Погледнете ги зградите навечер, мислиш новогодишни елки се, камо стимулација за штедење ?
Шо па ти е гајле тебе/на владата колку трошам ја дома бе?? Еј колку ме вадат од кожа таквите ставови идиотски.
Владата не е способна да обезбеди втор/трет начин на снабдување со енергија, па ај народот да штеди??? Зашто да штедам?? Трошам, плаќам. Чим плаќам што има владата мене да ме рестриктира што да трошам. Утре ако имаме (а ќе имаме) дефицит на прехранбрени продукти, да не сака да ми каже по една пиперка неделно да изедам??
Ветерници во Долно Дупени, Термоелектрана во Берово, Соларна Енерија на Кораб и Шапка, Хидроцентрала на Вардар...има начин бе...нема пуста желба. За тоа треба ум, треба инвестиции, треба пари!!! Ама парите се послатки во сопствен џеб да ги бутаат, него на народот.
Зевс, да ти се свртам и тебе па малце вака..
Што бе па тебе те боли таквото дали Македонија пропаѓа или не. Ти се откажа од неа, најискрено, или ќути или бори се за Македонија или против неа, или мрш. Избор колку сакаш.
Сте фатиле ти и Братот најголемите познавачи на реалната слика исправате криве дрине. Дај не ми продавај муда за бубрези тука. Не чинат работите. Знам. Не мора да се објаснуваш. Си искочил од МЦИ, ми е гајле. Твој проблем. Глеј си таму работа. Братов па наивец партиски фатил уште му објаснува на овој првиов зашто е тоа така или не е така, и уште повеќе му се мести на пенал. Што па ти имаш да му се објаснуваш на Зевс?? Нека крши глава и он и ти искрено, ама најискрено и двајцата. Решете си ги личните проблеми бе дечки на друго место.
Едниов вика ВМРО се бугари, а другите биле македонци.
Вториов вика ВМРО се македонци, а другите биле срби...
И после се чудите што никој не не сака..мајке ми, ни јас не ве сакам вас двајцата кога слепо верувате во нешто. Зевс, името е продадено, јасно ни е. Нема мужи да се изборат за име, и тоа ни е јасно. Терај даље, не очекувај од дечурлана дека ќе направат нешто ако ти тука им дробиш памет...
Со оглед на тоа дека те знам колку толку подобро од другите, и не си толку глуп да очекуваш дечурлана да покренат револуција, тогаш сум 100% сигурен дека имаш некои други интереси од целава галама. Лични интереси пред се. Како што и Братот има лични интереси што ги брани ВМРО...
Двајцата веќе проѕирни станавте...стајте малце шминка, или па дај залапајте се...филмов е досадна драма веќе..