како што кажа проф. меѓународна ќе биди и оптичи и со раскажвање....
еве на што се сеќавам од прашањата по маркетинг
1. Статистичката анализа на побарувачката се состои од искажување на продажбата како независна варијабла и обид да се објасни продажбата како функција на одреден број зависни варијабли на побарувачката. - Погрешно
2. Кога купувачите не ги планираат нивните набавки внимателно или кога стручњаците не се на располагање или не се сигурни, компанијата може да сака да спроведе анализа на временски серии . Ова е особено корисно во предвидувањето на продажбата на нов производ или на веќе потврден производ преку нов канал на дистрибуција или нова територија. - Погрешно
3. Вкупната побарувачка на пазарот (и по области) за производ или услуга претставува вкупниот обем кој би бил купен од страна на дефинирана група на потрошувачи во дефинирана географска област и временски период, во дефинирано маркетинг окружување и во услови на дефинирано ниво и микс на маркетинг напори во индустирјата. - ТОЧНО
4.Кои од следните не се соцолишки фактори ?
-Улога и статус
-Личноста и претставата за себе
-Начин стил на живеење
-Уверувања и ставови
-Семејството
5. Фактори во технолошката околина се
-Постојаниот инфлаторен доход
-концентрација на помали подобрувања отколку на големи откритија
-зголемување на бројот на прописи за технолошки измени
-Образование
-измени во спроведување на прописите
6.Кои се предуслови за развој на маркетинг концептот?
-општествена продуктивност
-стурктура на вработеноста
-развиеноста на пазарните односи
-динамиката на условите за стопанистување
-меѓусебниот однос на одделните функции на стопанскиот субјект
7.Факторите кои влијаат на примена на маркетинг концепот се делат на надворешни и внатрешни. Според Котлер, кои се надворешни фактори:
-Маркетинг околина
-пазарот
-инструменти на компанијата
-маркетинг микс
8. Статистичкиот приод кај историскиот метод, појавата се согледува во определен период од нејзиниот развој, па оттаму и не може да се утврдува нејзината динамика. - ПОГРЕШНО
9.Но, многу често веднаш по купувањето или по извесно време, потрошувачите ги преиспитуваат своите одлуки и тоа во насока на нејзината оправданост изборот итн. Ваквите "сомневања" се познати како оснзнавање на проблемот - ПОГРЕШНО
10.Фази во процесот на донесување одлука за купување кај пазарот за лична потрошувачка се:
-прибирање информации
-оцена на различните алтернативи
-избор и купување
-однесување по купување
-Препознавање на проблемот
11. Позиционирање на пазарот - определување на привлечноста на секој пазарен сегмент пооделно. - ПОГРЕШНО
12.Таргетирање на пазарот - Поделба на пазарот на хомогени групи на потрошувачи кои имаат исти или слични потреби за чие задоволување е неопходен маркетинг микс концепт или делење на пазарот на различни групи на купувачи........ - ПОГРЕШНО
13.Притоа сегментирањето на пазарот може да се изврши на неколку различни нивоа: (а) масовен маркетинг, (б) сегментирачки маркетинг, (в) субсегментирачи маркетинг, (г) микромаркетинг - ТОЧНО
14.Недифреренцираниот маркетинг се фокусира повеќе на сличностите отколку на разликите во желбите на потрошувачите - ТОЧНО
15.Маркетинг разузнавањето претставува прибирање на секојдневни информации во врска со новите случувања во маркетинг окружувањето кои им помагаат на менаџерите да ги подготват и приспособат маркетинг плановите - ТОЧНО
ме мрзи.. ми текнуват уште...
ехххх да памтев матријал колку што памтам тестови......