Ме воодушевува колку брзо Љиља стана „горда маченичка достојна за почит„. Никој не вели дека ради неа си отиде Тоше, ама не може да се бега од фактот дека типката има многу нечисто играно, дека многу и должи на оваа држава и дека колку и да беа новинарите безобразни и одвратни - тоа не ја намалува нејзината вина.
Па добога, жената сама призна кои се врски со мафијата ги имала.
Не ја прајте кутрата-од-новинари-безмилосно-нападната-измачена-женичка!
Никој не ја брани Љиља од нејзините дела, туку ги обвинува новинарите што се како од улица собрани, без основно образование.
Друго ... логично е после смртта на Тоше, една таква емисија да биде посветена на него и на тоа што не го знаеме за него, како и потсетување на сето тоа што тој го правел, за што најдобро можеше да кажеше токму таа. Без оглед која е, не е тоа начинот на кој треба да биде обвинета. Па таа буквално беше осудена дека е виновна за несреќата. Нели еден од новинарите, директно и се фрлаше да ја обвинува за темпото на работа, со што индиректно ја направи убиец. И да беше за неа наменета емисијата, можеше да биде реализирана на едно почовечко ниво, ако не покултурно.
Значи, за да биде се добро и да бидат сите среќни и задоволни - оваа држава треба да и го прости долгот?!
Ај ако не на сите да им ги простиме долговите, неплатените даноци, палатите по Водно за кои немаат ни еден легален денар?
Или не важи за сите вплеткани во црниот бизнис истиот закон?
Што ја прави Љиља поинаква??
Цитирај ми кој напиша дека мисли и сака да и се прости долгот. Не преувеличувајте и не си толкувајте кој како сакате, само за да се расправаме до бескрај.
Туку, ај и за простување ќе правиме муабет, кога веќе се почна. Чиви долгови не се простени? На тие со палатите на Водно, на милионите мали и големи фирми по државава, на кој? Мислам ... да не кажуваме работи кои се смешни за споредување ... ако ситуацијава со Љиља ги реши сите долгови и проблеми, јас ќе и одам пред станот, ќе и се дерам да плати и ќе ја бркам од земјава.
Исто, не го занемерувајте фактот што таа решила да остане тука, што се појавила на тв, што не избегала никаде и што не кажа дека нема да плати ништо. Не донесувајте заклучоци и обвиненија пред време.
п.с. Има закон за црн бизнис?:pos2: