"Непотистичка рашомонијада"

  • Креатор на темата Креатор на темата ABC
  • Време на започнување Време на започнување

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
-Jас немам коментар на овој список,а вие? :

Неодамна, сопругата на директорот на ЈП „Јасен“, поранешната судијка, сега адвокат, Маја Малахова, е именувана за член на Управниот одбор на ТК „Прилеп“. Има индиции за многу негативности и во рамките на Министерството за одбрана, институција што според многу работи е „приказна за себе“. Таму, во кабинетот на министерот Лазар Еленовски, се се „мој до мој“. Сватови, баџанаци, кумови, кумашини, кумашинчиња и нечии интимни пријатели и пријателки.
Горан Трајковски - сопругот на Вицепремиерот за европски прашања Габриела Коневска - Трајковска, е директор на Управа за јавни приходи.
Милош Милошоски - таткото на актуелниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е раководител на службата за патишта во Кичево. Неофицијално тој досега има подигнато опремнина од повеќе институции.
Владо Коруновски - поранешниот градоначалник на Кичево, вујко на министерот Антонио Милошоски, е именуван за раководител на Сектор за премер и катастар во РГУ Скопје. Дознаваме дека се претставува како ,,правник“. Има завршено само ССС, отсек-геометар.
Сашо Мијалков - прв братучед на премиерот Никола Груевски е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.
Влатко Мијалков - брат на Сашко Мијалков, прв братучед на премиерот Никола Груевски е советник на директорот на Царинската управа.
Валентина Павловска - братучетка на премиерот Никола Груевски е државен советник за меѓународна соработка во Министерството за труд и социјална работа.
Момир Рафајловски - девер на министерката за економија Вера Рафајловска, претставник на авиокомпанијата „АДРИА“ за Македонија, финансиер на кампањата на НСДП е избран за претседател на Управниот Одбор на ЈП „Службен весник на РМ“ (читај Службен Весник на РМ, бр 103/2006).
Дарко Дулиќ - син на пратеничката на ВМРО - ДПМНЕ Благородна Дулиќ e помошник директор во Царинска Управа. Го води Секторот за контрола и истраги.
Ромео Јосифовски – од НВО „Глас на светлината“ - назначен за член на Одбор за материјално финансиска контрола и надзор на ЈП „Службен Весник на РМ“ - (Службен весник на РМ , бр . 103/2006).
Дионис Манов - таст на вицепремиерот Зоран Ставревски, е член на Управниот одбор на ЕЛЕМ.
Ратко Црвенковски - зет на пратеникот од ЛП Стојан Андов е член на Управниот одбор на ЕЛЕМ.
Лилјана Сусинова - сопруга на Кирчо Сусинов (НСДП), директор на „Голд Мак“ од Радовиш и советник на градоначалникот на општина Радовиш е именувана за директор на Здравствен дом во Радовиш.
Ѓорѓи Стефчев - братучед на Кирчо Сусинов е предложен за управник на Македонскa поштa – подружница во Радовиш).
Сузана Тодорова - Сусинова - снаа на Кирчо Сусинов е вработена како наставник во ОУ „Орце Николов“ во с. Ињево
Илија Козаров - брат на претседателот на НСДП на Струмица, Киро Козаров, е вработен со договор на дело како раководител во Македонски пошти - подружница Струмица.
Златко Ристески - прв братучед на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески е именуван за директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Златко Петрески – роднина на градоначалникот Марјан Ристески е вработен во ЛС Прилеп и именуван за член на Управниот одбор во ЈП „Водовод и канализација“.
Гоце Ингилизов - кум на градоначалникот Марјан Ристески е именуван за директор на Заводот за здравствена заштита, без ниту еден ден работно искуство.
Здравко Тренески - брат на сопругата на градоначалникот Марјан Ристески е вработен во Т-мобиле во Прилеп.
Ицко Чупаркоски - вујко на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски е раководител на Секторот за урбанизам во ЛС Прилеп.
Блаже Димески - сопруг на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска е вработен во ЛС Прилеп како началник на инспекторат.
Михајло Атанасоски - татко на Влатко Атанасоски, претседателот на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“, до скоро извршен директор на „Тутунски комбинат“ и координатор на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, е директор на Државниот архив на РМ -подрачна единица Прилеп.
Гоце Ѓорѓиоски - прв братучед на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Оливер Деркоски е началник на СВР Прилеп.
Донка Деркоска - сопруга на пратеникот Оливер Деркоски е вработена во ДСУ „Орце Чопела“.
Ирена Дамеска - сопруга на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Панче Дамески е вработена во ДСУ „Орце Чопела“.
Елизабета Димоска - сопруга на Златко Димоски, член на Советот на општина Прилеп и од неодамна директор на „Македонски пошти“ е вработена во ЈП „Водовод и канализација“.
Велика Бакарова - сестра на директорот на Домот за стари лица и поранешен секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Драган Пенков е вработена во ЛС Прилеп.
Лазар Ставрески - прв братучед на вицепремиерот Зоран Ставрески е раководител на Подружницата на Македонија пат – Охрид.
Именуван е без соодветно образование. Има виша угостителска туристичка школа.
Гоце Буџакоски - роднина на началникот на СВР Охрид Стефан Буџакоски е раководител на Царинската испостава во Охрид.
Снежана Стефаноска - сопруга на претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид Владо Стефаноски е назначена за директор во охридската Специјална болница.
Наташа Коњановска - прва братучетка на министерот за локална самоуправа, Зоран Коњановски е поставена за главна медицинска сестра во Здравствениот дом.
Жарко Јовановски - шура на претседателот на НСДП, Тито Петковски е директор на Здравствен дом „Д. Арсов“ во Крива Паланка. Тој претходно бил отпуштен од таму по основ на приватна лекарска пракса, а дознаваме се има откажано од специјализацијата анестезиолог-реаниматор.
Стојан Миланов - баџанак на пратеникот од СПМ Љубисав Иванов-Ѕинго е директор на „Злетовица“ во Кочани. Именуван е иако има Кривична пријава за злоупотреба на службената положба уште од 1998. година.
Ѓорѓи Дамчески - братучед на Васко Дамчески, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево е директор на Здравствен дом Крушево.
 
Еве уште малку непотизам:

Наташа Јовановска, ќерка на истражната судијка Катица Јовановска, од пред неколку месеци е вработена во кабинетот на државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски. Катица Јовановска е судијката што не му изрече мерка притвор на Владо Бучковски за случајот со набавка на резервни делови за тенковите на АРМ, а за истиот случај му изрече 30 дена притвор на генералот на АРМ во пензија, Методиј Стамболиски. Ќерка и Наташа во мај годинава се вработи во кабинетот на државниот јавен обвинител Љупчо Шврговски како стручен соработник, а претходно работела како приправник во адвокатска канцеларија од Скопје.
- Сосема е извесно дека Наташа Јовановска во блиска иднина ќе стане државен обвинител. Тоа значи дека постојано ќе биде во блиска корелација со истражните органи поради позицијата на мајка и. Најдете еден родител што ќе остане непристрасен и кој нема да помогне во кариерата на сопственото дете.
 
Kakvi saka nema ima ovaa vlada rezultati,a znaeme kakvi ima,so vakvi nepotizmi nigde ne odat.
Ova e odgovor na temata za Vmrovci vo ova Vmro.

Ne mi vlegva v glava,kako mozi od grupa lugje(partija) so 300 inzeneri,200 lekari,500 ecc,400 pravnici i da ne redam uste,na vlast da dojdat samo rodnini!
Totalno unistena partija i slepanje na to sto mora Vmro da edna od dvete.Mizerija.
 
Активностите на релевантните изминативе години на самостојност, не креираа впечаток дека се работи барем на ублажување на проблемот на непотизам во институциите кои се финансираат од буџетот на државата; заради тоа, во голема мера, паѓа во вода неопходноста да се одговори на барањето за комплетна професионализација на тие институции. Како и да е, простор за прашања особено остава поставувањето на лица во сродство со високи функционери, на директорски позиции на безбедносни служби.

И една забелешка во врска со листата погоре: Колку што ми е познато, началник на СВР Охрид не е лицето посочено во списокот, а и од причини заради кои постојат вакви и, особено, листи на вработувања според партиска заслуга, нема логика ни да биде :).
 
Vaka pero_itrica...posle izleguvanjeto od SOPCETO ZA BRIFING ,a vednas slednoto utro posle jadackata i pijackata po povod "izborot" .......................na IZBRANICITE, .........koi i da se........... im SVETNUVA.....:):)!!
Togas nastanuva situacija: daj sto dades, koj ebe drzava, koj ebe Makedonija, zemi sto ke zemes...ovie ne se zaebavaat , a zivot e kratok.
Stanuvas paranoicen i na kogo kolku tolku veruvas vo takva sostojba na umot... vo takvi momenti...??? Najverojatno na onie sto ti se i od pred toa bliski ili rodnini.................
NEPOTIZMOT E SAMO NUZ POJAVA...:):)!!! Prasaj go Fuere za pricinite........
 
Немам ништо против нека работат, само лошо е за народот, сите тие роднини излегоа кадар и тоа јак, па ке бидеш, добар кадар кога роднина ти ги ценува твојте квалитети
 
За повеќето од тие кадри не сум слушнал,но сепак колку што разбараб некои од нив добро си ја бркаат работата.За жал тоа е реалноста....и претходната влада ја спроведувше истата практика.:toe:
​
 
Од илјадници луѓе кои работат во администрација, си издвоил само 20-30 души??? :)

Не ни очекував нешто друго...
 
Па добро бе оние луѓе горе на списокон немаат право на работа???


Имаат бе како немаат право за работа,па токму од такви луѓе ни цвета државава,некои од нив имаат и по 3-4 работни места од што се ептен добри па подигнуваат одпремнини од една за да завршат како директори во друга фирма со сомнително образование и никакво искуство.Покрај тоа на списокот не се напоменати луѓе кој се вработени како копачи на канали во Комуналец Прилеп за кој никој не би имал против.Па можеби не си приметил дека сите шефови и директори на јавни претпријатија се брачеди на градоначалникот.Зошто морале да бидат началници на некакви управни одбори,кога на предходното работно место практично се "посрале" и споебале по 10тина милиони евра како во Тутунскиот комбинат Прилеп.
За повеќето од тие кадри не сум слушнал,но сепак колку што разбараб некои од нив добро си ја бркаат работата.За жал тоа е реалноста....и претходната влада ја спроведувше истата практика.:toe:
​

Толку добро што дури и во ЕУ приметиле па ги ставиле на тапет како една од причините за слабите или никакви реформи во судството на пример.Доколку предходната влада ја спроведувала истата практика па повелете излезете со некое списоче вака колку да видиме кој и како вработувал односно ги кочел реформите со дебилни кадри непотистички испреплетени како црева.Впрочем треба ли и оваа влада да продолжи со истата практика како и предходната?
 
Back
На врв Bottom