И како што минува времето стравот се повеќе и повеќе расте, се зголемува и таложи до тој степен што веќе почнува да ме задушува. Како што кажа и ти самата, на почетокот самата си задавав пречки да се заљубам во некого или да почувствивам некои извесни чувства за некого,а кога би се десело и тоа т.е. кога јас би почувствувала нешто за некого застанувам тука, не продолжувајќи понатамо при тоа несвесно трудејќи се на секој можен начин да го побијам тоа чувство измислувајќи си некои неосновани причини.Откако ќе успеам во тоа, а во последно време мн. често успевам, продолжувам понатаму тешејќи се дека тој-некој не бил за мене, не ми одговарал и сл. и дека навистина постои таа личност во која јас еден ден би се заљубила.И колку повеќе се врти и повторува ваквиот циклус, моите критериуми за „господинот совршен“ се повеќе се зголемуваат така што веќе не сум сигурна ни дали некој воопшто некогаш ќе ги достигне.А кога некој барем малку веќе почнува да ги достигнува, како што веќе погоре кажав, јас си измислувам неосновани причини и тука застанувам секогаш со мислата- дека веќе никогаш нема да сакам некого толку силно како што некогаш сум сакала некого( а кој патем е потполна спротивност на партнер каков што јас во суштина сакам) и дека ќе си останам сама или пак ако не сама сепак со некого кој и за тоа си мислам дека нема да го сакам.
Незнам дали е ова страв или незнам што е ама секој кој ме разбира би го замолила за совет :smir: