Дали се плашите од смртта, и што мислите за неа?

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не дека не се плашам од смртта т.е. од тоа кога ќе умрам, ама повеќе ми е страв од тоа како ќе умрам. Има различни начини на кој го напуштаме светов, ниеден од нив не е убав, но некои се посебно страшни. Помислата на смрт на некој мој близок исто така е на повисоко скалило од стравот од сопствениот крај.
Сепак, смртта е неизоставна и неизбежна и е единствената работа што кога тогаш мораме да ја направиме. Колку подоцна, толку подобро.
 
?

..........

Гостин
Нормално дека се плашам од смрта, и не верувам дека постои здрав разумен човек кој не се плаши.
поголем е и стравот за смрта на некој многу близок кој го сакам.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Со смртта неможам да се сретнам ни на теориско ниво камоли у пракса. Нешо ко, уреду ќе умрам, не ми е страв, ама помислата дека сум мртов ме вади од памет. На гробишта не сум бил од мои 12 години, пред тоа еданш бев знаев само дека ме остаија у кола да дремам ама зборот го запамтив имав некои 6 или 7 години. Вториот пат коа имав 12, знаев веќе да читам и ко кретен некој се зачитував по плочи и наместо во метафизика ја се задлабочував во литературни финеси.
Како и секој мачо шупак и на забар на клиника коа идам уше на паркинг ми клецаат колената, а камоли на погреб некој да отидам. Мене углавном целата погребална церемонија ми е премногу кичаста, плачење рикање ќе се носам со тоа не ми пречи, ама тоа бре частење после погреби не го разбирам.
Како и да е, страв ми е од смртта, да, ништо не сум презел за да живеам подолго, можеби баш напротив, додуша и тоа понекогаш не е доволно. Природна појава ко и сите останати. Животот оди понатаму.
 
Член од
24 февруари 2010
Мислења
60
Поени од реакции
5
јас лично не се обидувам да мислам за тоа.
Мој совет ушивај колку можеш до коа можеш и искористи го животот до максимум...и имај забава е бате xD
А за после....ке видиме.....
 
Г

Господ

Гостин
Па и немам некој поголем страв,кога веќе го знам фактот дека не можам да ја избегнам.
Ако беше несигурна можеби ќе бев преплашен,вака кога е сигурно на пат...можеби на некој начин е и добредојдена:toe:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Единствено нешто што е 100% сигурно и извесно и кодирано во гените, тоа е смртта, секој што се родил веќе со самото тоа мора да умре, тоа важи за секое битие кое потпаѓа под принципот на индивидуалноста!
Смртта е табу тема во денешново глобално општество, заедно со староста и болеста, сите бегаме од помислата на неа, иако таа е нешто природно исто онолку колку што е сексот ( за кој се рушат сите табуа).
Стравот од смртта е последица на желбата за вечен живот и на нагонот за опстанок што доследно значи вечен живот!
И самоубиците сакаат да живеат вечно но не онака како што мораат затоа од двете зла го избираат помалото!
Смртта е вечен заборав! Родот опстојува, но секој поединечно умира. Ако има живот по смртта ние прво мора да се сетиме на тоа кој бил нашиот живот, кој биле наши родители познаници...а ако го има тоа ние ќе веруваме во тоа не знаејќи како е воопшто можно исто како што не знаеме зошто и како е можно да има нешто а не ништо, но за таа веројатност има сериозни примедби..
Прво ние сега сме оставени на себе, на Судбината, и кога некој навистина би се грижел за нас тоа би го направил сега а не тек после смртта.
 

Blue Scarlet

Amazonka
Член од
21 март 2010
Мислења
45
Поени од реакции
6
Stravot doagja samo od neprifakanje na realnosta ... A vo realnosta nie sme samo zrna pesok na veter ... Materijata e predodredena da se raspadne , da ja snema.... Sto e so dushata?
 

Марко!

Алфа
Член од
6 февруари 2010
Мислења
272
Поени од реакции
14
Не. Кога ќе умрам ќе се просветлам...во таа средба,во тој момент..ќе сфатам дека не сум само физичко тело.
 
С

Спенсер

Гостин
па... еднаш мора да се умре... али... дали се плашиме???

па незнам... ке си помислиш на смртта,па ке ти текне на сето она што те чека понатаму во животот... :vozbud:

една изрека на ЕСЗ-ТИГАР: Патот на Воинот е во достоинствено прифаќање на смртта:vozbud:
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
253
Поени од реакции
12
Повеќе се плашам од смрт на некој близок,oтколку од својата смрт.Самата помисла ми влева страв.
 

DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.522
Поени од реакции
4.304
Колку и да се плашиме, секако ќе дојде....
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
не треба да се плаши никој затоа што тоа е природен циклус....еден ден мора да се случи-затоа живеј го животот!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom