Другите за Mакедонија

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
" Во Македонија главната маса од населението ниту се Бугари, ниту се Срби, туку Словени и христијани, кои зборуваат јазик подеднакво далечен или..... подеднакво близок на српскиот и на бугарскиот јазик, но јазик кој е посебен дијалект, ако не и посебен јазик. "----- АМ. ф. ПО, мф. 446, пов. Бр. 228, Цариград, 26.03.1896. "

„Македонските националисти се надеваат да видат во Солун нов Белград, нова Софија- престолнина на својата идна автономија"----- А. В. Амфитеатров, Земја на раздоро, (избор, превод и редакција Цветан Станоевски), Скопје 1990, 69.

" Србија, Романија, Грција и Бугарија не мируваат и интригираат, а полето на нивните интриги е нашата татковина Македонија, која поради важноста на својата географска положба..... ги електризира срцата на речените државици и поради непрестакно се бунтуваат и претендираат на нашата татковина како законити наследници....." ------ Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т.I, Скопје 1981, 277.

" За да се искорени тоа треба да се искоренат тие илузии...., а тоа може да го направи само македонското население, кое треба да му објави на светот дека е посебен наро, со посебна историја, нарави и обичаи и дека нема ништо општо со околните државици. Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија и таа им останува на Македонците."------- Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, т.I, Скопје 1981, 278.

"Покрај тоа што Бугарите не измамија и излажаа, тие ни го отфрлаат и јазикот, ни ги менуваат и нашите свети обичаи, ја менуваат сета наша лика и прилика. Ние тоа не можеме повеќе да го трпиме и не сакаме нашите деца да не колнат нас и гробовите на нашите прадеди. Сега ние се одделивме од Бугарите и сами сочинуваме словенски општини во Македонија и сочинуваме самостоен народ. Како такви ние сакаме да имаме наша црква, наши училишта. Ние си најдовме и наши учители кои ги плаќаме и издржуваме."----- Документи за борбата на македонскиот народ...т.1, 288.

"Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Србите и Бугарите, кои како орли на мрша се впуштија во оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат" ----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 293 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)

"Нашата Егзархија со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи.... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегнуваат по неговиот дух. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива ова другото постојаното."----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 292 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)

" Ние духовниците по потекло Македонци, треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријаршијата и Егзархијата и да се обедини духовно во лоното на Охридската црква, нивната вистинска мајка црква. Не е ли крајно време да се запре националното делење на еден ист народ само поради тоа што едниот ја признава Патријаршијата, другиот Егзархијата, а третиот му се клања на Мухамед"----- Љ. Љапен, Одбрани текстови..., II дел, 293 (Митрополитот Теодосиј Гологанов, писмо од 22.06.1891)

" Само еден силен отпор од наша страна може да не зачува од незаситените посегања...., затоа ни се потребни сили, а нашите се разнебитени, раздробени, значи треба да ги соединиме да ги собереме во една општа моќна сила, сила-народна ако сакаме да ја зачуваме иднината на нашата татковина. Тоа треба да биде стремежот на што годе чувствителен Македонец, каде и да се наоѓа тој."-----Предговор, Лоза I/1,I-III.

"Автономна Македонија од организацијата (МРО) се сфаќа како самостојна држава "------ Официиална притурка, Револуциоен лист, 2 jyни 1905, 44.

" оние што ќе се објават за приврзаници на егзархиската централистичка политика, да се сметаат за непогодни, а оние што ќе се за децентрализација.... да се посветат во револуционата идеја"-----Мерки за засилване на револоционата организација (Из записките на Ив. Х. Николов), Ил. Илинден,2(72), Софиа, 1936, 6. (немам бугарски фонт)

"ние немаме училишен оддел во Цариград, кој ќе се грижи за добриот развој на училишното дело во Македонија, а просто и чисто еден севернобугарски језуитски одред со позната задача- задача која во себе ја содржи уште и тенденцијата- да создадат во Македонија Бугари"----- Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 4 (немам бугарски фонт)

" Ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создадат Бугари да ја култивираат земјата... уште потешко ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжи да ви дава слични инструкции; не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зошто ние Македонците, баш ништо немаме; ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што и да загубиме".----- Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 34 (немам бугарски фонт)

" Егзархијата дава пари и купува ветер зашто народност со пари не се купува- тоа е такво деликатно нешто, кое штом сети дека го пазариш изветрува"------ Вардарски (Петар Поп Арсов б.н.), Стамболовштината в Македониа и неинит пртставители, Виена(Софиа б.н.), 1894, 56 (немам бугарски фонт)

" Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија. Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде.... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар колку и да сме учеле, никој нема да дозволиме Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме.... кон неа да се присоединат други провинции. Нас интелегенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари, сите заедно и онолку колку што секоја од овие држави е заинтересирана за Македонија. Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме.... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија бугарска. Ние за тоа имаме шанса.... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци....., без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе ни пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска.... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна.... Македонија ќе биде држава-републиканска, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така да биде силна држава...."------ АМ. ф. ПО. мф. 451, пов. Бр.150/99, Софија, 4.03.1899.

"Да ја чуваме девственоста на ослободителното движење и Организацијата- тоа е првиот услов за нашиот успех! Еднаш земени пари од владата, при денешните политички услови и атмосфера, значи даден ангажман, значи обврзување..... Бугарската влада, која има чисто завојувачки намери кон Македонија, штом ќе почне да дава пари, ќе знае како да ја искористи со таа помош создадената состојба внатре: таа нема да се задоволи со чисто платонски чувства, туку ќе сака реални обврзувања? Повторувам, ударот ќе биде страшен." ------ Р. Р. Страници од миналото. Мката на Гоце, Македонско дело, 2/10.05.1927, бр. 41,7.
 
"Петербурскии Листок" од првата половина на дваесетит век им посвети внимание на Македонските барања за независност на нивната татковина. Притоа весникот забележува дека "Сред дипломатите се забележува јасно изразена тенденција да се помогне остварувањето за независна Македонија, што би можело да послужи како најдобро решение на балканската криза."

Од провинцискиот печат во тоа време "Симбирјанин" ќе го издвојам овој одзив. Весникот кажува, дека Македонија од секогаш била јаболко на раздор меѓу србите, грците и бугарите! (не заслужуваат гол.буква) понатаму се вели - "така беше во1877 год, така продолжи и потоа."

" Но и тогаш далекувидните политичари (но не и од лагерот на дипломатите) единственото правилно решение на овие непремирливи претензии претензии, го гледаа во тоа Македонија да стане автономна, независна, државна единица."

" Така мислеа државниците од типот на Гледстон,кои не се воспитани на традициите на Метерних, Неселроде и Гирс."

и затоа "префалениот европски дипломатски концерт, требаше да се предвиди,веднаш штом се забележа разгромот на
Турција, дека Македонија ќе стане јаболко на раздор меѓу дотогашните сојузници."

Авторот завршувајќи ја статијата и и извинувајќи се за евентуалната грубост,вели: " Кога кучињата се тепаат околу фрлената коска,може да се смират само со одземањето на коската за да не им падне таа,на ниедно од нив. "
 
Eден новинар србин, грофот М.Рајчевиќ кој работел за весникот "Балкан" кој ја посетил Македонија и еве што запишал:

" Нема да цитирам стотина случаи што стануваа пред мои очи, туку ќе го кажам само тоа, што јас, како србин, престојував во Македонија, каде што имаше 100,000на србска војска, околу една година, но простум, не забележав како научив да говорам македонски јазик, т.е. Македонците систематски ме научија да говорам на нивниот јазик. При тоа забележав, не само интелегенцијата, туку и секој Македонец говори по неколку јазици, а помеѓу себе и дома, т.е. во татковината, во Македонија, тие секогаш го говорат својот мајќин јазик. По свршувањето на турската војна Македонците ја очекуваа самостојноста на својата татковина. Дури некои сиромашни Македонци ми говореа дека, "ако даде Бог и ја добиеме самостојноста на Македонија,тогаш и последната крава ќе ја заколиме од радост"...

Но,по втората балканска војна,веселите лица на Македонците наеднаш се изменија, од розови станаа бледи, безживотни и, гледаат на нас, како непријатели.

Велеќи "нас" јас ги вклучувам сите сојузници што не избираа средства, и насилно ги претвраа Македонците вo срби,бугари и грци...

Што се однесува до грците, не можи ни да се опише, што ѕверства сторија тие, па дури и странските претставници почнаа да протестираат против нив, а за србите и бугарите нема да зборувам, вие самите ќе сватите зошто и ќе ме разберете.

Но јас како србин, без да се гледа за тоа дека сум србин, ги презирам, како бугарските така и србските власти и влади, кои се играат со незаштитениот македонски народ, кој не претрпел такви ужаси ни во текот на 500-годишното турско ропство, какви што сега трпи од србите и бугарите.

Може ли еден народ да живее во таква положба, во каква што сега се најдува Македонија? Може ли на родениот брат,за да отиде од село во село,другиот брат да му бара дозвола?

Во Македонија, за да се отиде(обрнете внимание до каде е Македонија тогаш) од Охрид до Солун и обратно, мора да се поминат две граници и да се доживеат четири митарства и по патот во секој град и село да се јавува во полиција и да го соопштува своето пристигање,инаку тој го ризикува својот живот:него секој полицаец можи да го застрела. Од ова се гледа зошто Македонскиот народ не можи да издржи такво ропство и е принуден да жртвува се за онаа слобода,за која мечатеја Македонците и која значи цела,неделива и самостојна Македонија.

Кон ова треба да се додаде,уште и дека економската состојба и положба го принудува македонскиот народ да се бори за добивање на самостојна Македонија и цела Македонија,зашто македонскиот производител е принуден,на самото место да ги продава своите производи за пола цена, а за да можи да изнесе во Солун, кој е единствениот пазар на македонскиот извос,тој треба да помине сега три граници и да им плати царна на грците, србите и бугарите.

Посетувајќи разни места во поробена Македонија, јас стекнав длабоко убедување дека, со постојаната положба во овој крај, македонскиот народ не можи да се помири ни во економски ни во нациoнaлен, ни во политички поглед и е принуден да прибегнува кон разни средства за да ја добие онаа слобода што ја чека со векови."

Русија
Милорад Рајчевиќ
 
Не ми е јасно како не можеш да сфатиш дека во дадениот случај намирисавте добар бизнис и ништо повеќе, ем ние задоволни ем вие заработивте. Те молам во овој случај не продавајте ветер и магла и разно разни политички памфлети, јасно беше зашто се работи, бизнис и само бизнис.
Ако сме имали икономски интерес немаше да се караме со Грциja,коja има много повеке пари от МК.Знаеш колко поголема е икономската способност на Грциja от тази на МК?
Знаеш дека бугарската икономика во тиа години беше 85%-90% со државите от СИВ?Па на нас не ни пукаше дали ке се скараме со Грциja или ке бидеме во добри относи.Ние 50 години бехме во времето на студената воjна.:helou:
Тука треба малце логика.
 
Na koi nachin?S "bugari-tatari" ili "bugari-mongoli" sho gi pishete sekoi den po vestnici i televizii v Makedonia?
A za biznes,zashto ne praveshe Serbia ili Grcia ili Turcia,ROmania biznes s vas,ami Bulgaria?Dali beshe tova biznes?

Татари paradigm, не си ласкај со монголите.
 
3ошто бyгарите не ги кажуваат писанијата (оригинал) пред 1850 г. ???
 
МЕМОРАНДУМ НА ЏЕМС БАУЧЕР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1480



26 февруари 1919 г.

Лондон, 26.II1919.г.



(1) Во интерес на правдата и на идниот мир на Балканскиот Полуостров е потребно новите граници на балканските држави по можност да бидат поставени во согласност со границите на националностите.

(2) Ако во кој и да било случај системот на разграничување неможе да се спроведе, принципот еден балкански народ да неможе да се стави под владеење на друг може, покрај тоа, да се одржи согласно со самоуправувањето на односното население.

(3) Во случајов особено е пожелно применувањето на овој принцип врз Македонија, а во врска со ривалските барања на соседните земји, кои беа причина за бескрајната мизерија на населението близу половина век. Под една автономна управа, заштитена од Силите, населението ќе биде способно да се грижи за своите сопствени интереси и живее и да напредува без вознемирување, на кое беше подложно досега.

(4) Ако ја прифатиме теоријата изложена од Србите и Грците, дека националната свест на Македонците е “флуидна” и е изложена на наклоноста на секоја странска пропаганда, природниот заклучок е дека тие треба сами да се управуваат и дека принципот “Македонија на Македонците” треба да се прифати.

(5) Автономната македонска држава ќе се простира од Шар-Планина(српската етничка граница) на север до Егејското Море на југ и од бугарската граниа на исток до албанската на запад. Јужната граница, којашто се протега од Костурското Езеро до утоката на Вардар, ќе и го остави Бер на Грција, која исто така ке ги задржи Нигрита и Халкидичкиот Полуостров.

(6) Ќе биде пожелно автономната држава да се надгледува од една голема сила, на пример од Америка, во првите години од нејзиното постоење.

(7) Откажувањето на Србија и Грција од Македонската територија што ја окупирале во 1913 година и натаму не ќе биде неразумно ако се има предвид големото проширување што овие држави го добија сега.

(8) Солун, којшто е трговски неодделив од внатрешноста, ќе може да стане, природно, престолнина на новата држава.

(9) Решавањето на предложението ќе може да ја задоволи широко распространетата желба за автономија, која постоеше во Македонија и во Солун во изминативе години.

Без потпис

Џемс Баучер, истакнат британски јавен работник, новинар и публицист, бил голем пријател на Македонија уште од 1903 година. Својата промакедонска дејност ја продолжил и по Илинденското востание. Бил активен ив о време на Париската мировна конференција и се залагал за правилно решавање на македонското прашање. Резултат на таа активност е овој Меморандум, испратен од него до британските политички фактори. Текстот на Меморандумот го донесуваме во целост.
 
МЕМОРАНДУМ НА ЏЕМС БАУЧЕР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1480


(6) Ќе биде пожелно автономната држава да се надгледува од една голема сила, на пример од Америка, во првите години од нејзиното постоење.
.

Koga eden narod ke sozree, na povekje polinja, pravoto da ima sopstvena drzava ke dojde samo po sebe. Do togash, kako shto tvrdi i memorandumot, ne moze da se bide nishto povekje od protektorat.:toe:
 
МЕМОРАНДУМ НА ЏЕМС БАУЧЕР ЗА УРЕДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА 1480



26 февруари 1919 г.

Лондон, 26.II1919.г.



(1) Во интерес на правдата и на идниот мир на Балканскиот Полуостров е потребно новите граници на балканските држави по можност да бидат поставени во согласност со границите на националностите.

(2) Ако во кој и да било случај системот на разграничување неможе да се спроведе, принципот еден балкански народ да неможе да се стави под владеење на друг може, покрај тоа, да се одржи согласно со самоуправувањето на односното население.

(3) Во случајов особено е пожелно применувањето на овој принцип врз Македонија, а во врска со ривалските барања на соседните земји, кои беа причина за бескрајната мизерија на населението близу половина век. Под една автономна управа, заштитена од Силите, населението ќе биде способно да се грижи за своите сопствени интереси и живее и да напредува без вознемирување, на кое беше подложно досега.

(4) Ако ја прифатиме теоријата изложена од Србите и Грците, дека националната свест на Македонците е “флуидна” и е изложена на наклоноста на секоја странска пропаганда, природниот заклучок е дека тие треба сами да се управуваат и дека принципот “Македонија на Македонците” треба да се прифати.

(5) Автономната македонска држава ќе се простира од Шар-Планина(српската етничка граница) на север до Егејското Море на југ и од бугарската граниа на исток до албанската на запад. Јужната граница, којашто се протега од Костурското Езеро до утоката на Вардар, ќе и го остави Бер на Грција, која исто така ке ги задржи Нигрита и Халкидичкиот Полуостров.

(6) Ќе биде пожелно автономната држава да се надгледува од една голема сила, на пример од Америка, во првите години од нејзиното постоење.

(7) Откажувањето на Србија и Грција од Македонската територија што ја окупирале во 1913 година и натаму не ќе биде неразумно ако се има предвид големото проширување што овие држави го добија сега.

(8) Солун, којшто е трговски неодделив од внатрешноста, ќе може да стане, природно, престолнина на новата држава.

(9) Решавањето на предложението ќе може да ја задоволи широко распространетата желба за автономија, која постоеше во Македонија и во Солун во изминативе години.

Без потпис

Џемс Баучер, истакнат британски јавен работник, новинар и публицист, бил голем пријател на Македонија уште од 1903 година. Својата промакедонска дејност ја продолжил и по Илинденското востание. Бил активен ив о време на Париската мировна конференција и се залагал за правилно решавање на македонското прашање. Резултат на таа активност е овој Меморандум, испратен од него до британските политички фактори. Текстот на Меморандумот го донесуваме во целост.


Трн брат ај те молам ако го имаш текстот на Англиски да ми го пратиш на мејл или пм... или само извор не е битно.
Поздрав:salut:
 
46та свободно и демократски!Абе ти на колко ракии си?Тогава такива времена са били че и негри да ги беха карали да се пишат штеха да се согласјат.То и при вас е било с'штото.Че даже и по зле.Е тогава ви се е с'здавала нацијата.Само че в Пирина им се размина.Малко беше.

Изгледа тие времиња кај вас се уште не се пројдени, сите мораат да се пишат бугари и никако поинаку или .....
 
Изгледа тие времиња кај вас се уште не се пројдени, сите мораат да се пишат бугари и никако поинаку или .....
не мора ни да се пишат
bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg
 
Ne pri nas.Pri vas ne sa proideni. I takiva kato teb sa dokazatelstvoto!!!
Кики, не бегај од тоа што ти е приложено...

Значи:

Во декември 1946. во НР Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението, кога и националните малцинства можеа слободно и демократски да ја искажуваат својата национална припадност. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители, како Македонци се изјасниле 178.862, или 63 отсто од целокупното пиринско население; во пописот од 1965., при евидентен жесток терор и притисок во НР Бугарија, како Македонци се декларирале САМО 8.750 жители; а при пописот од 1975., кога се спроведуваше геноциден терор, НИТУ ЕДЕН жител на НР Бугарија не се декларирал како Македонец.

Факт!

И еве како Македонците од Пиринска Македонија станаа...„бугари“...

bulgarskobrisenjenamakedonci.jpg

Шкртни...пиши...бриши...тепај...затварај...

браво!
 
Во декември 1946. во НР Бугарија е извршен првиот повоен попис на населението, кога и националните малцинства можеа слободно и демократски да ја искажуваат својата национална припадност. Од вкупно 252.908 жители во Пиринска Македонија 70 отсто се изјасниле како етнички Македонци; десет години подоцна (1956.) при пописот на населението во Пиринска Македонија од вкупно 281.015 жители
Ајде немојте така бе хора,1946 и демократски избори,това е било всичко друго ,ама не и демократично.Незнаете каква "демокрација" беше това 45г. затова така говорите.
Незнам дали знаете,ама може да му е интересно на некој оти от тие 280 хил. изјаснили се като македонци,245хил в графата мајчин език са записали-Б'ЛГАРСКИ.Да не говорим как са писани македонци,имаме оште живи баби и дедовци,кој могат да кажат как е било и што,ајде не така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom