- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 1.428
- Поени од реакции
- 43
Кога аргументите се ограничени, на сцена стапуваат навредите и вулгарностите. Не мислам дека е умно да се прифати таа игра.Вие господа доброволно се побугарчивте. без ќотек. Со ќотек а газ ќе му даевте.
И бугарите и србите се влезени во филмот дека едните на другите си се најголеми душмани, без да се свесни кој им ги режира сцените, без да се свесни колку штета си нанесуваат самите на себе.
Ако во минатото без да сакаме сме биле, денес за нас како македонци е недозволиво да си допуштаме да бидеме вовлечени во нивниот филм, без разлика на чија страна. Хистеријата, омразата или било кое друго ирационално поведение кон Бугарија, односно Србија, е во суштина исто што и разурнувачкиот бес на лумпен-пролетаријатот во почетокот на индустриската револуција, кога работниците ги кршеле машините мислејќи дека машините им се виновни за тешката положба.
Да чуваш, одгледуваш и негуваш кај себе патолошки страв од зборовите “Бугарија, бугарски“ значо грчевито да се држиш за една политика со која Србија си има нанесено многу зло на самата себе - а исто така и на нас.
За да знаеш каде одиш, мора да знаеш и каде си бил. Историјата се крои и прекројува - тоа ни е познато, По 100 години Али Ахмети ќе биде опишан како легендарен борец за слобода, или како криминалец, убиец и терорист - зависи од тоа кои записи тогашниот историчар ќе сака, или ќе му одговара, или ќе му биде наложено да ги земе како веродостојни документи.
Тодор Попруша (Александров) може да се нацрта и како терорист-провокатор, и како бугарски националист, и како македонски револуционер, борец за Независна Македонија. Ако пропаднеме во една од делумичните слики, го губиме од вид битното, целината.
И Бугарија и Србија водат политика која е штетна за нас; но исто така имаме и македонски политичари - штетници. Треба ли поради таквите да ја мразиме Македонија?
Ниту Иринеј Буловиќ е србин, ниту Каракачанов е бугарин, а и двајцата со сета сила работат на распирување омраза меѓу нас и србите, односно бугарите. Треба ли, умно ли е да се спуштиме на нивно ниво, да загриземе како кленови и поради ваквите провокатори да се откажеме од милионите македонци во Бугарија и од сите добронамерни луѓе во Србија?