во продукција во Србија, па нема да ме чуди и дует меѓу девојките да има, двете се извонредно атрактивни и популарни.
Денес на ПИНК даваа дел од таа прес конференција, на која беа и дечките од ОТ Бенд со кои деновиве ќе го снима спотот за Заборави.
Инаку спотот за КРАЈ се врти само во Србија, кај нас НЕ - која е оваа политика на Авалон, не знам???

Видете ја последната слика од прилогот на страната на Свет, Каролина тера нова мода:smir:
 
Мислам дека изгледаше најдобро со црна коса... но и вака изгледa супер.
 
Аууу колку изгледа остарено :црвен:


П.С. Додека не ја видов последната слика мислев дека само јас сум женско со пераи од стапала, ако и е навистина толку големо стапалото.
 
OMG:pos2::pos2::pos2:После се можно искриткикувано и изнакажано, дојде на ред и стапалото на Каролина.
Со ваков изглед, Каролина е права млада дама
 
Се согласувам со swbabе, и мене најубава ми беше Каролина со црна коса, ама и вака е топ!!! Како и секогаш, со секој нов албум се појавува со нов имиџ. :zver:
 
Ма не ја сакам воопшто,каква станала леле убиј Боже,анорексична.
Има само една песна ми се свиѓа од неа,тоа е онаа „Знаеш колку вредам“.
Има некако многу ладнокрвен пристап кон публиката и затоа еден ден ќе ги изгуби сите свои фанови,кои што веќе не верувам дека се во голем број.:toe:
 
Од Дијаманте почнав се повеке да ја мразам Каролина и да ја сметам само за женски предмет...... а пред тоа ми беше многу мила:toe:
 
Во четврток Каролина ќе го снима својот нов спот за заедничката песна со момците од ОТбенд "Заборави",спотот ќе биде во режија на познатиот белградски режисер Зли со кој Каролина го снимаше спотот за "Срешчемо се опет" пред 6години.
Инаку покрај ова Каролина доби понуда да глуми во новата српска серија "Жените од Дедиње".
 
Каролина - нова очајна домаќинка?

ПОП ЅВЕЗДАТА ПОТПИША ДОГОВОР СО ПРОДУЦЕНТСКАТА КУЌА "ЕМОУШН"
Каролина ќе глуми во српска ТВ-серија


Каролина Гочева ќе ја има својата прва актерска улога во серијата "Жените од Дедиње", која ќе ја работи познатата српска продуцентска куќа "Емоушн". На поп-ѕвездата и е понудена интересна улога во приказната која ќе го следи животот на четири жени кои живеат во високото белградско општество. Серијата е комбинација на драма, романса и комедија и ќе наликува на популарните американски серии "Сексот и градот" и "Очајни домаќинки".
Минатата недела, Каролина и "Авалон" продукција потпишаа договор со продуцентската куќа "Емоушн" за соработка на српскиот пазар околу следните проекти на пејачката. "Емоушн" преку својата продуцентска куќа "Мелоди мјузик", ќе биде одговорен за издавањето на новиот албум на Каролина во Србија. Концертната агенција "Шоу мастер", која е, исто така, во сопственост на "Емоушн", во копродукција со "Авалон" ќе се грижи за концертите на Каролина во Србија во наредните 2 години. Во центарот "Сава", својот прв концерт поп-ѕвездата ќе го одржи во 2010 година. За српската јавност, тимот на Каролина одржа прес-конференција во управната зграда на деловниот центар Ушќе во Белград минатата недела.
В четврток ќе се снима спот за песната "Заборави", која Каролина ја испеа во дует со членовите на "Операција триумф" бендот. Спотот ќе го режира Зли, кој соработуваше со Каролина во песната "Ќе се сретнеме повторно" (Срешќемо се опет).
"Емоушн" во јавноста е позната како продуцент на проектите "Сe за љубов", "Операција триумф", "Големиот брат", "Менувам жена" "48 часа свадба"...

 
Еј баш кул изглед има :)
Ептен модерно, браво.
Мада мене речиси секогаш ми се допаѓа облекувањето на Каролина и јас си ја почитувам Цаци сепак :)
Не ми се допаѓаше само во оној црн комбинизон со голем каиш, летово што настапуваше на некој фестивал српски. Зашто ужасно анорексично изгледаше во него.
Во оваа поширока облека т.е сако кои се ептен модерни периодов изгледа супер. Иако не отстапувам од тоа дека и фали некое килце.
А среќа спотот не го даваат на ТВ, дека ич не ми се свиѓа. Ама затоа песната си ја сакам и една од поубавите на Каролина е:pipi:
А нели момците од Емошн си имаат соло кариери и некои раскинаа договори. Како спот ќе снима со нив не ми е јасно? Сепак не слушам добри зборови за Емошн последниов период, но вајда и понудиле добар договор штом прифатила да е нивни ексклузивец.
 
Момците од ОТ Бенд не се разделени, си остануваат во тој состав, а засега и ниеден друг ексклузивец од Емоушн не ја напуштил продукцијата. Новите лица на продукцијата се Каролина и Наташа Беквалац. Не може Емоушн да не ја биде кога освен зад музичкиве ѕвезди, работи на големи ТВ проекти, меѓу кои и серијата во која ќе глуми Каролина:vozbud:
Инаку може сакото е модерно, али мене не ми се допаѓа, многу повеќе сакам тесни работи.
 
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП


Општина Аеродром и Македонската радио телевизија, на 20-ти септември 2009 година, спроти ТЦ „Бисер”, со почеток во 20:30 часот под мотото “БИДИ ЧОВЕК, ПОМОГНИ!” организира хуманитарен концерт за помош на лицата со хендикеп и штитениците на НВО „Полио Плус“.

На концертот ќе учествуваат познати музички уметници од македонската естрада меѓу кои: Каролина, Биба Додева, Елена Ристеска, Ламбе Алабаковски, Дани, Некст Тајм, Мартина, Ѓоко Таневски, Елена Чадиковска, Ристо Самарџиев, Зоран Џорлев, Елена Петреска, „Пука козметика“, Круме Спасовски, КУД „Никола Ј. Вапцаров“, КУД „Владо Тасевски“ и многу други!

За време на концертот, граѓаните ќе можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви на мобилните оператори, а ќе имаат можност и директно да разговараат по телефон со некој од пејачите.

На концертот се очекува присуство на голем број лица од јавниот живот, амбасадори, министри, градоначалници, бизнисмени, како и соработници на општината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom