Премногу ги идеализираш работите. Четата на Јане Сандански стигнала во Солун како претходница на Седмата Рилска Дивизија на бугарската армија. Сите чети на ВМОРО, не само таа на Јане, се бореле заедно со сојузничките армии, воглавно бугарската. Инаку, во Солун прв влегол Тодор Александров.
Не сакам да ти противречам, туку да потсетам на тоа дека премногу детали и податоци од историјата до неодамна се прикривани во интерес на којзнаешто и којзнае кого - земи ги на пример напалм бомбите во Егејска Македонија, па Ченто, Шатев, Фотев итн. Историјата на ВМРО на прво место, преполна со емотивност која не дозволува да се согледаат фактите.
Јане Сандански е еден од малкумината за кои има горе-долу усогласена слика. Бугарите го нарекуваат “предавник на бугарската кауза“, “македонист“, “левичар“, “космополит“, “автономист“ итн. Но сепак, не е се како што се идеализира. За ликвидацијата на Борис Сарафов, со која Јане Сандански ја отвора пандорината кутија на братоубиствената војна во ВМОРО, причините не се само во идеологијата, туку и во личното непријателство и нетрпеливост меѓу двајцата комити со изрезено его. Бизарен детал: Јане го мразел Сарафов не затоа што е врховист, туку затоа што се согласил да прими српски (поточно речено: србомански) четници да дејствуваат во Вардарска Македонија, т.е за Јане, Сарафов бил србоман!