Старо купујем-ново продајем!

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Се започна со продажбата на ТЕЦ Неготино,кога се потрошија многу средства од граѓаните,се набилдаа многу дневници од административците и министрите,практично ништо не се сработи ама убаво се заработи.Сега имаме нова финта истресена онака од ракав како да сме во Шутка па ќе се пазариме за пар кинески патики.:

„Владата на РМ од исти мотиви коишто го водеа и ЕВН при купувањето на ЕСМ би сакала, се разбира, да влезе во евентуалната трансформација, доколку таква биде разгледана од ЕВН и да го откупи претпријатието. Се разбира, потоа не би го продавала“, рече Ивица Боцевски, портпарол на Владата.
Подоцна во текот на денот портпаролот Боцевски се јави за да соопшти дека неговата изјава била шега и дека не треба да се сфаќа сериозно. Накусо потоа повторно телефонски не извести дека не станува збор за шега, туку дека понудата до ЕВН важи во случај тие да решат да си заминат од Македонија.
Додека Владата се премислуваше дали се шегува или не, дилемите ги разреши ЕВН со кус одговор. За А1 велат, ЕСМ не е на продажба.
Ваквиот развој на настаните следува откако на терен Владата и ЕВН влегоа во војна, поттикнати од измените на законот за енергетика што ги турка директорот на Државните електрани, Чингоски.
Од ЕВН тврдат дека моделот што се предлага ќе ја зголеми цената на струјата, наспроти тврдењата на Владата дека тоа нема да се случи.
Владата на Бучковски го продаде ЕСМ на Австријците од ЕВН пред две години за 200 милиони евра. Владата на Груевски сега сака да го откупи од Австријците.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Moze ovie od EVN i ke se "predomislat" za nekoja sumicka od 600-800 milioni evra+ nekoe procesce vo Pariz so finansiski "interesni" posledici.....????
Definitivno nekoj ne mesti :) mora da postoi ANTIMAKEDONSKA ZAVERA so skorni..............ne e mozno , bukvalno statisticki ne e mozno,ovoj narod da e tolku budala da veke so godini ne moze da ispili asalni drzavnici...
Pa ova tranzicijava stana BESKRAJNA PRIKAZNA.....ko turska pesna bre....
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Абе...не требаше воопшто да продаваме, ама...сега...по е**ње каење нема.
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129

Бисер :smir:!
 
2 милјарди евра беше заштитната клаузула според договорот за давање поклон на дистрибутивната електро мрежа а не за продажба,доколку дојде до ваква приказна.Сепак ДПМНЕ овојпат е во право затоа што ЕVN знаеше однапред со каква ревизија може да се соочи доколку се смени тогашната "радодајна" влада на СДСМ.Сега треба уште и да се укинат одредбите од законот со кој се присилува населението и субјектите да плаќаат заостанати долгови постари од 1 година па EVN да го попуши комплетно.

Абе...не требаше воопшто да продаваме, ама...сега...по е**ње каење нема.
Па не знаев Струмикс дека вие сте од СДСМ&Kомп.:),зошто ние воопшто и не продававме.:)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Па не знаев Струмикс дека вие сте од СДСМ&Kомп.:),зошто ние воопшто и не продававме.:)
Не, АБЦ, не сум од СДСМ и комп.
Под НИЕ мислев на државата Македонија.
Власта е менлива, остануваат граѓаните, сосе последиците и благодетите кон нив, нели?
Инаку, последиците ги чувствуваме од сето она кое им го подаривме на т.н. странски инвеститори, од ОКТА па натака.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Па да нема дилеми за да се разјасни кој продаваше а кој протестираше против тоа иако никој не го земаше во обзир.:)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Па да нема дилеми за да се разјасни кој продаваше а кој протестираше против тоа иако никој не го земаше во обзир.:)
Во крајна линија, и не е тоа толку битно, кој продавал, а кој протестирал, кога последиците еднакво ги чувствуваме сите.
Мнозинството од граѓаните гласаа 2002 за СДСМ, кои преку владата на Бучковски го продадоа ЕСМ.
Здружението Светлина протестираше, како што велат, координирано преку ДПМНЕ, и никој не ги есапеше.
И, биде што биде, благодети или последици...се е тоа на наша глава.
Граѓаните ги бират своите претставници на избори, ама претставниците потоа и не се грижат баш за оние од кои зависат, и пак доаѓаме до тоа дека ние, граѓаните сме си криви. Затоа што гласаме.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Граѓаните не се криви што гласаат туку вината е кај оние што им ги подметнуваат гласачките изборни листи со личности некадарни и неспособни но со амбиции за лично профитирање а не да го застапуваат интересот на гласачите.Тие листи се составени најчесто по линија на непотизам,мито и корупција,а никако според заслуги.Тука е проблемот драги мој пријателе Струмикс а не кај народот.Размисли и биди реален дали како независни пратеници барем 2% од пратениците во сегашниот состав би биле во собрание?
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Продажбата на ЕСМ беше потег на кој се спротивставија голем од луѓето во Македонија. Според мене удел во изборниот пораз на СДСМ на последните парламентарни избори имаше ова скандалозно и нетранспарентно продавање на ЕСМ.

Ова што го прави владав за ЕСМ, можеби ОК е, но факт е дека со тоа нема да се постигне ништо, само се праќа лоша порака до инвеститорите на кои многу им е важно како понатаму Владата се однесува со нив.

Мене не ми смета ЕСМ да биде приватен капитал т.е. во приватна сопственост, но да имаме инвестиции во мрежата и сл и да не ни се повтори монополисточкото однесување на Телеком. Проблемот е што (според владата) најавените инвестиции ги нема, а има најави за раст на цената на струјата.

Според мене, ЕСМ е продадено и назад враќање нема, да не дозволи владата и регулаторната комисија за енергетика да ни се случи повторно монопол. А дали ќе прават договор со ЕВН, ќе ја менуваат регулативата, ќе продаваат или купуваат струја сеедно-важно да имаме ефтина но квалитетна електрична енергија.

Здружението Светлина протестираше, како што велат, координирано преку ДПМНЕ, и никој не ги есапеше.
Тогаш светлина единствено се есапеше како партиска организација, сега ќе сфатиме дека биле у право и покрај тоа што позади нив стоеше партијата која сега е на власт.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Граѓаните не се криви што гласаат туку вината е кај оние што им ги подметнуваат гласачките изборни листи со личности некадарни и неспособни но со амбиции за лично профитирање а не да го застапуваат интересот на гласачите.Тие листи се составени најчесто по линија на непотизам,мито и корупција,а никако според заслуги.Тука е проблемот драги мој пријателе Струмикс а не кај народот.Размисли и биди реален дали како независни пратеници барем 2% од пратениците во сегашниот состав би биле во собрание?
Хехе, АБЦ, дали и 1% би биле, тоа и јас се прашувам...
Но, ако се сеќаваш во тие времиња, и тука на форумов, имаше едно лоби кое упорно ја бранеше продажбата, и едно кое беше против, и во многу нешта беа замешани партиите.
Секоја чест на независните дискутанти од тоа време, но повеќето беа партиски инструирани, впрочем како и голем дел од народот.
Мора да се помириме со фактот дека партиите предизвикаа тотална партизација на граѓанството, малку останаа имуни, а другите се само инструмент на наведеното во твојот пост.
За жал...
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Хехе, АБЦ, дали и 1% би биле, тоа и јас се прашувам...
Но, ако се сеќаваш во тие времиња, и тука на форумов, имаше едно лоби кое упорно ја бранеше продажбата, и едно кое беше против, и во многу нешта беа замешани партиите.
Секоја чест на независните дискутанти од тоа време, но повеќето беа партиски инструирани, впрочем како и голем дел од народот.
Мора да се помириме со фактот дека партиите предизвикаа тотална партизација на граѓанството, малку останаа имуни, а другите се само инструмент на наведеното во твојот пост.
За жал...
Истото се случуваше и за време на продажбата на Телеком ама од другата страна,клучна улога тогаш одигра еден политичар кој личеше на Чико од романчињата со Загор и кој си мислеше дека ќе го кандидираат за председател,па откако тоа не се случи си замина од политичката сцена.Партиите предизвикаа тотална поларизација кај населението не само партизација што стана многу поопасно и пострашно за оваа држава.
Инаку се сеќавам пред две години кога Гркот ги продаваше своите 7% акции од Телеком,Македонија можеше лесно да му ги откупи за 30 милиони евра па со тоа да си го врати Телекомот и со 56% да си биде пак газда на своето.Ама морониве од СДСМ тогаш не размислуваа така и гледаа да ги наполнат сопствените џебови па дури и продадоа некој процент од државните акции за да штекнат повеќе пари.Мислам дека и денес се случува истото со ЕСМ-ЕВН,само што Македонскиот играч го промени дресот и се служи со малку поразлични методи отколку неговите предходници,иако целта им е иста,да се украде колку што може повеќе за своите лични сметки.
 
ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Само би го додал и ова колку за потсетување на едни времиња кој денес ни се удираат како тикви од глава:

Гувернерот Гошев станал сопственик на земјиште во Гевгелиско, регион познат како македонски Лас Вегас.

За само 5.000 евра купил атрактивна локација поголема од 9.000 квадратни метри во близина на граничниот премин Богородица.
Купопродажбата е изведена во трансакција што датира од 2005-та, од гевгелиската фирма „3 М“, на која претходно „Македонска банка“ и отпишува долг од 250.000 евра. Гошев земјиштето го купил со партнер за само половина евро по квадратен метар.
„Од првите моменти кога почнаа да се продаваат тие, прво беа шест евра за квадрат. Тоа беше пред десетина години и повеќе. После некој продаде за 12 евра, после отидоа и до 20-30 евра“, рече Владо Карастојанов, месна заедница на село Богородица.
Во времето на трансакцијата Гошев е гувернер, со „Македонска банка“ раководи двоецот Кацарски и Лазаревски. На нивен предлог управниот одбор на „Македонска“ ја верификува одлуката да и се отпише долгот на гевгелиската фирма, што за бадијала му го продава плацот на Гошев.
Лазаревски денес е советник на Гошев, а тогаш на директорското место во „Македонска“ беше поставен токму по предлог на НБРМ.
Со малку пари до атрактивна локација. На мал број бизнисмени им се усреќи за евтини цени да добијат дел од ова земјиште. Во групата купувачи е и гувернерот Гошев. За нешто повеќе од 5.000 евра станал сопственик на околу 9.000 квадратни метри земја во овој регион.
Гошев денеска не одговори на барањето на А1 да прокоментира за случајот.
Зделката со која Гошев стана земјопоседник отвора нови прашања во ликвидациската приказна за „Македонска банка“. По кој основ „Македонска банка“ се откажала од наплата на долгот? Знаел ли гувернерот за тоа?
Првиот човек на гевгелиската фирма, Каракабаков, негира дека купопродажбата е поврзана со долгот на „3 М“ или со ликвидацијата на „Македонска банка“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom