Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?


  • Вкупно гласачи
    122

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Тоа е мизерна причина да сме причекале само затоа што Бугарите можеле да го искористат против нас.Бугарите се расфрлаат со документи дека и Гоце бил Блгарин па ние не се откажуваме од негово величење.Тие ќе продолжат да не убедуваат дека сме Бугари без разлика што и да направиме и без разлика кого величиме.
Бугарите можат да се расфрлаат со книги и фалсификувани докази за сите кој барем малку живееле и работеле во Пиринска Македонија,но едно е сигурно,Сите кој загинале од Турска рака во време кога Бугарија веќе била самостојна и слободна никогаш нема да бидат Бугари,тие едноставно си се Македонци и се бореле за Македонската кауза,како и оние кој загинале во Бугарија убиени од Македонски кодоши или од Бугарски врховисти односно противници на Автономна Македонија.:toe:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Бугарите можат да се расфрлаат со книги и фалсификувани докази за сите кој барем малку живееле и работеле во Пиринска Македонија,но едно е сигурно,Сите кој загинале од Турска рака во време кога Бугарија веќе била самостојна и слободна никогаш нема да бидат Бугари,тие едноставно си се Македонци и се бореле за Македонската кауза,како и оние кој загинале во Бугарија убиени од Македонски кодоши или од Бугарски врховисти односно противници на Автономна Македонија.:toe:
Потполно си во право...Тие што загинале се само Македонци..Многу ми е дволичен потегот за прокламирање на Јане Сандански за бугарин, кога тој е убиен од бугарска рака..
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Потполно си во право...Тие што загинале се само Македонци..Многу ми е дволичен потегот за прокламирање на Јане Сандански за бугарин, кога тој е убиен од бугарска рака..
Тие што загинале од Турците на територијата Македонска како и тие што загинале од Бугари и Врховисти односно Македонски кодоши,мора да се нагласи.Инаку за Јане не смеат да писнат ни збор особено Бугарите ако се знае неговиот јавен настап при влегувањето во Солун со четата кога пред бројни Бугарски и Грчки офицери одржал здравица за новата Автономна држава Македонија,при што овие ги извадиле сабјите и се заканиле дека за такви зборови ќе паѓаат глави.Впрочем токму за таа здравица бил убиен неколку години подоцна од Бугарските Врховисти во заседа,соборувајќи при атентатот (иако ранет) дури 5мина негови атентатори со неговата горостасна става и сила.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Тие што загинале од Турците на територијата Македонска како и тие што загинале од Бугари и Врховисти односно Македонски кодоши,мора да се нагласи.Инаку за Јане не смеат да писнат ни збор особено Бугарите ако се знае неговиот јавен настап при влегувањето во Солун со четата кога пред бројни Бугарски и Грчки офицери одржал здравица за новата Автономна држава Македонија,при што овие ги извадиле сабјите и се заканиле дека за такви зборови ќе паѓаат глави.Впрочем токму за таа здравица бил убиен неколку години подоцна од Бугарските Врховисти во заседа,соборувајќи при атентатот (иако ранет) дури 5мина негови атентатори со неговата горостасна става и сила.
Точно..Тој факт не треба да се занемари..Јане, е убиен од бугарска рака, сакале да го признаат тоа или не..Пукано во грб, зошто немале храброст да го погледнат во очи..
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Инаку за Јане не смеат да писнат ни збор особено Бугарите ако се знае неговиот јавен настап при влегувањето во Солун со четата кога пред бројни Бугарски и Грчки офицери одржал здравица за новата Автономна држава Македонија,при што овие ги извадиле сабјите и се заканиле дека за такви зборови ќе паѓаат глави.
Премногу ги идеализираш работите. Четата на Јане Сандански стигнала во Солун како претходница на Седмата Рилска Дивизија на бугарската армија. Сите чети на ВМОРО, не само таа на Јане, се бореле заедно со сојузничките армии, воглавно бугарската. Инаку, во Солун прв влегол Тодор Александров.

Не сакам да ти противречам, туку да потсетам на тоа дека премногу детали и податоци од историјата до неодамна се прикривани во интерес на којзнаешто и којзнае кого - земи ги на пример напалм бомбите во Егејска Македонија, па Ченто, Шатев, Фотев итн. Историјата на ВМРО на прво место, преполна со емотивност која не дозволува да се согледаат фактите.

Јане Сандански е еден од малкумината за кои има горе-долу усогласена слика. Бугарите го нарекуваат “предавник на бугарската кауза“, “македонист“, “левичар“, “космополит“, “автономист“ итн. Но сепак, не е се како што се идеализира. За ликвидацијата на Борис Сарафов, со која Јане Сандански ја отвора пандорината кутија на братоубиствената војна во ВМОРО, причините не се само во идеологијата, туку и во личното непријателство и нетрпеливост меѓу двајцата комити со изрезено его. Бизарен детал: Јане го мразел Сарафов не затоа што е врховист, туку затоа што се согласил да прими српски (поточно речено: србомански) четници да дејствуваат во Вардарска Македонија, т.е за Јане, Сарафов бил србоман!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Премногу ги идеализираш работите. Четата на Јане Сандански стигнала во Солун како претходница на Седмата Рилска Дивизија на бугарската армија. Сите чети на ВМОРО, не само таа на Јане, се бореле заедно со сојузничките армии, воглавно бугарската. Инаку, во Солун прв влегол Тодор Александров.

Не сакам да ти противречам, туку да потсетам на тоа дека премногу детали и податоци од историјата до неодамна се прикривани во интерес на којзнаешто и којзнае кого - земи ги на пример напалм бомбите во Егејска Македонија, па Ченто, Шатев, Фотев итн. Историјата на ВМРО на прво место, преполна со емотивност која не дозволува да се согледаат фактите.

Јане Сандански е еден од малкумината за кои има горе-долу усогласена слика. Бугарите го нарекуваат “предавник на бугарската кауза“, “македонист“, “левичар“, “космополит“, “автономист“ итн. Но сепак, не е се како што се идеализира. За ликвидацијата на Борис Сарафов, со која Јане Сандански ја отвора пандорината кутија на братоубиствената војна во ВМОРО, причините не се само во идеологијата, туку и во личното непријателство и нетрпеливост меѓу двајцата комити со изрезено его. Бизарен детал: Јане го мразел Сарафов не затоа што е врховист, туку затоа што се согласил да прими српски (поточно речено: србомански) четници да дејствуваат во Вардарска Македонија, т.е за Јане, Сарафов бил србоман!
Па дали според тебе не е Србоман?Знаеш ли колку Србите и Бугарите им помагаа на “браќата“ Македонци во борба против Турците?Ќе ти посочам само еден пример кој верувам ќе ти ги појасни работите,се вика “Епопејата на Ножот“.Токму на Ножот се гледало колку Србите и Бугарите им помагале на Македонците во борба против Османлиите.
Впрочем кој друг комита имал мадиња да наздрави за новата држава Автономна Македонија среде кордон Бугари,Бугарофили или Грци па и Срби,освен Јане,ако има таков кажи го да го ставиме на пиедесталот со борци за Македонските идеали.
Да се разбереме јас не идеализирам или глорифицирам личности,јас само ве потсетувам на дел факти од историјата онака како што сум ја согледал без туѓо влијание на одредени личности кој имаат сопствени идеали олицетворени во одредени “про“ елементи,но никако Македонци.:toe:
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
VMRO si e VMRO i se znae koi luge go formirale koja bila celta preminuvanjeto na revolucionernata vo politcka organizacija e demokratski cin( naj nov primer e so ONA premina od teroristi vo politicari BDI) celta ostana ista i na ilindencite i na segasnive VMROOVCI i togas se borea za nacionalno edinsvo i sega pa pak toa VMRO ja osamostoi denesnava makedonija
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Токму на Ножот се гледало колку Србите и Бугарите им помагале на Македонците во борба против Османлиите.
Епопејата на Ножот... зошто ли нашата историја досега молчи како гробница?

Александар Ивановски напиша:
Досега не е изградено барем едно патче до Ножот за да можеме да отидеме да им се поклониме на македонските синови, да направиме од тоа место македонско патриотско светилиште, каде што на учениците ќе им се држат часови по историја, нашата власт, и поранешната и сегашната, целосно ги заборави хероите
http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=1622&PHPSESSID=4af4aacbe9ab61fce73e702593d2a5db
Дали е можно, причината да е Јован Бабунски и неговото место во историјата?

Христо Силјанов напиша:
Тане Николов ги свика селаните и ги укори, зашто се одрекле од својот род. Во одговор на тие укори стана раководителот и изрече зборови, кои покажуваат до колкава степен било наплашено населението по тие места и што го тераше да наведнува глава пред српските чети: “Што да правиме ниеселаните, кога и самите турци ни велат: Држете се со бабунски, станете срби, за да си го спасите животот. : Притоа ние гледаме дека српските војводи стојат многу добро со турците, и штом Бабунски ќе излезе од селото, аскерот влегува или обратно. Имало случаи кога српската чета се сретнува со аскерот, се поздравуваат и се разминуваат, без некојпат да се имаат удрено. Штом нашите чети ќе се засилат и шѕом ќе дојде Иван Алабакот, никогаш нема да бидеме србомани“
http://www.promacedonia.org/obm2/46.html
.
т.е. како одговор на српските чети кои со терор ги принудуваат селаните да преминат во СПЦ, од Бугарија доаѓаат четите на ВМРО под раководство на војводата Тане Николов, родум од Хасково, подоцна војвода во ВТРО (Внатрешна Тракиска Револуционерна Организација). На четата на Тане николов и се придружуваат и две други чети: едната на Михаил Чаков, и другата ...
Христо Силјанов напиша:
на Христо Цветков, составена од триесетина души, од кои дваесетина костурчани, стари четници и млади момци желни за одмазда на андартските злодела во нивниот роден крај,. а остатокот - младинци од Јужна Бугарија (Панаѓуриште, Чирпан, Стара Загора, Сливен, Јамбол). Се очекуваше да пристигне четата на Иван Наумов Алабакот, па сите заедно да и помогнат на боледувачката прилепска околија на која и беше нанесен сериозен удар од српската пропаганда.
(ibid)
Значи, конечна корекција на твојот исказ за “братската помош“ би бил:

Не е прашањето колку Србите и Бугарите им помагаа на “браќата“ Македонци во борба против Турците, туку колку Турците им помагаа на Србите во борбата против “братската помош“ која им ја понудиле Бугарите на Македонците.

Во секој случај, убаво што го спомна Ножот...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ножот, планински врв над селото Ракле, Прилепско.

Во месец јули 1907 година од преку Вардар пристигнаа две чети, едната на војводата Михаил Чаков, со пеесетина души, наменета за Велешко, другата на Христо Цветков, составена од триесет души. Се очекуваше да пристигне со четата уште и Иван Наумов – Аљабакот, па сите заедно да ј помогнат на заслабената Прилепска околија, и да му се нанесе сериозен удар на српската пропаганда. Во врска со тој план, од порано беше дошол прилепскиот околиски војвода и член на Окружниот комитет Петар Ацев, кој се движеше со Тане Николов. Заедно со прилепската реонска чета на Мирчо Најдов и со други месни чети, се добиваше една впечатлива сила од 200 добро вооружени четници. Потпомогнати и од милиција, четите по Никодимска планина тргнаа во претресување на сомнителните села.

Собрани на Никодимската планина, војводите го разгледуваа прашањето за понатамошното искористување на концентрираните сили против пропагандата, кога по двата падари добија соопштение од Прилеп, дека силен одред турска војска, под водството на мајорот Енвер бег (1908 година еден од водачите на Младотурците) се упатил кон Никодим за да се сретне со зборната чета. Курирот од с.Витолишта донесе подробности за движењето на Енверовиот одред, а претставници од Тројаци и Топлица соопштија дека и други силни војнички одделенија доаѓале од Мариовско. Пристигнаа и информации за раздвижување на војска и од кај Велес и Тиквеш. Уште пред доаѓањето на тие соопштенија, силите на зборната чета беа распоредени на следниот начин: едно одделение од 40 души ги заземаше височините над с.Никодим; главните сили од стотина души ја држеа падината меѓу Никодим и Попадија, наречен Пештерата, и составен дел од падината Попадиски чукари; костурската чета, и дел од четите на Чаков и Мицко Најдов, сите 45 души, се сместија под падината „Ножот“, над с.Ракле; две групи, предводени од месните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски, беа задолжени со обезбедувањето на врвот Јасенова глава, меѓу селата Никодим и Владиловци. Собрани вечерта на 13 јули, на последен совет, војводите ја разгледаа настанатата ситуација. Тие имаа уште возможност да го избегнат опколувањето, повлекувајќи се преку ноќта во Мариовските шуми или кон Тиквешко: такво беше мнението и на Прилепскиот околиски комитет, донесено со писмо од прилепските курири. Натценувајќи ја меѓутоа својата сила, - дотолку повеќе, што во секој миг се очекуваше да пристигне и Аљабаковата чета од 50 души, - и давајќи си сметка за впечатокот сред народот, ако зафатените позиции бидат напуштени без борба, војводите решија да се даде борба и го избраа Тане Николов – војвода со највисок воен чин, постар подофицер, за главен командант. Разгледувајќи ја уште еднаш положбата на четите, советот ги издаде последните свои наредби, ок кои најважното беше: да се напушти позицијата „Ножот“, како изолирана и изложена на опкружување, и да им се соопшти веднаш на „ножовци“ да се приберат кон главното јадро, а ако тоа биде невозможно, да се повлечат кон Градиште (падина од Никодимска планина).

До зазорувањето, војводите залудно го очекуваа повлекувањето на „ножовци“, наспроти приближувањето на аскерот кон с.Ракле. Не сакајќи да го напуштат „Ножот“, војводата Атанас Попов и Трендафил Думбалаков, од името на костурчани, на куририте им соопштуваат дека тоа решение го сметаат за неумесно и нереволуционерно и решија еднодушно да останат каде што се и да ги бранат своите позициии, ризикувајќи да умрат до последен.

На 14 јули 1907 година, в зори, започна најкрвавата и најепската борба после Илинденското востание. Четниците тргнаа на горе, и поголемиот дел од нив го зафатија врвот. Друг дел од 18 души, се сместија на северо-источната падина на „Ножот“, без да проценат дека над неговите бокови преовладуваат повисоки склонови. Воочувајќи ја грешката, тие почнаа да се повлекуваат но беше касно. При секое нивно раздвижување, тие попаднуваа под вкрстениот оган на непријателот, сместен по соседните височини. Четите од главното јадро на заземената височина се наредија во форма на квадрат.

Откај „Ножот“ и „Никодим“ непрекинато се пукаше. Збунето, главното командување со својата труба даде сигнал „штедете ги патроните“. И од двете места одговорија со ура: сигналот беше разбран. Пукањето им заретчи.

Никодимската група, испратена во тилот на непријателот, наиде на турско засолниште, но наместо да се врати назад, тргна по патот за Јасенова глава и сретна друг аскер. Понатаму, под самиот врв на Јасенова глава, четничката патрола, пресретната од плотуни, сврти кон северо-источниот склон на Јасенова глава и започна борба со војската, сместена на подобри позиции. Тука загинаа десет души од патролата.

На „Ножот“ борбата не престануваше. Од време на време пукањето се засилуваше, одекнуваа бомби за време на пукањето долетаа делумни звуци на борбени песни. 45-те рицари не ја чувствуваа жедта, ни уморот, од недостатокот на еден искусен началник. Од другата страна војската беше раководена непосредно од Енвер бег, еден од најобразованите турски генерал-штабни офицери, познат во прогонувањето на комитите.

Енвер свати, дека способноста на комитите е несоодветна на нивниот хероизам и дека преку методично дејствување нивната позиција може да биде освоена пред да се стемни. До пладне успеа да ја обиколи целата височина. Решен да заврши прво со 18-те на северо-источната падина на „Ножот“, Енвер насочи една чета кон нивниот тил.

Во 4 часот од северо-источната падина на „Ножот“ долетаа извици на помош. Во безнадежниот обид да се приберат кај своите другари на врвот, попаднаа под крстоносниот оган. За неколу минути беа отепани сите до еден на падината, под самата чука.

За напад на самиот врв Енвер ја избра источната падина, најудобна за искачување и оставена без набљудувач од четата. Енвер, преку силно пукање на северната падина, правеше диверзија за да го одвлече вниманието на четниците од главниот пункт за напад. Маневарот успеа. Во не повеќе од половина час , војската се провлече и групира на самата чука меѓу нејзините северни спили, спремна за решителен напад. „Ножовци“ ненадејно го водоа во својот тил непријателот – ја видоа смртта и се подготвија да ја пречекаат како херои. Тие брзо се распоредија да удрат на сите страни, без да штедат бомби и патрони. Нападот од северните спили за извесно време беше запрен од многуте бомби од страна на четниците. Аскерот го искористи мигот од едно затишје за да се фрли на нож меѓу спилите. За „ножовци“ тоа беше мигот за решената саможртва. Сите се оддадоа на трескава работа. Додека едни го даваа последниот отпор, други ги уништуваа пушките и уништуваа се вредно што имаа и накрај ги насочуваа револверите кон нивните глави. Со последните бомби полетаа делови од телата на последните „ножовци“. Пушки веќе не се слушаа и настапи молчење.

Наеднаш чуката поцрне од аскер. Дел од нив се оддадоа на грабеж, сооблазени од облеката и обувките на четниците. Пристигна и мајорот. Се јави и италијанскиот жандармериски офицер Луци, кој покасно ги фотографира хероите на Ножот. Молчеливо Енвер го обиколи бојното поле, длабоко потресен од виденото. Забележувајќи некои плачкосувачи-војници, го насочил револверот кон нив, ги искара а после се сврти кон аскерот:

Никој не смее да ги допира и осквернува хероите...Гледате ли, како комитите ја презираат смртта!...Се бијат и умираат како херои.

Беа дадени три почесни плотуни во воздух, принесени со извици „Аллах! Аллах!“

Преброени, труповите беа точно толку, колку што четници беа останале таа изутринам на „Ножот“ по заминувањето на куририте: 45. 45 рицари на смртта, достојни соперници на солунските динамитари.

Кога на Ножот Енвер бег созерцаваше, на Попадиските Чукари се водеше бој, но на тој сектор на војската не и се здаде да ги избие македонските четници што се биеја. Еден дел од нив, водени од војводата Чаков, ги пресекоа кордоните на војската и со милиција насобрана од околните села му се јавија во тилот на непријателот. Тоа внесе смут во редовите на војската, која се распрсна, поради што и опсадените се спасија од сигурна смрт.

Вкупните востанички загуби на зборната чета биле 67 души, т.е. една четвртина од својот состав.

---------------

Темава полека се однесе во форум историја...дискутирате историски работи, во погрешен потфорум.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Темава полека се однесе во форум историја...дискутирате историски работи, во погрешен потфорум.
Сеуште сме на вистинското место. Зборуваме не за историјата, туку за тоа како прилагодувањето на историјата за политички потреби создава терен за бесконечни расправии. Со текстот за епопејата на Ножот кој го цитираш, си ја погодил работата во центар - попрецизно не може да биде.

Имено, текстот што го цитираш е превод на поглавието со наслов “Великата саможртва на Ножовци“ од зборникот Ослободителните борби на Македонија, II дел, од Христо Силјанов.

Поентата е: преводот се разликува од оригиналот. Изоставени и прескокнати се реченици кои битно го менуваат значењето.

Без оглед на тоа дали се спомнуваат бугарски чети, Егзархијата или непријателството со Србија, цитирањето на историски документ од кој се изоставаат делови не е фер кон читателот доколку не му се наведе и изворот, односно не му се даде можност да го прегледа документот во интегрална форма.

Токму ваквото интерпретирање на историјата доведува до жолчни расправии меѓу луѓе на кои им се познати едни, или други детали за настан кој има толкаво емотивно значење во националната свест.

Да не одам предлабоко во дискусија, еве ти уште еднаш линк кон оригиналниот текст на Силјанов: http://www.promacedonia.org/obm2/46.html

Спореди го со твојот текст, види што е изменето и што недостасува во преведената верзија, па потоа ќе ги дискутираме причините зошто, за какви потреби и со каква цел се правени измените.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Сепак останува фактот дека Српската и Бугарската чета кој биле во непосредна близина битката на Ножот само ја посматрале без да пробаат да им помогнат на Македонците.Значи имаме класично предавсто а не помош како што сакале Бугарите и Србите да прикажат со своите дејствија во Македонија.:toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Да им доловам сликовито на неранимајковците денес кои грам внимание не им даваат на слободожелните борци, нит чест, ниту почит за херојството...


Во тоа време сите се плашеле да се качат на Ножот. Ако некој отидел, Турците ќе му се заканеле дека ги чествува комитите и ќе го затвореле. Се плашеле и од четите на српската пропаганда. „Кога требало да му одржат четириесетдневен помен на Димко Газдата од Прилеп, попот од Ракле не сакал да отиде. ’Ако четите на српската пропаганда ме видат дека им држам панихида на загинатите на Ножот, каде ќе одам тогаш јас’, се пожалил тој. А војводата тогаш му рекол: ’Ќе одиш попе, ќе одиш. И јас имам страв ама одам секаде’. Тогаш попот отишол на Ножот. А кога стасале на врвот, виделе околу 30 кучиња како ги влечкаат телата на загинатите, ги глодат нивните глави, раце и нозе. Загинатите биле плитко закопани. Димко Газдата бил закопан подлабоко, па го нашле неоштетено неговото тело. Попот ја одржал панихидата, а војводата наредил останките да се презакопаат подлабоко.

Ова е текст на Виктор Цветановски:

Педесет и четири Македонците ја испишаа највеличествената страница на македонската историја по Илинденското востание, саможртвувајќи се на каменестиот врв Ножот во близина на Плетвар, пред 100 година на 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден. По долгата борба со турскиот аскер на жешкото јулско сонце, откако им снемува муниција, преостанатите живи комити легнале врз последните бомби и колективно заминале во смрт.

Војводите кога разбрале дека ги следи триилјадниот аскер, ден пред трагедијата, решиле да се повлечат, сметајќи дека е голема лудост директно да се судрат со војската. Меѓутоа, за тоа не сакале да слушнат младите момчиња сместени на Ножот. На врвот била целата Костурска чета од триесетина луѓе, а со нив и по десетина четници од Велешката и од Прилепската чета. Војводите не биле со нив, биле долу на состанокот. И кога виделе дека комитите на Ножот не се повлекуваат, им испратиле курири со наредба да се повлечат.

Тогаш, 19- годишниот Атанас Попов од костурското село Шестеово, кој привремено командувал со четата, и Трендафил Думбалаков од село Суха, Солунско, преку курирот порачале: „Ќе им кажете на војводите дека костурци го сметаат решението на Војводскиот совет необврзувачко за нив. Таа заповед ја наоѓаме за неумесна и нереволуционерна. Опфатени сме од оган, гориме и сме дошле да изгориме. Сакаме да умреме со достоинство. Кажете им на војводите дека нашето решение е неповратно. Друга позиција нема да бараме. Ќе останеме на Ножот“.

Еден од костурчаните додал: „Не сум дошол да јадам кокошки во Македонија, туку сум дошол да се борам“. Таквата одлука на голобрадите момчиња од Костурската чета ја прифатиле и четниците од Велешката и од Прилепската чета.

Така почнала највеличествената и истовремено најтрагичната битка по Илинденското востание. Аскерот го командувал искусниот мајор Енвер-бег, кој ги познавал сите тактики на војување, а против себе имал млади неискусни момчиња, лудо вљубени во својата татковина. Пеколното сонце ги печело за цело време на битката, а на височинката на Ножот никаде немало ни сенка, ни вода да ја згаснат жедта и да ги изладат загорените души.

Битката почнала во зорите и со секој час се разгорувала се' повеќе. Комитите гинеле еден по еден, не отстапувајќи ни педа земја. Бојот завршил доцна попладне, кога им снемало муниција, а сонцето требало да дооди уште една ортома за да зајде. Тогаш била донесена судбоносната одлука. Тие што останале живи легнале врз неколкуте преостанати бомби и ги активирале. Одекнала силна експлозија која се слушнала до околните села, а делови од распарчените тела паднале врз аскерот што стасал на врвот.

Одеднаш на Ножот настапил молк, се' било неприродно спокојно, а потоа војниците се нафрлиле врз мртвите комите и почнале да ги соблекуваат и ограбуваат. Стасал и нивниот командант Енвер-бег и кога го видел тоа, им наредил: „Никој не смее да се добере да ги нагрди хероите! Гледате како комитите ја презираа смртта?! Се бореа и умреа како херои!“ Потоа дал команда со три плотуна да им се оддаде почит на загинатите.

Вториот ден по погибелот, пред да бидат погребани, на Ножот дошол италијанскиот капетан Џузепе Луци и со својот фотоапарат го овековечил подвигот на македонските херои. Откако ја направил историската слика на мртвите тела, која денес е најубедливо визуелно сведоштво за херојството на младите момчиња, Луци се вратил во Прилеп и на членовите на Комитетот им рекол: „Тие не загинале, тие сите се самоубиле. Гордејте се со вашите синови. Тие победија“.

Пред да се случи ова херојство, на младите Македонци на просторот кај прилепските села Ракле и Никодин биле собрани околу 200 македонски комити, испратени да се пресметаат со просрпските чети што крстосувале по селата во Азот и во Порече. Османлиските власти за нивните планови дознале од турскиот конзулат во Софија. За тоа дека Турците им се на трага на комитите знаела и ВМРО од телеграмите што стасувале во Прилеп.

Од загинатите на Ножот се познати имињата само на шестмина. Се знае дека таму се жртвувал за слободата на Македонија Атанас Попов од Шестеово, Костурско; Трендафил Думбалаков од село Суха, Солунско; Милан Петров Топличанец од Топлица; Димко Јованов - Газдата од Прилеп; Најдо Андреев Арсовски од Папрадишта, Велешко; и Петко Којчев од Панаѓуриште. Загинатите се закопани без идентификација од селаните на Никодин, по наредба на Енвер-бег.

Загинатите на Ножот не се единствените жртви што ги даде македонскиот народ тие денови. За да им помогнат на опколените на Ножот, комитите воделе битка и во Јасенова Глава, на Попадинските Чукари и на други места, така што вкупниот број загинати е 77. „Власта тогаш не побарала да се направи евиденција и така нашата историографија е посиромашна за имињата на седумдесетина херои загинати на Ножот и на Јасенова Глава каде што останале мртвите тела на уште шестмина комити, на Попадинските Чукари единаесет, во Пирковите Трла четворица, а двајца биле фатени живи, а потоа обесени, едниот во Велес, другиот во Кавадарци.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Сепак останува фактот дека Српската и Бугарската чета кој биле во непосредна близина битката на Ножот само ја посматрале без да пробаат да им помогнат на Македонците.
ABC, го прочита ли [url=http://www.promacedonia.org/obm2/46.html]оригиналниот текст[/url] на Христо Силјанов?

Ги имаш следните прости изводи:

А) На Ножот загинале 45-мина комити:

- 30-члената Костурска чета на Христо Цветков, во која биле 20 Костурчани, и 10 младинци од Јужна Бугарија (Панаѓуриште, Чирпан, Стара Загора, Сливен и јамбол);
- 15 комити од четите на Михаил Чаков и Мицко Најдов.

Б) Бугарските и македонските чети дошле во Велешко со цел да ги елиминираат српските. Српските чети го одбегнале директниот судир, и ја ограничиле својата улога на тоа да ги информираат турците за тоа каде се комитите. Борбата била меѓу две страни: на едната Бугарите и Македонците, на другата турците со скриен сојузник - србите.

Прочитај го оригиналниот текст, па потоа ќе дискутираме.
 
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Да им доловам сликовито на неранимајковците денес кои грам внимание не им даваат на слободожелните борци, нит чест, ниту почит за херојството...
Трн и за тебе истото прашање како и за АБЦ: го прочита ли оригиналниот текст на Христо Силјанов?

Во деловите од текстот кои се изоставени во твојот превод лежи одговорот.

Се обидов да го преведам интегралниот текст на Силјанов и да им го дадам преџвакан на увид на сите, притиснав погрешно копче на компјутерот, и сето отиде по ѓаволите. Во моментов не можам да си го дозволам луксузот да потрошам други два часа на истата работа. Те молам, прочитај го оригиналот.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Павел, јас го знам добро текстот на Силјанов, но има нејаснотии зошто? Не дава објаснување по кој пат дошло до сојузништво меѓу српските четници и аскерот.

Да сублимирам, знам за соединувањето на Македонските со бугарската чета, знам за кодошењето од страна на србите за положбата на македонските чети, необјаснет дел е заедно војувањето на аксерот и српската чета против македонската и бугарската...

Бидејќи доволно е срамно што ваков битен настан го нема обработено Маакедонскиот интелект, дополнително ќе отежнеше постирањето на Силјанов тука, затоа што младите момчиња кои се поагресивно се заинтересирани за историјата(денеска), читаат не дочитуваат, и испаѓаш за нив бугарофил, отфрлајќи го сопственото без да воочат. Јас секогаш се водам по сведоштва, а Силјанов колку што ми е познато, е современик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom