Ривалството што реално постои е навистина непотребно, но факт е дека негативниот став спрема Скопјаните е резултат на нивното однесување.Јас немам намера да навредувам и да генерализирам но добро знам дека добар процент на скопјани штом ке отидат во друг град-кој популарно го нарекуваат провинција се однесуваат надмено и иронично(секоја чест на исклучоците затоа што навистина постојат)
.Е сега јас ова го кажувам од лично искуство затоа што кога дојдов да студирам во Скопје голем дел од Скопјаните мене и останатите колеги не нарекуваа провинцијалци.Овој термин е навредувачки не во неговото вистинско значење туку во значењето во кое се користи.Всушност со ова тие сакаат да не понижат и подредат правејки се повредни.
Јас во една прилика само реков едно:Скопјаните се бројат на една рака сите останати се дојдени од некое село или провинција.Со кое право тогаш ме навредува и омаловажува некој?:ne: