Економски факултет (стара тема)

Статус
Затворена за нови мислења.

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Ајде брат, мене ништо не ми текнува, ти си ги запомнал и со одговори :)
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
68
Поени од реакции
2
како што кажа проф. меѓународна ќе биди и оптичи и со раскажвање....

еве на што се сеќавам од прашањата по маркетинг

1. Статистичката анализа на побарувачката се состои од искажување на продажбата како независна варијабла и обид да се објасни продажбата како функција на одреден број зависни варијабли на побарувачката. - Погрешно


2. Кога купувачите не ги планираат нивните набавки внимателно или кога стручњаците не се на располагање или не се сигурни, компанијата може да сака да спроведе анализа на временски серии . Ова е особено корисно во предвидувањето на продажбата на нов производ или на веќе потврден производ преку нов канал на дистрибуција или нова територија. - Погрешно

3. Вкупната побарувачка на пазарот (и по области) за производ или услуга претставува вкупниот обем кој би бил купен од страна на дефинирана група на потрошувачи во дефинирана географска област и временски период, во дефинирано маркетинг окружување и во услови на дефинирано ниво и микс на маркетинг напори во индустирјата. - ТОЧНО

4.Кои од следните не се соцолишки фактори ?
-Улога и статус
-Личноста и претставата за себе
-Начин стил на живеење
-Уверувања и ставови
-Семејството

5. Фактори во технолошката околина се
-Постојаниот инфлаторен доход
-концентрација на помали подобрувања отколку на големи откритија
-зголемување на бројот на прописи за технолошки измени
-Образование
-измени во спроведување на прописите

6.Кои се предуслови за развој на маркетинг концептот?
-општествена продуктивност
-стурктура на вработеноста
-развиеноста на пазарните односи
-динамиката на условите за стопанистување
-меѓусебниот однос на одделните функции на стопанскиот субјект

7.Факторите кои влијаат на примена на маркетинг концепот се делат на надворешни и внатрешни. Според Котлер, кои се надворешни фактори:
-Маркетинг околина
-пазарот

-инструменти на компанијата
-маркетинг микс

8. Статистичкиот приод кај историскиот метод, појавата се согледува во определен период од нејзиниот развој, па оттаму и не може да се утврдува нејзината динамика. - ПОГРЕШНО

9.Но, многу често веднаш по купувањето или по извесно време, потрошувачите ги преиспитуваат своите одлуки и тоа во насока на нејзината оправданост изборот итн. Ваквите "сомневања" се познати како оснзнавање на проблемот - ПОГРЕШНО

10.Фази во процесот на донесување одлука за купување кај пазарот за лична потрошувачка се:
-прибирање информации
-оцена на различните алтернативи
-избор и купување

-однесување по купување
-Препознавање на проблемот

11. Позиционирање на пазарот - определување на привлечноста на секој пазарен сегмент пооделно. - ПОГРЕШНО

12.Таргетирање на пазарот - Поделба на пазарот на хомогени групи на потрошувачи кои имаат исти или слични потреби за чие задоволување е неопходен маркетинг микс концепт или делење на пазарот на различни групи на купувачи........ - ПОГРЕШНО

13.Притоа сегментирањето на пазарот може да се изврши на неколку различни нивоа: (а) масовен маркетинг, (б) сегментирачки маркетинг, (в) субсегментирачи маркетинг, (г) микромаркетинг - ТОЧНО

14.Недифреренцираниот маркетинг се фокусира повеќе на сличностите отколку на разликите во желбите на потрошувачите - ТОЧНО

15.Маркетинг разузнавањето претставува прибирање на секојдневни информации во врска со новите случувања во маркетинг окружувањето кои им помагаат на менаџерите да ги подготват и приспособат маркетинг плановите - ТОЧНО

ме мрзи.. ми текнуват уште...



ехххх да памтев матријал колку што памтам тестови......

abe da ne gi imase ti prasanjava pred kolokvium hahhaah?:baeh:
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Маркетинг 16.5!!! Палиме гасиме-кажано РНС-Style :wink:

Ајде професоре Бобек спуштете границата на 38ка(толку ми треба:)!!!* И ќе биде лудило!!!!
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
А финансиско сметководство знае некој како ке биде,колку прашања ќе имаме,колку време..колку точни одговори.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
За Финансиско Сметководство не знам точно, ама сум слушнал и дека на испит е многу полесно, а за да положиш преку колоквиуми треба да имаш добри резултати на сите три колоквиуми. Знам дека лани сите што преку колоквиуми имаа поени за шестка ги падна, и пишуваше оценки од седум нагоре. Можеби е рекла-казала, значи не сум сигурен. Ама сигурен сум дека на последниов испит во Септември им покачи граница, не на 60 туку на 65.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
68
Поени од реакции
2
Маркетинг 16.5!!! Палиме гасиме-кажано РНС-Style :wink:

Ајде професоре Бобек спуштете границата на 38ка(толку ми треба:)!!!* И ќе биде лудило!!!!

mene na 20.2 hahaha
moze i ke ja spusti do 20 hahaha ako se lazeme:tapp:
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.215
Поени од реакции
939
А финансиско сметководство знае некој како ке биде,колку прашања ќе имаме,колку време..колку точни одговори.
За Финансиско Сметководство не знам точно, ама сум слушнал и дека на испит е многу полесно, а за да положиш преку колоквиуми треба да имаш добри резултати на сите три колоквиуми. Знам дека лани сите што преку колоквиуми имаа поени за шестка ги падна, и пишуваше оценки од седум нагоре. Можеби е рекла-казала, значи не сум сигурен. Ама сигурен сум дека на последниов испит во Септември им покачи граница, не на 60 туку на 65.
Тој па кој да го разбере.

Јас во февруари го положив на испит и имав бодови за 6-ка а во канцеларија кога бев да земам оценка, ми пиша 7-ца, затоа што таа бодовна скала што била истакната на испит била само формална, а тој во својот памет имал формирано своја и според неа јас сум бил за 7-ца :pos:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.001
Поени од реакции
5.635
Тој па кој да го разбере.

Јас во февруари го положив на испит и имав бодови за 6-ка а во канцеларија кога бев да земам оценка, ми пиша 7-ца, затоа што таа бодовна скала што била истакната на испит била само формална, а тој во својот памет имал формирано своја и според неа јас сум бил за 7-ца :pos:
Хехе, кога сите би праеле така.
Еве ја сега Менаџмент, упс Основи на Менаџмент, имав поени за пет, и ако одам кај професорот ќе ми пиши шест, УБАЈНИ :pos:
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
125
Поени од реакции
4
А кои се термините за полагање Финансиско сметководство????
Бев да видам денес ама покриени се листовите со резултатите менаџмент...... така да неам појма утре кога полагам:toe:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Маркетинг 16.5!!! Палиме гасиме-кажано РНС-Style :wink:

Ајде професоре Бобек спуштете границата на 38ка(толку ми треба:)!!!* И ќе биде лудило!!!!
Седи бе за менаџмент,ќе ти покажам како на испит се вади 10ка.
Што ќе се замараш со колоквиуми:vozbud:
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
А кои се термините за полагање Финансиско сметководство????
Бев да видам денес ама покриени се листовите со резултатите менаџмент...... така да неам појма утре кога полагам:toe:
Има само еден термин од 13:00 часот. Треба само да провериш каде полагаш
 

Чекич

Мајкл Оливер судиски боготац
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.998
Поени од реакции
6.305
денес се шушкаше дека ќе ја симне границата на 35
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
може ако има некој буден да сподели искуство од економија ? оптички е/не оптички... тешко/лесно?! јас чув дека било заебано... ќе видам за неколку часа.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
може ако има некој буден да сподели искуство од економија ? оптички е/не оптички... тешко/лесно?! јас чув дека било заебано... ќе видам за неколку часа.
оптички...
нема потреба да бубаш и учиш дефиниции...

битно е да разбериш што се случува...

на прв се претежно задачи преку примери...
пр. често врни дожд и трошоците за производство на чадори се намалени во однос на порано
и даени ти се четири графици да одбериш кој ја прикажува ситуацијава ...

пресметки све тоа... маргинално ова маргинално она... да знаеш како изгледаат, дали растат или опаѓаат кај се сечат и што значат...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom