Па избегнуваш да одговориш на прашањето:-дали ти за инвеститор во Македонија гледаш фирма на која давачките за вработените и ги плаќа државата?Mислиш ли дека и во земјата од каде потекнува таа фирма државата им ги плаќа давачките на вработените а газдите си го приграбуваат профитот во своја лична корист,дури и без да плаќаат давачки за тоа?Размисли,не мора да брзаш и одговори на прашањата со што ќе ја согледаш вистината дали тоа е навистина инвестиција или чиста кражба од Македонскиот народ.
Инаку споредби со било кого мене не ме тангираат јас само ја кажувам реалноста на овој форум без да бидам заслепен од власта која ни пика "Трн во око" велеќи дека е "раска".
абц, каде живееш ти во сингапур или македонија?
ќора инвестиција немаше во македонија задниве 10 години, и сега по твоја желба треба сите компании без никакви привилегии да инвестираат овде кај нас? зошто бар не си бар минимум објективен и да признаеш дека тоа така не оди.
тоа што некој овде кажа - 150 милиони биле малку - кажа и остана жив! ама галиба е тешко ранет
еве да видиме како се инвесраше во македонија, последниве неколку години.
2000г - 190 милиони
2001г - 493 милиони (од кои околу 320 отпаѓаат на телекомот) што ќе рече без него околу 170 милиони американци
2002г - 83 милиони
2003г - 84 м.
2004г - 126 м.
2005г - 80 м.
2006г - 280 м. (од кои 225 милиони отпаѓаат на продажбата на ЕСМ) со што доаѓаме до рекордни 55 милиони директни странски инвестиции на годишно ниво
во двата случаи (2001 и 2006) ги исклучив продажбите на телеком и есм, бидејќи и не можат да се сметаат за некаков успех продажба продажба на државни компании, најмалку како инвестиција
и сега наеднаш, 150 милиони директна странска пара вложена во македонија од само една компанија да ти биле малку, додака на друг му сметаат условите под кои странците решиле да инвестираат! реков.. небаре државава ни се вика сингапур.
колку само за споредба, "никаквата" романија во 2006 привлекла 9 милијарди, додека во 2005 6,3 милијарди долари
150 милиони евра може оваа влада (ако сака) да одвои од својот буџет за една година и да ги насочи кон стопанството,
ете така. поточно за земјоделието
тоа е направено
зголемени се буџетските сретства за поддршка на земјоделието, така што до 2010 треба да достигнат 100 милиони на годишно ниво.
дупло добро!
но бидејќи некако мора да се омаловажи оваа инвестиција, подзаборавивме малку што се случи пред некој месец со земјоделците