ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Се започна со продажбата на ТЕЦ Неготино,кога се потрошија многу средства од граѓаните,се набилдаа многу дневници од административците и министрите,практично ништо не се сработи ама убаво се заработи.Сега имаме нова финта истресена онака од ракав како да сме во Шутка па ќе се пазариме за пар кинески патики.:
„Владата на РМ од исти мотиви коишто го водеа и ЕВН при купувањето на ЕСМ би сакала, се разбира, да влезе во евентуалната трансформација, доколку таква биде разгледана од ЕВН и да го откупи претпријатието. Се разбира, потоа не би го продавала“, рече Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
Подоцна во текот на денот портпаролот Боцевски се јави за да соопшти дека неговата изјава била шега и дека не треба да се сфаќа сериозно. Накусо потоа повторно телефонски не извести дека не станува збор за шега, туку дека понудата до ЕВН важи во случај тие да решат да си заминат од Македонија.
Додека Владата се премислуваше дали се шегува или не, дилемите ги разреши ЕВН со кус одговор. За А1 велат, ЕСМ не е на продажба.
Ваквиот развој на настаните следува откако на терен Владата и ЕВН влегоа во војна, поттикнати од измените на законот за енергетика што ги турка директорот на Државните електрани, Чингоски.
Од ЕВН тврдат дека моделот што се предлага ќе ја зголеми цената на струјата, наспроти тврдењата на Владата дека тоа нема да се случи.
Владата на Бучковски го продаде ЕСМ на Австријците од ЕВН пред две години за 200 милиони евра. Владата на Груевски сега сака да го откупи од Австријците.