Каролина Гочева

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
е баш супер што повторно ќе ја гледаме во Триумф. Овој пат со Lady Marmalade (која веќе ја изведе во бугарското шоу Пеи с Мен). А исто така, концерт на Каролина на 17 декември во Ниш, Србија, во клуб Спарк.
 

oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
:pos2::pos2: мене ми е тоа смешно, навистина, и за мене тоа е веќе и залудно да се дебатира, а со сигурност тврдам дека МИЛИОН луѓе што пред смртта го плукаа Тоше, сега се најголеми светци и вени кинат на неговите песни, што е сосем лицемерно и контрадикторно, а 100% тоа го прават и овие што вака зборат посотјано против другите и кои наоѓаат смао причини некого да мразат
па дај малце повеќе љубов, доста омраза, гнев, бес...

НАЈДОБРАТА КАРОЛИНА - единствено по 2 пат во Операција Триумф! БРАВО, најмила Каролина!


Абе она беше и 2 пати на еворовизија ама сепак не успеа да остави ни(е)каков впечаток! Не дека ја мразам, ама ми е страшно антипатична! И сум бил на нејзин концерт, супер пее, ама џабе е кога тоа го прави бездушно, онака махинално и дозволува сите да ја приметат нејзината ладноќа! Не ја мразам, едноставно не ја почитувам доволно! И кажав претходно: да беше малце поасално во карактерот ќе направеше многу повеќе! МНОГУ МНОГУ ПОВЕЌЕ! Има талент, ама очигледно не е само талентот за пеење во прашање! И харизмата игра голема улога, а она и не е баш многу харизматична личност!
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
е вакви мислења како на оби Ван ценам, си кажа аргументирано што му се допаѓа, што не кај Каролина и со ниеден збор не ја навреди, браво, така и се дебатира на форуми!
па јас мислам дека каролина знае дека ја сметаат за ладна и демек нехаризматична, али не е како милион други кои ќе глумат и ќе го поправат тоа, она сака да не глуми пред луѓето, да биде одмерена и присебна во секоја можна ситуација и верувајте таквиот пристап и УСПЕАЛ досега, зашто народот не сака лицемерие, затоа и толку е популарна и едноставно ја нема харизмата што ја имаат др пејачи, но има посебна друга харизма, тоа студенило, бар кај мене предизвикува поинаква енергија и поинаква харизма, со која и при гласот и при стасот едноставно привлекува
а не би рекла дека не остави впечаток на Евровизија, зашто и двата настапи и беа ептен следени и оставија голем впечаток, зашто едноставно годините кога учествуваше, без конкуренција беше најдобра
и ќе си кажам : уште од мала се до ден денес, за мене Тоше и Каролина ќе останат најдобрите пејачи кои ги слушам, единствени во својата интерпретација, однос кон публиката и песните!
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
е вакви мислења како на оби Ван ценам, си кажа аргументирано што му се допаѓа, што не кај Каролина и со ниеден збор не ја навреди, браво, така и се дебатира на форуми!
па јас мислам дека каролина знае дека ја сметаат за ладна и демек нехаризматична, али не е како милион други кои ќе глумат и ќе го поправат тоа, она сака да не глуми пред луѓето, да биде одмерена и присебна во секоја можна ситуација и верувајте таквиот пристап и УСПЕАЛ досега, зашто народот не сака лицемерие, затоа и толку е популарна и едноставно ја нема харизмата што ја имаат др пејачи, но има посебна друга харизма, тоа студенило, бар кај мене предизвикува поинаква енергија и поинаква харизма, со која и при гласот и при стасот едноставно привлекува
а не би рекла дека не остави впечаток на Евровизија, зашто и двата настапи и беа ептен следени и оставија голем впечаток, зашто едноставно годините кога учествуваше, без конкуренција беше најдобра
и ќе си кажам : уште од мала се до ден денес, за мене Тоше и Каролина ќе останат најдобрите пејачи кои ги слушам, единствени во својата интерпретација, однос кон публиката и песните!
Веќе почна да замараш со оваа ти твоја Куролинка.
Уствари, одамна си почната.
Што се однесува до евровизијата, тотална утка беше Каролина, и двата пати. Кај оставила голем впечаток жити се?!
А за тоа дека без конкуренција била најдобра, ах да, затоа беше прва меѓу последните. Биди барем реална.
И викаш студенилото кај тебе предизвикувало поинаква енергија и поинаква харизма а? Зошто само кај нас не допира таа? :raz:
Јебига, од еден обожавател не се живее.
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Се лажам или Каролина вечер ќе биде гостин во Вртелешка?
Фала за информацијата. Каролина беше бонбона, на Биба само не ми доликуваа ниските прашања за татко и, и за Авалон.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Не сум ниту срамежлива ниту конзервативна

Каролина Гочева, македонското девојче или, по битолски, нашето чупе, за концертите, за семејството...
ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА
Да се пишува и зборува за Каролина Гочева е работа што бара повторување. Ја знаат сите генерации, а миленичка е и на женскиот и на машкиот дел од публиката. Нејзината особеност лежи во неколку работи, а ние би ја спомнале природноста или, како што вели самата, „невкусно ми е да се лигавам и да се правам сосила интересна кога се појавувам во медиумите“. Поводот за разговорот со Каролина се претстојните концерти - вечерашниот во Битола и промоција на албумот „Македонско девојче“ во Универзална сала на 20 декември.



Како интимно се чувствуваш спроти претстојните концерти во Битола и во Скопје?

- Овие концерти се промоција на моето ново ЦД „Македонско девојче“ и, искрено, со задоволство ја очекувам средбата со мојата публика во Универзална сала.

На овој концерт му претходи, како подарок за мојата единствена Битола, концертот вечерва, во Домот на култура, со истиот концепт - претставување на „Македонско девојче“. Инаку, на концертот ќе ме придружува стандардниот состав на мојот бенд „Neighbours“, засилен со контрабас, армоника, кларинет и акустична гитара, како и мандолински оркестар.



Познавајќи те како прилично срамежлива и конзервативна девојка, што беше пресудно за твојата нова фотосесија? Таму си послободна, нешто што почна да се навестува од соработката со Цаци Паковска? Патем, како се чувствуваш во „новата кожа“?

- Не сум ниту срамежлива ниту конзервативна девојка, можеби сум повоздржана од претставата што ја имаат луѓето за тоа какви се познатите, а невкусно ми е да се лигавам и да правам сосила интересна кога се појавувам во медиумите. Не знам зошто конзервативна, јас сум современа млада жена ,облекувањето и однесувањето секогаш ми биле во согласност со возраста, носам и кратко и тесно и разголено, меѓутоа досега не сум ја пречекорила границата на добриот вкус. Разголени фотографии имав и на претходниот албум, бев првата Македонка која сними фотосесија за српскиот ФХМ минатата година, првата Македонка која сними фотосесија за бугарскиот „Макс“, имав понуди и од српскиот и од бугарскиот „Максим“, меѓутоа тоа се уметнички фотографии на кои нема ништо вулгарно и ласцивно, по теркот на она што го прават познатите, почнувајќи од Мадона, Бјонсе, Бритни, Кристина Агилера. Впрочем, привилегија е да си на насловна страница на едно такво списание, бидејќи тие многу внимателно ги избираат личностите.



Како се чувствуваш кога и на тој начин привлекуваш внимание? Особено на машкиот дел од публиката?

- Мислам дека и машката публика ме доживува како привлечна млада жена, досега не сум имала непријатни искуства и непристојно однесување од моите машки обожаватели.

Да позборуваме малку околу албумот „Македонско девојче“. Овој пат (мислам по изведба на „Ружо, Ружице“, од истиот автор) немаше полемики околу творештвото на Златко Ориѓански. Што ти се допаѓа во тој звук особено? Песните звучат традиционално, ама имаат „нешто“ од денешното време, а ти ги пееш особено инспиративно. Тоа ме наведува на помисла дека имаш фаворит. Која ти е омилена и зошто?

- Ми се допаѓа тоа што Златко успеа да направи спој на автентичниот македонски звук со современото. И текстовите се дел од тоа што придонесува за инспиративно пеење и знам дека секој ќе си најде свој фаворит или ќе се препознае.



Како на млад човек, што ти е особено важно? Што ти се приоритетите - семејството, љубовта, студиите? До каде си со факултетот? Кога одиш кај твоите во Битола?

- Приоритет ми се моите блиски луѓе, семејството, љубовта, пријателите. Во Скопје сум сама, но крадам време да поминам еден-два дена кај моите во Битола. Студирам на ФОН, многу сум задоволна од третманот што го имам од страна на професорите, имаат полно разбирање за моите многубројни обврски, меѓутоа веќе се наѕира крајот.



Ти си Бик во зодијакот, знак кој е исклучително врзан за семејството. Сакав да те прашам за сестра ти, која се омажи пред извесен период. Дали близината што ја имавте е уште поизразена?

- Отсекогаш сме многу блиски и приврзани, секојдневно се слушаме, најдобри пријатели и советници сме една на друга, иако таа сега е на специјализација во Софија.



Кои празници ти се омилени? Ја сакаш ли Нова година, ќе настапуваш ли некаде?

- Омилени ми се семејните празници Божик и Велигден, ги поминувам во Битола со моите. Обично не можам да ја доживеам еуфоријата што ја носи Нова година, ја поминувам работно. Оваа година настапувам во Црна Гора на 31 декември,1 и 2 јануари.



За разлика од делот на твоите врсници, можеш да се пофалиш со добра заработувачка. Колку тоа дава чувство на сигурност?

- Точно е дека сум наполно независна веќе долго, но мојата заработувачка е смешна во однос на она што го заработуваат ѕвездите надвор, вклучувајќи ги и некои земји од соседството. Мислам дека и публиката кај нас е свесна дека нашите заработувачки немаат многу нули, а за жал, некои изведувачи имаат скромен живот и секојдневно настапуваат за мали суми.



Знам дека не сакаш да зборуваш за твојата љубов, ама морам да те прашам - би сакала ли да останеш со Дино? Освен физичкиот изглед, со што уште те задржува покрај себе?

- Не е точно дека не сакам да зборувам, за мене секогаш се знаело со кого сум, за разлика од некој други, меѓутоа претерано експонирање на приватноста не е добро. Сметам дека додека една врска функционира како што треба толку треба и да трае.



Се научи ли да направиш компромиси?

- Цел живот правам компромиси... Животот е компромис.



Со кого од естрадата се дружиш и приватно?

- Со повеќето сум во коректни колегијални односи, можеби тоа се должи на тоа што со никој не сум била премногу блиска. Драги ми се Ребека, Андријана, Маја Вукичевиќ...



Дали си посупериорна како пејачка или како идна професорка?

- Како пејач се чувствувам супериорно, а како професорка, искрено, се' уште не можам да се замислам. Никогаш не се знае што носи утре...



Ова е време на приватни бизниси. Би се занимавала ли со тоа, би отворила ли нешто свое, приватно?

- Во овој момент, кога сум постојано на четири тркала низ балканските простори, едвај наоѓам време, така што не размислувам за какво било друго ангажирање.



Што ти е опсесија, страст, без што не можеш?

- Не сум развила опсесивна желба спрема ништо, единствено не можам без луѓето што ги сакам.



Твојата мајка е убава жена, па претпоставувам изгледот е прашање на гените. Правиш ли нешто посебно и што е со храната? Што и како јадеш, знаеш ли да готвиш и што?

- Гените ми се добра подлога да се одржувам во форма. Јадам се' што ми се допаѓа, главно здрава храна, обожавам морски плодови, риба, секакви салати, за среќа, не сум љубител на тешка храна, а и без проблем им одолевам на слатките искушенија. Во последно време се олабавувам со ладно пиво и разни грицки.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=89DCD3A8C21CF44382D018AD0895BFE6

За потцртаното едно големо БРАВО за оваа изјава

Фала за информацијата. Каролина беше бонбона, на Биба само не ми доликуваа ниските прашања за татко и, и за Авалон.
Ништо :)
Не ја гледав вечер, ќе видам реприза ако има.
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Фала за информацијата. Каролина беше бонбона, на Биба само не ми доликуваа ниските прашања за татко и, и за Авалон.
А глеав, и што ја имаа седнато така бе Биба, на столче и ич не ја снимаа, ко 13-то прасе беше. Да не не ја собирало во фотељите, тесни беа. :vozbud:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
А глеав, и што ја имаа седнато така бе Биба, на столче и ич не ја снимаа, ко 13-то прасе беше. Да не не ја собирало во фотељите, тесни беа. :vozbud:
Па Биба е во бендот на Вртелешка колку што знам и во секоја емисија е таму.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ова интервју е КАРОЛИНА во вистинското светло, браво за се, не само за таа изјава, него за се, одмерено, јасно, без филозофирање и додворување на публиката
денес во вртелешка каролина си беше во топ форма, ептен убаво облечена, мн концизно одговараше на прашањата, ама малце тој кумановецот ја умре со тоа дали може да ти се пуштам и слични детски изјави
ВРТЕЛЕШКА како концепт на емисија е многу лошо, така да....типичен разговор со вештачки шеги од страна на тој Кумановецот
јас иднава недела си купувам карта за концерт, се гледаме во Униоверзална
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Ја гледав денеска на Телма на проба за концертот во Универзална. Ги пробуваше песните „Не си го продавај Кољо чифликот„ и „Се посврши сербез Донка„. Исто најави за новиот албум дека првата песна која ќе биде пуштена како сингл е веќе снимена, станува збор за балада од бугарски композитор.
Каролина (или некој од медиумите) еднаш кажаа дека сакала да сними дует со Миро од бугарското шоу Пеи с мен, па ќе видиме што ќе биде. А инаку ми фали некој нов дует на Каролина.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
па Каролина отсекогаш ги имала најуспешните дуети со најуспешните изведувачи:

Немир со Тоше е за мене најубавиот дует што го слушнале моите уши
Бела песна со Аки Ракимовски
Ти и ја со Фламингоси
Љубовта е моја религија со Владо Јаневски
Дафино вино црвено со Гаро и Тавитијан браќата
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Исто и Само за тебе со Врчак. Дафино вино црвено според мене не е дует, туку соработка. Ако е за така, тогаш и Ајде да летаме со Dj. Бабура би билa дует. :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Да, ете тие две песни, соработки ги заборавив, значи соработки со најсобрите можно вокалисти, тапанари, ДиЏеји, хит мејкери - кој друг го имал ова?
од следниот албум, кој ќе ја врати Каролина во поп водите, очекувам повторно нешто супер, навистина се испроба , не знам што следно да очекувам од неа
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Да, ете тие две песни, соработки ги заборавив, значи соработки со најсобрите можно вокалисти, тапанари, ДиЏеји, хит мејкери - кој друг го имал ова?
од следниот албум, кој ќе ја врати Каролина во поп водите, очекувам повторно нешто супер, навистина се испроба , не знам што следно да очекувам од неа
Sledno shto da ocekuvash?
Od onakva drolja se mozesh da ocekuvash ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom