TpH_Bo_OkO
Трноризец
" Во Македонија главната маса од населението ниту се Бугари, ниту се Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или..... подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. "----- АМ. ф. ПО, мф. 446, пов. Бр. 228, Цариград, 26.03.1896. "
„Македонските националисти се надеваат да видат во Солун нов Белград, нова Софија- престолнина на својата идна автономија"----- А. В. Амфитеатров, Земја на раздоро, (избор, превод и редакција Цветан Станоевски), Скопје 1990, 69.
" Србија, Романија, Грција и Бугарија не мируваат и интригираат, а полето на нивните интриги е нашата татковина Македонија, која поради важноста на својата географска положба..... ги електризира срцата на речените државици и поради непрестакно се бунтуваат и претендираат на нашата татковина како законити наследници....." ------ Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т.I, Скопје 1981, 277.
" За да се искорени тоа треба да се искоренат тие илузии...., а тоа може да го направи само македонското население, кое треба да му објави на светот дека е посебен наро, со посебна историја, нарави и обичаи и дека нема ништо општо со околните државици. Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија и таа им останува на Македонците."------- Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т.I, Скопје 1981, 278.
"Покрај тоа што Бугарите не измамија и излажаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи, ја менуваат сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме повеќе да го трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите прадеди. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија и сочинуваме самостоен народ. Како такви ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители кои ги плаќаме и издржуваме."----- Документи за борбата на македонскиот народ...т.1, 288.
"Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Србите и Бугарите, кои како орли на мрша се впуштија во оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат" ----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 293 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)
"Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи.... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива ова другото постојаното."----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 292 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)
" Ние духовниците по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријаршијата и Егзархијата и да се обедини духовно во лоното на Охридската црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на еден ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријаршијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед"----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 293 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)
" Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситените посегања...., затоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени, значи треба да ги соединиме да ги собереме во една општа моќна сила, сила-народна ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремежот на што годе чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој."-----Предговор, Лоза I/1,I-III.
"Автономна Македонија од организацијата (МРО) се сфаќа како самостојна држава "------ Официиална притурка, Револуциоен лист, 2 jyни 1905, 44.
" оние што ќе се објават за приврзаници на егзархиската централистичка политика, да се сметаат за непогодни, а оние што ќе се за децентрализација.... да се посветат во револуционата идеја"-----Мерки за засилване на револоционата организација (Из записките на Ив. Х. Николов), Ил. Илинден,2(72), Софиа, 1936, 6. (немам бугарски фонт)
"ние немаме училишен оддел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишното дело во Македонија, а просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача- задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата- да создадат во Македонија Бугари"----- Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 4 (немам бугарски фонт)
" Ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создадат Бугари да ја култивираат земјата... уште потешко ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжи да ви дава слични инструкции; не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зошто ние Македонците, баш ништо немаме; ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што и да загубиме".----- Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 34 (немам бугарски фонт)
" Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народност со пари не се купува- тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува"------ Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 56 (немам бугарски фонт)
" Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија. Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде.... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар колку и да сме учеле, никој нема да дозволиме Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме.... кон неа да се присоединат други провинции. Нас интелегенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари, сите заедно и онолку колку што секоја од овие држави е заинтересирана за Македонија. Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме.... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска. Ние за тоа имаме шанса.... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци....., без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе ни пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска.... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна.... Македонија ќе биде држава-републиканска, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така да биде силна држава...."------ АМ. ф. ПО. мф. 451, пов. Бр.150/99, Софија, 4.03.1899.
"Да ја чуваме девственоста на ослободителното движење и Организацијата- тоа е првиот услов за нашиот успех! Еднаш земени пари од владата, при денешните политички услови и атмосфера, значи даден ангажман, значи обврзување..... Бугарската влада, која има чисто завојувачки намери кон Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја искористи со таа помош создадената состојба внатре: таа нема да се задоволи со чисто платонски чувства, туку ќе сака реални обврзувања? Повторувам, ударот ќе биде страшен." ------ Р. Р. Страници од миналото. Мката на Гоце, Македонско дело, 2/10.05.1927, бр. 41,7.