Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?


  • Вкупно гласачи
    122
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Б) Бугарските и македонските чети дошле во Велешко со цел да ги елиминираат српските. Српските чети го одбегнале директниот судир, и ја ограничиле својата улога на тоа да ги информираат турците за тоа каде се комитите. Борбата била меѓу две страни: на едната Бугарите и Македонците, на другата турците со скриен сојузник - србите.
Прочитај го оригиналниот текст, па потоа ќе дискутираме.
Да имаше такво содејство помеѓу македонските и бугарските(врховостички) чети, како што сакаш цело време да наметниш,не да објасниш(објаснувањето се должи на факти, а не на бугаризираното дело на Христо Сиљанов), настаните ќе имаја сосем друг тек, а ти малку потсетисе на енергијата потрошена против врховистичките чети и врхивизмот како целина. Направи споредба помеѓу делата на "војводата" Анастас Јанков во Загоричане, и масакрот во Загоричане и нај убо ќе ја воочиш разликата помеѓу стилот на двете примарни непријателства на Македонија. Која е разликата?
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
објаснувањето се должи на факти
Ако располагаш со факти за битката на Ножот, повели, изнеси ги. Додека не го сториш тоа, Записот на Христо Силјанов останува најмеродавен како историски документ, без оглед на тоа каква политичка етикета ќе му биде прилепена.

Инаку, фактот што епопејата на Ножот досега има статус на избришан дел од македонската историја, како и фактот дека местото на историската битка е целосно запуштено и игнорирано од државата, за мене се доволна индикација дека текстот на Силјанов е веродостоен документ..

Пеперутката Загоричане? Ќе потрчам да ја ловам откога ќе ги извадиш од мракот податоците за Ножот, и откога ќе расчистиме што е вистина, а што пропаганда....
 
Член од
22 септември 2007
Мислења
160
Поени од реакции
1
Бидејќи доволно е срамно што ваков битен настан го нема обработено Маакедонскиот интелект, дополнително ќе отежнеше постирањето на Силјанов тука, затоа што младите момчиња кои се поагресивно се заинтересирани за историјата(денеска), читаат не дочитуваат, и испаѓаш за нив бугарофил, отфрлајќи го сопственото без да воочат. Јас секогаш се водам по сведоштва, а Силјанов колку што ми е познато, е современик.


NO COMMENT............
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Премногу ги идеализираш работите. Четата на Јане Сандански стигнала во Солун како претходница на Седмата Рилска Дивизија на бугарската армија. Сите чети на ВМОРО, не само таа на Јане, се бореле заедно со сојузничките армии, воглавно бугарската. Инаку, во Солун прв влегол Тодор Александров.

Не сакам да ти противречам, туку да потсетам на тоа дека премногу детали и податоци од историјата до неодамна се прикривани во интерес на којзнаешто и којзнае кого - земи ги на пример напалм бомбите во Егејска Македонија, па Ченто, Шатев, Фотев итн. Историјата на ВМРО на прво место, преполна со емотивност која не дозволува да се согледаат фактите.

Јане Сандански е еден од малкумината за кои има горе-долу усогласена слика. Бугарите го нарекуваат “предавник на бугарската кауза“, “македонист“, “левичар“, “космополит“, “автономист“ итн. Но сепак, не е се како што се идеализира. За ликвидацијата на Борис Сарафов, со која Јане Сандански ја отвора пандорината кутија на братоубиствената војна во ВМОРО, причините не се само во идеологијата, туку и во личното непријателство и нетрпеливост меѓу двајцата комити со изрезено его. Бизарен детал: Јане го мразел Сарафов не затоа што е врховист, туку затоа што се согласил да прими српски (поточно речено: србомански) четници да дејствуваат во Вардарска Македонија, т.е за Јане, Сарафов бил србоман!
Браво! Браво! Јас си реков имаме историчар на форумот па сакав да те прашам ноколку работи ама после ова-ништо. Кога е осуден Сарафов на смрт??? И кој ја отвори пандорината кутија? Која БРАТОУБИСТВЕНА БОРБА??? Ако ти се тебе браќа извини ама на нас Македонците ни се непријатели. И сега гледам зошто не ми одговори на претходната реплика па се тргна од темата со Ножот.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Павел, јас го знам добро текстот на Силјанов, но има нејаснотии зошто? Не дава објаснување по кој пат дошло до сојузништво меѓу српските четници и аскерот.

Да сублимирам, знам за соединувањето на Македонските со бугарската чета, знам за кодошењето од страна на србите за положбата на македонските чети, необјаснет дел е заедно војувањето на аксерот и српската чета против македонската и бугарската...

Бидејќи доволно е срамно што ваков битен настан го нема обработено Маакедонскиот интелект, дополнително ќе отежнеше постирањето на Силјанов тука, затоа што младите момчиња кои се поагресивно се заинтересирани за историјата(денеска), читаат не дочитуваат, и испаѓаш за нив бугарофил, отфрлајќи го сопственото без да воочат. Јас секогаш се водам по сведоштва, а Силјанов колку што ми е познато, е современик.
Точно Силјанов е современик а делата се важен документ. И Милетич е современик па и делата негови се важен документ-тоа е неоспорно. Ама зошто во првото дело Матов е претставен и извеличен до бескрај за кој точно се знај денес чија улога ја изигра до крај? Пак идиме на истото дека делото е пишено(како и целата историја) гледано од различна перспектива. За истите настани постојат документи каде се спомнуват истите личности како Македонци, а настаните поинаку гледани. А ова на Павел за некава соработка со врховистите ни во Бугарија не држи место
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Кој Матов? Христо, или Милан?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Ајде доста со лепење етикети. Борис Сарафов е од Неврокопско, Пиринска Македонија, по националност исто што и Јане Сандански.


http://mk.wikipedia.org/wiki/Борис_Сарафов
Ќе ми одговориш на прашањето(ако знајш нормално) или да одам на друга тема
1. Кога е осуден Сарафов на смрт и зошто?
2. Која борба за тебе е братоубиствена и најважно кој ја иницира?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Кој Матов? Христо, или Милан?
На Христо Матов мислев, и дали тебе ти е познато дека Сарафов и Сандански имале лично недоразбирање па едниот му спремил атентат? Денес слушнав од Павел и си реков од кај читав до сега историја?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Ајде доста со лепење етикети. Борис Сарафов е од Неврокопско, Пиринска Македонија, по националност исто што и Јане Сандански.

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81_%D0%A1%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%BE%D0%B2
И доискажисе кога спомнуваш националност. Тоа е многу осетливо прашање. Можиш да се етикетираш па да обвиниш дека други те етикетират. Пази...
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Павел, јас го знам добро текстот на Силјанов, но има нејаснотии зошто? Не дава објаснување по кој пат дошло до сојузништво меѓу српските четници и аскерот.
Објаснувањеето е просто - по Илинденсккото востание и Мирцтегшките реформи, турците со задоволство го прифатиле активирањето на српските и грчките чети во Македонија. Едно, како противтежа на силното бугарско влијание, друго - раздели па владеј, трето - судирите меѓу трите -изми им биле силен аргумент пред европските сили дека без нивната централна власт не може да има мир меѓу балканските племиња.

Покомплексно е другото прашање:

доволно е срамно што ваков битен настан го нема обработено Маакедонскиот интелект
Ако го исклучиме Силјанов, кој е сепак виден македонски интелект, роден во Константинопол, во семејство Охриѓани, респектиран по неговата работа на културно поле...

... остатокот е штама, молчење и необјасниво игнорирање.

Можни причини:

- потребата да се стави во заборав војводата Јован Бабунски;
- учеството на бугарски чети и бугарски доброволци;
- војводата Тане Николов припаѓа на “десницата“ од ВМОРО за која Јане Сандански е на листата од непријатели;
- можноста за јавување на антисрпско расположение под влијание начествувањето на еден ваков силно емотивен настан.

Ако тоа можело да биде реална причина во 1945, кога имало неодложна потреба да се прекине со непријателствата од минатото и да се гради поинаков однос меѓу народите, не гледам зошто истата причина би ијмал важност денес. Денес би требало да сме доволно зрели да ги прегледаме сите историски факти такви какви што се, да ги одживееме емоциите, да им оддадеме почест на жртвите, да ги научиме лекциите и да ги согледаме грешките, и да не се оптоваруваме со непотребно непријателство кон денешните генерации во Србија или Бугарија, туку, како и остатокот на Европа, да го најдеме начинот да направиме што е најдобро и за нас, и за нив.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Самиот Јане има кажано за Сарафов дека е сараф(алчен) и дека ќе ја предаде организацијата...
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
ПРАШАЊЕ ДО ПАВЕЛ ЛИПРАНДИ
1. КОГА Е ОСУДЕН САРАФОВ НА СМРТ И ЗОШТО?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Објаснувањеето е просто - по Илинденсккото востание и Мирцтегшките реформи, турците со задоволство го прифатиле активирањето на српските и грчките чети во Македонија. Едно, како противтежа на силното бугарско влијание, друго - раздели па владеј, трето - судирите меѓу трите -изми им биле силен аргумент пред европските сили дека без нивната централна власт не може да има мир меѓу балканските племиња.
Има логика во тоа...но неможе а да не се спомне дека и самата Турција била свесна дека големите сили и се наметнуваат и ја отфрлаат од Балканот баш преку србите бугарите и грците...

А туак и направиле грешка, наместо да направам автономија на Македонија и да ги зацврстат тие Македонско-Турски односи, тие до крај оделе спорти агендата на Македонците...незнајно од која причина, за која после 100 години, се покајаа.

Покомплексно е другото прашање:



Ако го исклучиме Силјанов, кој е сепак виден македонски интелект, роден во Константинопол, во семејство Охриѓани, респектиран по неговата работа на културно поле...

... остатокот е штама, молчење и необјасниво игнорирање.

Можни причини:

- потребата да се стави во заборав војводата Јован Бабунски;
- учеството на бугарски чети и бугарски доброволци;
- војводата Тане Николов припаѓа на “десницата“ од ВМОРО за која Јане Сандански е на листата од непријатели;
- можноста за јавување на антисрпско расположение под влијание начествувањето на еден ваков силно емотивен настан.

Ако тоа можело да биде реална причина во 1945, кога имало неодложна потреба да се прекине со непријателствата од минатото и да се гради поинаков однос меѓу народите, не гледам зошто истата причина би ијмал важност денес. Денес би требало да сме доволно зрели да ги прегледаме сите историски факти такви какви што се, да ги одживееме емоциите, да им оддадеме почест на жртвите, да ги научиме лекциите и да ги согледаме грешките, и да не се оптоваруваме со непотребно непријателство кон денешните генерации во Србија или Бугарија, туку, како и остатокот на Европа, да го најдеме начинот да направиме што е најдобро и за нас, и за нив.
Охридското востание, Тиквешкото востание, неколкуте буни, кичевските вмро групи....многу се има изоставено во тој Југословенски систем на „братство и единство“.

Четвртата точка изгледа најреална.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
А чисто информативно: во кое од нив беше повлечена границата од Групчин до Охрид?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom