Сидата ме казни со живот во самотија

  • Креатор на темата Креатор на темата KoNtEjNeR
  • Време на започнување Време на започнување

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
Животот ми стана најголема казна откако со еден непромислен потег ги заразив, а потоа ги погребав сопругата и двете деца, вели Конев
Никогаш нема да си простам оти со еден непромислен чин ги заразив и си ги убив двете златни деца и сопругата, вели 48-годишниот прилепчанец Стојан Конев, додека ги пали свеќите на гробот во кој почиваат неговите најмили. Од сида најпрво почина неговата сопруга Трајанка, а потоа синот Велјан и ќеркичката Даниела. Тој 14 години живее како носител на вирусот ХИВ.

- Животот ми стана најголема казна, откако си ја погребав фамилијата. Моја мисија е да ги поучувам младите да не се повтори мојата трагедија. Во мојот пеколен свет, малку ме одржува соработката со невладините организации за борба против сидата - вели Конев.

Негова секојдневна маршрута е патот од неколку километри до Новите гробишта во Прилеп, до каде оди пеш, како што вели, на средба со најмилите.

Конев ја донел опасната заразна болест во семејството во 1993 година. Прва од сида почина неговата 33-годишна сопруга Трајанка.

Потоа го погребал шестгодишниот син Велјан и на крајот болеста му го зела од раце, најмалото чедо, петгодишната Даниела, оставајќи го да се мачи со себеси, да проценува повеќепати дали да посегне по сопствениот живот или да живее и да се бори против ширењето на болеста за која се' уште нема лек.

- Сознанието дека сум ХИВ-позитивен го доживеав шокантно. Првин се откри кај сопругата, а потоа кај мене. Ѓаволот од мене ги пушти пипалата кај децата. Од глупост станав сениште и жив мртовец. Се' направив за да го спасам мојот семеен свет. Се борев сам, отфрлен од моето и од семејството на сопругата. Децата болни останаа без лек и храна. Заминаа гладни, со грч во стомакот. И тие што сакаа да ми дадат леб се плашеа да го донесат. Никој не ме сакаше. Бегаше се' од мене како ѓавол од темјан. Не сакаа ниту децата да ги погребат. Нема поголема болка на душата татко да кове сандак за дете и родител да погребува чедо. Бесен сум на себе оти сам си го уништив потомството. Но, опасната болест мене не ме зема. Ме остави да ме шмука капка по капка, додека ми пука душата поради страшната грешка - се прекорува Конев.

Граѓаните го изолираат од страв и од незнаење, а доживеал и закани и навреди.

- Ги оправдувам. Граѓаните не се виновни што не знаат за сидата и се плашат. Денот го врвам со мерење на улиците низ градот. Често плукнат и опцуен, осуден и прекорен. Да бев на робија, ќе имав повеќе контакти. Не се лутам. Малку е тоа за мене и малку е што не ме пуштаат во продавница за храна. Сепак, се снаоѓам и купувам во една - ја раскажува Конев својата болна животна приказна.

Последниве години е ориентиран на кампањите за борба против сидата. Одговара на секоја покана на невладини организации за вклучување во проекти за заштита од неизлечливата болест.

- На млади и на постари им ја раскажувам мојата несреќа и какви последици може да има од непромислен потег. Им нагласувам да се чуваат од заразата, таа не пребира свое или туѓо, мало или големо, деца или возрасни. Не сакам ниту душманот да го почувствува моето трагично искуство. Им препорачувам да ги користат сите заштитни средства - порачува Конев.

Тој планира да напише и книга за, како што вели, да го паметат генерациите да не тргнат кон бездната во која тој тоне. Конев прима само витаминска терапија и не верува дека ќ науката скоро ќе најде лек за болеста.

- Би сакал да се случи чудо, да се спасат многу луѓе - завршува Конев.
 
А ти шо си :kesa:

Онтопик
Не е се вака ко шо е напишано.
Го познавам човекот и не е се точно како што е овде...
Болеста ве прави субјективни но тоа е
 
ахх стварно колку страшно и потресно :( еден потег и све што си градел цел живот во вода си го фрлил... :( немам зборови..страшно
 
Да, да имаше ваква тема, ме растажува увек овој текст..се викаше темата ако добро памтам: Само една тажна приказна...
 
Да, да имаше ваква тема, ме растажува увек овој текст..се викаше темата ако добро памтам: Само една тажна приказна...

да да ...сум ја читач...ама многу језиво............:tapp:
 
Граѓаните го изолираат од страв и од незнаење, а доживеал и закани и навреди.

- Ги оправдувам. Граѓаните не се виновни што не знаат за сидата и се плашат. Денот го врвам со мерење на улиците низ градот. Често плукнат и опцуен, осуден и прекорен. Да бев на робија, ќе имав повеќе контакти. Не се лутам. Малку е тоа за мене и малку е што не ме пуштаат во продавница за храна. Сепак, се снаоѓам и купувам во една - ја раскажува Конев својата болна животна приказна.
толку се писмени, да не речам хумани луѓето кај нас.
 
толку се писмени, да не речам хумани луѓето кај нас.

Па затоа и тој одговара на повикот на невладините организации кога држат едукации. Член сум на една таква организација и еднаш го повикаја да учествува на едукација за средношколци, пред се за да им го искоренат баукот дека тој може да те зарази дури и со поглед (сигурно има и такви што веруваат и во тоа). Неедуцираноста не води кон тоа, се што знаает од школо е една слика на грозоморно суштество под која пишува дека е човек заболен од сида/ХИВ. Да ти е*ам образованието, невладините организации повеќе едуцираат од наставниците и професорите:tapp:
 
- Ги оправдувам. Граѓаните не се виновни што не знаат за сидата и се плашат.
Не знаат со сигурност за секоја подробност дури ни лекарите. Допрва се откриваат податоци за оваа болест. Се сомневаат, но...
ХИВ може да се пренесе и преку заразени клетки во спермата


Досега постоеше сомнеж дека заразенитре клетки можат да го пренесат ХИВ вирусот, но француското истражување направено кај мајмуни, го потврди тоа.
Досегашните истражувања покажуваа дека болеста ја пренесуваат само слободните вируси во спермата.
Истражувањата ги направиле експертите од францускиот Комесаријат за атомска енергија (ЦЕА) и Институтот за здравје и медицински истражувања (ИНСЕРМ).
Човеков нема кажано како ја добил болеста? Колку што се сеќавам од написи, човеков ја добил инфекцијата од проститутки или така нешто. За жал, наместо него, казнети биле неговите деца и жена.
 
Случајно налетав на приказнава денес па ми текна дека го имам гледано на ТВ како мал. Жив е човекот уште? Што се случува?
 
Ја прочитав целата сторија ... иако е стара ... потресно ...

Само ме интересира како си ги заразил децата ? :eek:
 
Ја прочитав целата сторија ... иако е стара ... потресно ...

Само ме интересира како си ги заразил децата ? :eek:
Изгледа мајката ги заразила.
Интраутерино, во текот на породување или доење.
 
Оксфорд: Во Холандија откриена позаразна варијанта на ХИВ

јасно како бел дн... Ковид не изврши доволна депопулација, ајде сега нова биолошка војна против човештвото... ако маската ке се вади само за јадење, кондомот само за мочање :cool:
башка со ова ќе напраат поефикасна депопулација, пред се на помлади луѓе кој треба да имаат потомство, особено во земјите од 3-от свет.. а за привилегираните и богатите нема да има проблем, ке има лекови...
 
У јебемти, незнаев за овој случај. Жив е човекот уште или не? Темата е пред 15 години ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom