Дали партијата ДПМНЕ има право да го носи името на МРО?

  • Вкупно гласачи
    122
Член од
14 јули 2005
Мислења
1.428
Поени од реакции
43
Вие господа доброволно се побугарчивте. без ќотек. Со ќотек а газ ќе му даевте.
Кога аргументите се ограничени, на сцена стапуваат навредите и вулгарностите. Не мислам дека е умно да се прифати таа игра.

И бугарите и србите се влезени во филмот дека едните на другите си се најголеми душмани, без да се свесни кој им ги режира сцените, без да се свесни колку штета си нанесуваат самите на себе.

Ако во минатото без да сакаме сме биле, денес за нас како македонци е недозволиво да си допуштаме да бидеме вовлечени во нивниот филм, без разлика на чија страна. Хистеријата, омразата или било кое друго ирационално поведение кон Бугарија, односно Србија, е во суштина исто што и разурнувачкиот бес на лумпен-пролетаријатот во почетокот на индустриската револуција, кога работниците ги кршеле машините мислејќи дека машините им се виновни за тешката положба.

Да чуваш, одгледуваш и негуваш кај себе патолошки страв од зборовите “Бугарија, бугарски“ значо грчевито да се држиш за една политика со која Србија си има нанесено многу зло на самата себе - а исто така и на нас.

За да знаеш каде одиш, мора да знаеш и каде си бил. Историјата се крои и прекројува - тоа ни е познато, По 100 години Али Ахмети ќе биде опишан како легендарен борец за слобода, или како криминалец, убиец и терорист - зависи од тоа кои записи тогашниот историчар ќе сака, или ќе му одговара, или ќе му биде наложено да ги земе како веродостојни документи.

Тодор Попруша (Александров) може да се нацрта и како терорист-провокатор, и како бугарски националист, и како македонски револуционер, борец за Независна Македонија. Ако пропаднеме во една од делумичните слики, го губиме од вид битното, целината.

И Бугарија и Србија водат политика која е штетна за нас; но исто така имаме и македонски политичари - штетници. Треба ли поради таквите да ја мразиме Македонија?

Ниту Иринеј Буловиќ е србин, ниту Каракачанов е бугарин, а и двајцата со сета сила работат на распирување омраза меѓу нас и србите, односно бугарите. Треба ли, умно ли е да се спуштиме на нивно ниво, да загриземе како кленови и поради ваквите провокатори да се откажеме од милионите македонци во Бугарија и од сите добронамерни луѓе во Србија?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
кленови...epten go sakam ovoj zbor :) ne opisuva ...kako DaVinci da ne crtal.......
 
Член од
3 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
Во една прилика напоменав дека без создадена и осамосталена Македонија барем во облик како по`45 нормално е дека борци за Македонската кауза ќе се јават и со пробугарски и со просрпски и со прогрчки ставови и идеи,слично на Александров,Сарафов,Протуѓеров па и Миладинови,Мисирков,Прлчев.....и многу други.
Но со такви идеи да се појават после`45та,навистина е нон-сенс и се граничи со здравиот разум.Дури и оние кој се обидуваат да ги воздигнат пробугарските или просрпските членови на ВМРО во ептен клучни патриоти за Македонската кауза(иако докажано е дека гафовите што ги направиле додека биле живи се косат нашите поимања за самостална Македонска држава со посебна Македонска нација или народ,кој ќе биде сличен но сепак различен од соседите)би можело да се рече дека ги предаваат Македонските национални обележја за туѓи интереси.
Нема што, добар коментар со здрава логика.
Со самиот факт дека си бил, или сеуште си вмровец, а вака јасно сублимирано, а пред се исправно да ги детектираш и објаснуваш генералните појдовни точки, премиси и концепти, навистина изненадуваш и тоа позитивно :)... good point of view !!!
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Кога аргументите се ограничени, на сцена стапуваат навредите и вулгарностите. Не мислам дека е умно да се прифати таа игра.

И бугарите и србите се влезени во филмот дека едните на другите си се најголеми душмани, без да се свесни кој им ги режира сцените, без да се свесни колку штета си нанесуваат самите на себе.

Ако во минатото без да сакаме сме биле, денес за нас како македонци е недозволиво да си допуштаме да бидеме вовлечени во нивниот филм, без разлика на чија страна. Хистеријата, омразата или било кое друго ирационално поведение кон Бугарија, односно Србија, е во суштина исто што и разурнувачкиот бес на лумпен-пролетаријатот во почетокот на индустриската револуција, кога работниците ги кршеле машините мислејќи дека машините им се виновни за тешката положба.

Да чуваш, одгледуваш и негуваш кај себе патолошки страв од зборовите “Бугарија, бугарски“ значо грчевито да се држиш за една политика со која Србија си има нанесено многу зло на самата себе - а исто така и на нас.

За да знаеш каде одиш, мора да знаеш и каде си бил. Историјата се крои и прекројува - тоа ни е познато, По 100 години Али Ахмети ќе биде опишан како легендарен борец за слобода, или како криминалец, убиец и терорист - зависи од тоа кои записи тогашниот историчар ќе сака, или ќе му одговара, или ќе му биде наложено да ги земе како веродостојни документи.

Тодор Попруша (Александров) може да се нацрта и како терорист-провокатор, и како бугарски националист, и како македонски револуционер, борец за Независна Македонија. Ако пропаднеме во една од делумичните слики, го губиме од вид битното, целината.

И Бугарија и Србија водат политика која е штетна за нас; но исто така имаме и македонски политичари - штетници. Треба ли поради таквите да ја мразиме Македонија?

Ниту Иринеј Буловиќ е србин, ниту Каракачанов е бугарин, а и двајцата со сета сила работат на распирување омраза меѓу нас и србите, односно бугарите. Треба ли, умно ли е да се спуштиме на нивно ниво, да загриземе како кленови и поради ваквите провокатори да се откажеме од милионите македонци во Бугарија и од сите добронамерни луѓе во Србија?
1.Јас една недела чекам аргаументи а место сргументи јас добивам пропаганда, фалсификати,навреди. За мене дека Блаже Конески бил комуњар е навреда, а за тебе Курва Бугарија е навреда.Навредите почнаја одамна кога јас на нај културен начин сакав да ја презентирам штетноста на фалсификување на делото на Александров, единствено зато и само зато што е штетно за нашата моментална политика, состојба,кауза. Величите нивен адут во нивната бескрајна борба против нас.
2. Немој пропагандата и ставот непријателски на некоја држава да го сведуваш на одредени политичари. Ни Србски ни Бугарски. Не тепаше Шешељ сам во Прохор Пчински со него имаше четници,за тие четници денес гласа пола Србија. 95% проценти од Бугарите ја подржват политиката на Каракачанов. Мене не ми само Каракачанов непријател. Мене ми се непријатели сите негови истомисленици.
3.Пак спомнуваш пролетеријат, пак спомнуваш гледање на историјата со србско-комуњарски наочари. Јас на ова ке те потсетам само едно дека колку што убија Македонци Колишевски и Тито,толку убија, а можи и повеќе само ВМРО АВТОНОМИСТИЧКА. х. Димов не беше комуњар, а не не нарече ни еднаш Бугари.
4. Јас ако ја мразев Македонија, немаше пет дене да им објаснивам на некои патриоти настрани, дека Бугарофилите не се симнол на борбата против Србите и немаше докрај да стојам на строго македонистички позиции.
п.с. Ако сакаш ти да шириш космополитизам на место национализам, оди во Холандија. Ние тука сме нападнати не само од политичари туку од цели народи. И ние ќе се бориме како што се бориме толку време и од душманите и од ЈАНИЧАРИТЕ.
п.с Јас изнесов аргументи,писма и мислам се доволно за да бидат во рамнотежа со проамакедонските изјави на Александров
 
Член од
6 април 2007
Мислења
375
Поени од реакции
11
Во една прилика напоменав дека без создадена и осамосталена Македонија барем во облик како по`45 нормално е дека борци за Македонската кауза ќе се јават и со пробугарски и со просрпски и со прогрчки ставови и идеи,слично на Александров,Сарафов,Протуѓеров па и Миладинови,Мисирков,Прлчев.....и многу други.
Но со такви идеи да се појават после`45та,навистина е нон-сенс и се граничи со здравиот разум.Дури и оние кој се обидуваат да ги воздигнат пробугарските или просрпските членови на ВМРО во ептен клучни патриоти за Македонската кауза(иако докажано е дека гафовите што ги направиле додека биле живи се косат нашите поимања за самостална Македонска држава со посебна Македонска нација или народ,кој ќе биде сличен но сепак различен од соседите)би можело да се рече дека ги предаваат Македонските национални обележја за туѓи интереси.
Тие се големи ПАТРИОТАРИ. За нив делото на Делчев,на Карев,Сандански... не е доволно НАЦИОНАЛИСТИЧКО па мислејќи дека историјата е осакатена од КОМУЊАРИТЕ, а и денес комуњарите ги кочат (јас се прашувам кои комуњари денес ко СДСМ изгуби како Грчка) Сакат да ја прошират историјата со појќе патриотизам.
За нив делото на Сугарев,Турунџев,Ѓурчин,Питу Гули и МНОГУ други не се доволно НАЦИОНАЛИСТИЧКИ. За нив да пуштиш МАГАРЕ СО ДИНАМИТ НА ПАЗАР Е ПАТРИОТСКО ДЕЛО. Не се тие криви, космополити се, широко ја читаат историјата
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192

Знаеш дека напросто сум згрозен од ставот на одредени “патриотари“ кој го маргинализираат делото на вистинските автономисти за Македонија а истовремено се обидуваат да го истакнат тобожниот Македонизам кај врховистите кој упорно се обидувале да не седнат во скутот на Бугарскиот цар.Најавите за воскреснување на делата од Михајлов,Александров и слични,само предизвикуваат уште поголем сомнеж и кај моменталното раководство на ДПМНЕ кое како да сака да им докаже на Македонците дека нормално е “сите реки да течат нагоре“.:toe:
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Ќе се заврши и таа дилема со бугарофили, србомани и гркофили..по ново и албанофили кога целосно ќе имаме зацврстен Македонизам, кој цело време го поткопуваат истите.

АБЦ јаде бабури за „македонизам“ а е најглавен гомнојадец против сопствената држава, т.е. ја поткопува и онаа најмала доверба кон државата кај Македонците кои моментално ја имаат.

И додека сите тие лигуши бугарофилски, србомански и гркофилски водат клучни функции во државноста на Македонија, истите позиции и начелни места се изостанати за „вистинските Македончишта“ кои порано или подоцна завршуваат пишувајќи на форуми, плукајќи по сите ко божем тие му се криви за сопствениот неуспех.
 
Ако го споделиш моето мислење дека Македонецот низ историјата секогаш бил разочаран и изигран токму од оние кој само ден пред тоа истоит тој народ ги поставил на пиедестал како големи “Македонски синови“ верувам дека ни ти нема да ја зајакнуваш “стерилната“ доверба кон државата која Македонците моментално ја имаат.Сведок си барем последниве 16-17 години што ни се случи со “војводите“ или “комитите“,барем толку можеш и сам да резонираш.:toe:Или и ти си заслепен како неколкумина овде на форумов кој мислат дека оној што еднаш напишал на форумов или било каде,дека единствено членовите на ВМРО се Македонци а сите други предавници,е оној правилниот,оној чистиот Македонец,иако и од авион се гледа дека тоа го прави само за материјални лични интереси,или за кога ќе си дојде дома да можат барем комшиите да му речат: -Абе алав да ти е комшија,колку се “истроши“ за Македонија.
 
TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Сведок сум јас, не се секирај....знам убаво што се случува, ама јас никогаш ниту губам надеж, ниту верба дека сепак можат Македонците да успеат...не треба да веруваат во поединци, треба да веруваат во себе. Затоа и беше напишано ОВА
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Сведок сум јас, не се секирај....знам убаво што се случува, ама јас никогаш ниту губам надеж, ниту верба дека сепак можат Македонците да успеат...не треба да веруваат во поединци, треба да веруваат во себе. Затоа и беше напишано ОВА
Па факт е дека голем број им веруват на поединци,за што јас овде цело време се трудам да им докажам дека вербата во поединци е кобна и представува само една голема грешка која тешко после се управа.:toe:
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Животот и делото на Тодор Александров претставуваат загатка и контроверза.Меѓутоа,треба да се каже дека во неговата дводецениска револуционерна и лидерска дејност името на Тодор Александров стана синоним на Организацијата.Јас го нарекувам:генијален водач,фанатичен македонски патриот,голем апостол,легенда на ВМРО,додека некои од вас се обидуваат да го прикажат како предавник на македонското дело,бугарофил,врховист.Сакам да апелирам до вториве,наместо да не прогласуваат за предавници и безпричински да правиме раздор помеѓу нас,ако ништо друго барем да ни дозволат да величиме херои кои ние мислиме дека се херои а да ,,останеме"Македонци.Не е потребен раздор.
А бај д веј за космополитизмот мислам дека е булшит
 
Јас пак мислам дека делото на Александров не треба премногу да се глорифицира за да не ни се врати како бумеранг против нас Македонците,барем додека навистина не се докаже дека тој и сличните на нему не работеле кон присоединувањето на Македонија кон Бугарија,како што докажал и покажал на пример Јане во Солун кога Бугарските офицери ги извадиле сабјите затоа што отворено и јавно наздравил дека наздравува за новата држава Автономна Македонија,што подоцна се покажало и кобно за него,го убиле Врховистите спремни да му служат на Бугарскиот цар.
Значи не смее да се величаат херои за кој не се знае отворено и јасно за што се залагале,дали за Македонија во состав на Бугарија или пак за Автономна Македонија,што мораш да признаеш и не е така мала разлика.
 
Не е мала разлика.Но реално гледано работите се толку заплеткани бетер се од Гордиев јазол така да тешко дека некогаш навистина ќе се дознае кој за што бил.Пропагандите уште повеќе ги усложнуваат работите и веќе не можеш да веруваш на било какво сведоштво или документ. На крајот се се сведува на обично верување во нечие дело или недело.
 
А за тоа време мора ли да се велича Александров и сличните на него кога еве скоро 100 години не се величаат,нека почекаат со величањето уште малку.Сега друга е поентата за оние кој се изјасниле уште додека биле живи за Автономија на Македонија,тие слободно можеме да ги величаме колку сакаме без страв од Бугарски,Српски или Грчки уцени подоцна кога би можеле да се изнајдат докази за нивната настраност кон одредена друга земја освен Македонија.Тоа ми изгледа како да тврдиме дека Караманлис е поголем Македонец и од самите Македонци и да го величаме неговото дело со кое ни ја загорчи судбината сакајќи Македонците да ги направи составен и неотуѓив дел од Грците.Затоа се величаат само докажани личности на кој Македонија им била или им е единствено како независна и автономна држава на Балканот.:toe:
 
ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Тоа е мизерна причина да сме причекале само затоа што Бугарите можеле да го искористат против нас.Бугарите се расфрлаат со документи дека и Гоце бил Блгарин па ние не се откажуваме од негово величење.Тие ќе продолжат да не убедуваат дека сме Бугари без разлика што и да направиме и без разлика кого величиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom