Не се плашам да се заљубам, само има периоди кога едноставно не сакам (како во моментов). Тоа што не сакам не значи дека и нема да дозволам да се случи такво нешто, зошто тоа не се планира и е тешко да се контролира, ама секако значи дека барем ќе се ограничам себеси и во старт ќе се оградам од такви емоции, колку што е во моја моќ.
Не постои страв или некаква фобија, туку мала доза претпазливост, нешто како превенција за во случај да не испадне добро. Од одбранбени причини кога сакам не сакам безусловно и слепо, туку секогаш со доза резервираност, за помалку да се разочарам во случај да останам повредена и за помалку да боли. Ова е лоша работа, зошто уствари значи дека не можам да се опуштам сосема и да уживам без резерва, туку постојано сум некако на штрек, спремна на најлошото, ама што да правам, таква сум, подсвесно ми е тоа и не можам да го контролирам. За сите (добри) работи во животот така реагирам и така ги доживувам, со доза резервираност, не само љубовта. Песимистка, јебига.