Дали се разбирате себеси?

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Се разбирам себе си и сите мои постапки знам дека сум ги направила свесно иако не секогаш последиците биле со исход како што сум замислила дека ќе бидат. Сепак јас сум креатор на сопствената личност и апсурдно е да се побивам самата себе и сопствените постапки иако можеби некому би му изгледале чудни и несфатливи. Не значи дека ако човек погреши, не се разбира себеси...тоа се две различни работи. И да згрешиш во одредена ситуација важно е самиот да си ја увидиш грешката и ако можеш да ја поправиш.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
за мене ниту еден човек не може секогаш да се разбере себеси, ако секогаш се разбира никогаш нема да погреши, а тогаш нема да има можност да научи....
Vrz koja osnova go tvrdish toa?

Ako ne se razbirame sebe si, kako sme sozdale veshtachka inteligencija?

Prochitaj go Drajfus za prirodata na umot:

http://www.societies.stir.ac.uk/sppa/events/abstracts/rhamilton38533abstract.html
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Најтешкото нешто е да се разбериш себеси. Јас мислам дека е многу полесно да разбериш некој друг отколку себеси.
Многу е полесно кога некој гледаш од страна го гледаш како се вклопува во средината и слично. А самиот е многу потешко да се проанализираш, незнаеш дали навистина си добар или пак средината постојано те толерира иако си лош.
А многу поважно е да направиш другите да те разбираат тебе на вистинскиот начин.
Јас лично не се резбирам за се себеси некои работи и самиот неможам да си ги објаснам зошто баш така ги правам или постапувам на одреден начин.
Па неможеш да ги разбереш другите ако не се разбереш себе си првин. Можеш само да сее трудиш да ги разбереш и толку. Најтешко е да, да се спознаеш себе си.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Па неможеш да ги разбереш другите ако не се разбереш себе си првин. Можеш само да сее трудиш да ги разбереш и толку. Најтешко е да, да се спознаеш себе си.
Како неможиш кога полесно е да ги разбериш другите, друго е кога некој набљудуваш од страна гледаш како се однесува во околината, а ти самиот неможиш да се налљудуваш од страна да гледаш како те прифаќа оптеството дали се што правиш е правилно. И психолозите на тој начин работат ги слушаат другите ги разбираат им помагаат, ама прашај психолог , психијатар дали се разбира себеси ќе видиш што ќе ти одговори.

Vrz koja osnova go tvrdish toa?

Ako ne se razbirame sebe si, kako sme sozdale veshtachka inteligencija?

Prochitaj go Drajfus za prirodata na umot:

http://www.societies.stir.ac.uk/sppa/events/abstracts/rhamilton38533abstract.html

Па на тој принцип работи општеството да се разбираме едно со други , вештачката интелегенција не ја прави еден човек ја прават повеќе луѓе кој работат на некој проект , кога некој друг ќе те разбери ќе ти поможи и ти самиот да се разбериш, а неможиш сам да се разбериш без помош на другите. Се разбира има исклучоци еден во 10 милиони :)
 
K

kat.<3

Гостин
како кога имаш сили да помогнеш на луѓето кои ги сакаш, да ги разбереш и да им кажеш зборови кои имаат силна потреба да ги чујат, ама тие зборови не можеш секогаш да си ги кажеш на себе, па затоа ќе има секогаш некој кој ќе ги кажува, некој кој те разбира, како што ти си го разбрал него. најтешко е човекот да се разбере себе и да си помогне. полесно е да остави на времето да ги реши загатките кои тој не може.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Често пати се имам најдено во ситуација да не можам да си разбреам некоја постапка.
Правиме нови работи, за кои ни треба време да ги сфатиме и да сфатиме зошто сме ги направиле.
Меѓутоа, секој пат, се наоѓам себе си како човек кој постапил онака како што постапил, издржано и со одредено претходно размислување.
Концептот на постапките, сакал јас или не, несвесно се формира уште при поставување на некој проблем, каде треба да одредам што е правилно а што не е.
Едноставно таков сум, и секој пат потполно се разбирам зошто сум го направил тоа токму на тој начин.
 

*pumpkin*

addicted to blue
Член од
28 август 2008
Мислења
716
Поени од реакции
23
слабо!!!!обично сама на себе си праам збунки!!!!треба да почнам да се преиспитувам пред да направам нешто!!!
 

kostovska

Рокенролистика :))))))
Член од
22 јануари 2009
Мислења
368
Поени од реакции
11
Како може некој да не се капира себеси...па нормално дека во повеќето случувања и потези кои ги прајме не ги прајме за џабе него поради одредена причина која мора да биде сватена од наша страна. Има два, три исклучоци во кои самата не можам да се разберам.....едниот е тоа дека преголема добрина од моја страна може сосема да ме уништи,и да ми е отфрлена како отпадок а сепак сеуште сум предобра!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Кога ја контролирам ситуацијата околу мене нормално дека се разбирам и знам што правам. Додека ако пак го приклучам автопилотот, тој си вози јас одмарам, и што има да разбирам тука механизам си е механизам.
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Мислам дека не постои човек што апсолутно се разбира себе си и своите постапки, некој се разбира помалку, некој повеќе- зависно од тоа колку личноста е самокритична, самоуверена и способна да се контролира.
Јас обично свесна сум за своите постапки, им наоѓам некоја логика зошто дошло до таква реакција и слично, но некогаш ми се случува да не разберам зошто така сум постапила, односно ме водел моментот пред пресудата дали е тоа добро или лошо.

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Нема шанси да се разберам целосно. Во некои области да, али во некои тотално сум збунет од моите постапки.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Па не се разбирам баш секогаш..
Постапките и зборовите ми се побрзи од мозокот и неретко после си викам - Што да хел направив?
Но ко што се вика - После е*ење нема каење.
А и ако добро испаднало и ми причинувало задоволство па и нема зашто да се каам.. Сум си го послушала едноставно срцето.
Но што понекогаш зборам и премногу и го кажувам ставот и за работи за кои можеби па и не треба ми е ептен маана и не се разбирам но редовно го праам тоа. Не размислувам и не бројам до 3. Можеби со годините ќе се промени ова, но и да не нема што да се каам јбг дел од мојот карактер е.
Сепак би рекла дека не се разбирам скроз себеси.. Ок понекогаш имам образложение за својте постапки но понекогаш едноставно се случува. Всушност претпоставувам дека ги правам работите затоа што срцето ми вика да ги направам. Па иако немам образложение не се каам никогаш.
 
М

Мрак

Гостин
Понекогаш да,понекогаш не.Поголемиот дел од времето се разбирам,знам зошто нешто правам и потоа можам самата на себе да си објаснам зошто тоа сум го направила.Мислам дека никој неможе целосно да се разбере себеси и своите постапки.Па така настануваат и грешките,лошите моменти од кои само треба да извадиме поука.Тие се доказ дека не се разбираме себеси понекогаш.Секој барем еднаш неделно си вели:Зошто бе го напраавив тоа,зошто така изреагирав итн...Неможеме да кажеме дека комплетно се разбираме себеси.:helou:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
да, мислам дека секогаш имам објаснение за своите постапки, барем пред себе. некогаш не е убаво да им се каже вистината на другите, зашто нема да разберат. можам да кажам дека секогаш кога сум пред избор, ја знам вистинската одлука, ама знам дека и дел од невистинската ми одговара и дека ќе ми биде лошо без тој дел па во 99% од случаите ја бирам невистинската, одлука и после патам. верувам дека е така со повеќето од нас, барем со делот дека знаеме која е вистинската одлука. само прашање на карактер е колку ќе се осудиме да ја одбереме.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Секогаш се разбирам себе си :toe: ....барем кога сум трезен
 

Kajgana Shop

На врв Bottom