- Член од
- 17 јули 2007
- Мислења
- 117
- Поени од реакции
- 1
Припадниците на албанското малцинство во Македонија и во Грција би можеле веднаш да побараат да бидат дел од новата косовска држава, ако покраината се оддели од Србија и стане независна, се вели во анализа објавена во британскиот весник “Дејли телеграф“.
“Има многу причини на прашањето за независност на Косово да му се пријде со голема претпазливост бидејќи една од последиците би можела да биде нов прогон на малубројните преостанати Срби во покраината, но и да се случи повторно распламтување на вооружената борба. Во таков случај огорчената Србија би и свртела грб на Европската унија, а припадниците на албанското малцинство во Македонија и во Грција би можеле веднаш да побараат да бидат дел од новата држава. Тоа би довело до верижна реакција бидејќи најверојатно и другите малцинства во Европа, како Баскијците во Шпанија, би почнале да агитираат за своја независност“, се вели во текстот на британскиот весник.
“Дејли тетеграф“ пишува дека Русија, во меѓувреме, прилично отворено се заканила дека ќе ја признае независноста на сепаратистичките енклави во Грузија, која е држава сојузник на Западот.
“Дипломатскиот свет нервозно грицка нокти поради ваквата состојба на настаните, но неизбежен е заклучокот дека набљудувана независност на Косово, опцијата што ја предложи Марти Ахтисари, е единствена вистинска опција“, оценува Би-би-си.
“Изборните платформи на кандидатите на косовските избори покажаа дека Косово во ниту еден случај нема да остане дел од Србија. Се чини дека раздвојувањето е неминовно, само преостанува да се види колку тоа ќе биде трауматично“, заклучува “Дејли телеграф“.
Dali konecno nekoj ja sogleduva vistinskata opasnost vo vrska so Kosovo sprema Makednija