Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
И таман кога кога киксна Алумина и изиигра 1-1 дома, и таман кога стигнаа гласини дека и вториот на табела можно е да игра бараж, се случи она од кое стравувавме. Мечот Славија-Братство како да се играше во Љубин а не во Пржино, барем таква слика оставија судиите. Босанска екипа за противник, судии Албанци, сценарио како за филм од Холивуд.
Славија-Братство 1-2....
Што да се каже повеќе, доволно е да се објасни дека ниту еден играч од противниците не беше фудбалер (освен еден) а другите повеќе личеа на дрвосечачи али и тоа беше доволно да не совладаат. Главен виновник, главниот судија. Да му ебам се албанско во фамилија да му ја изнаебам булата гадна :nerv:
А и тоа Босанците ги излупаа нашиве фудбалери. Како не го доживеаа времето на ЈСП па после сите без заби да шетаа, им ебам мамето муслиманско нивно :nerv:
Они шлапаат, нашиве неможеа акција да сврзат бидејќи секој допир беше фаул од нивна страна, но судијата како и секогаш НЕМ. И неможам да го објаснам најочигледниот фаул што некогаш сум го видел. Нафрлуваме во нивни шеснаесетник, нашиот напаѓач Столе седи сам, од позади му влагаат со колено во кичма, значи старт за во затвор, и судијата не досуди пенал. Ма ова нигде го нема бе, цело време на домашен да ти судат како на гости да играш. И истиот тој судија претендирал за прва лига??? И после ќе ми кажат дека судиите добри биле???
Море се да му ебам јас на него, требаше чист црвен (мада и црвен малку е, подобро да му даде картон за во бардовци), и пенал чист како солза. Му урлам на помошникот, овој се врти и ми вика, извини ама знаеш како е, нема шанси да досудам пенал, после таму ќе не утепаат.
Па кој кур судите бе маме ви ебам. Имавме две чисти шанси покрај пеналов во прво полувреме, но на два пати среќа ги спасуваше гостите. Еднаш погодена беше пречката, потоа при лобот на Милошевски топката не влезе во празниот гол туку мина крај него. Во ова срамно прво полувреме, гостите изиграа добар боксерски меч, во кој нашите млади 18 годипшни фудбалери, нможеа да парираат со оглед на тоа што противниците беа крмаци од по 30 и кусур години. Единствен кој се бунеше беше Ѓошев, но му се пуштија овие, му се закануваа, судијата остана нем и се смири до некаде и он. И покрај сите стартови, не добија ниту еден картон, за разлика од нас кои добивме жолт за приговор. Зар сте виделе некаде, судијата да ги провоцира домашните играчи само за да даде картон???
И второ полувреме, ситуацијата малку се поправи, но нашите играчи беа тотално растурени. После толку оштетувања незнам како воопшто истрчаа на терен. Запнаа конечно и гостите, погодија пречка од далеку, еднаш ја вадевме топката од гол линија, па имавме ние чиста шанса но неуспешно, за да дојде моментот кој сите го очекувавме. Одлична акција по лево, нафрла Јанев, Милошевски на втора статива носи водство и огромна радост на младите дечки и на трибините. И се опуштија, и мислеа дека е готово. Како и секогаш сами се дотепавме. За разлика од спротивната страна, кај што судоијата не досуди 2-3 чисти пенали, не додели којзнае колку црвени картони, тука веднаш покажа на белата точка. А пенал реално имаше. Ѓошев направи глуп фаул, кога ја имавме утакмицата во раце и гостите израмнија. тргнавме на се или ништо, и добивме црвен ради приговор. И во следната акција, недосуден чист пенал, по што цела управа на Славија влета во терен а главниот судија беше нападнат. Прекинот траеше подогло но мечот продолжи. Иако со неправедно исклучен играч, пак напааѓавме оставивме голем простор позади а тоа гостите го искористија и единствениот млад фудбалер од кај нив, даде прекрасен гол во агол за конечни 1-2. Судијата досуди крај без продолжение иако требаше да има минимум 10 минути продолжение.
За кого судеа денес Албанците??? Крв да им ебам муслиманска нивна!!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Лепенец-Славија 3-2 (1-2).
Први десет минути 0-2, стрелци Јанев и Миленов, потоа промашени три чисти шанси, и понатаму...
Зар треба да се коментира, ќе останам без коментар до некои понемалерозни времиња на моите клубови...
 
Duduk

Korg Maniac
Член од
8 јули 2009
Мислења
953
Поени од реакции
99
Лепенец-Славија 3-2 (1-2).
Први десет минути 0-2, стрелци Јанев и Миленов, потоа промашени три чисти шанси, и понатаму...
Зар треба да се коментира, ќе останам без коментар до некои понемалерозни времиња на моите клубови...
Ние на овие лани 12 или 13 им дадовме 12:0 мислам дека беше во Лисиче. :pos2:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Пријателска... Бутел-Славија 1-3....
Во фрка сум со колоквиуми, кога ќе бидам послободен ќе направам сума сумаре на полусезоната, очекувањата за идната, и нормално клиповите од утакмиците. Има бајаги матријал, малку е лоша сликата, али доволно е да се видат неколку гола, неколку остри стартови и доста инетерсни моменти...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Волково-Славија 2-2 (Миленов, Костадинов)
Славија-Беса 5-1 (Николов,Миленов,Ставров,Јакимовски,Петрушев) (100)
Шкендија-Славија 1-0
Славија-Драчево 2-2 (Ангелов,Јакимовски) (100)
Алумина-Славија 0-1 (Миленов)
Славија-ССК 2-0 (Николов,Димитров) (200)
Ѓорче-Славија 2-0
Славија-Бутел 2-0 (Милошевски,Јакимовски) (80)
Сан Сити-Славија 1-2 (Ѓошев,Миленов) (200)
Славија-Братсво 1-2 (Милошевски) (80)
Лепенец-Славија 3-2 (Јанев,Миленов)

ДОМА 5 3 1 1 12-4 10
ГОСТИ 6 2 1 3 7-9 7
ВКУПНО 11 5 2 4 19-13 17​

Оваа полусезона беше чест да се гледа екипата на Славија. Иако пред почетокот на сезоната бев скептик околу тимот, со оглед на тоа што се работи за играчи под 20 години, сепак на крајот сум задоволен од прикажаното. Можеше да имаме многу повеќе бодови да не беше присутно неискуството и пред се стравот од противничките валкани играчи. Сето тоа со судењето кое беше катастрофално како никогаш досега, прави да бидеме задоволни со третото место. Лесно можеше да имаме плус 4-5 бода и да бидеме рамо до рамо со Алумина, која благодарение на неколку наместени утакмици иако загуби од нас и тоа на нивни терен, се наоѓа на два бода од Славија на втората позиција. Прерасни акции видовме есенва во Пржино. Многу возбудливи утакмици, нефер судење, задоволителен број на публика и 12 гола во противничката мрежа на 5 првенствени средби, или вкупно 14 бидејќи и мечот со Сан Сити беше игран во Пржино, но сопиштанци се водеа како домаќини. За овие мечеви имавме и неколку играчи на двојна, и двајца кои беа на позајмица од Скопје, Стефан Маџовски и Александар Божинов. За жал иако се одлични за нашиот клуб, добија дозвола да играат само на неколкку утакмици. Да беше комплетен тимот на Славија, сиурно ќе имавме бодови плус. Се се почна со местото кое беше кобно за нас во ланската сезона. И одново нашите паднаа на притисокот. Иако водевме 0-2 на полувреме, сепак домаќините со голем притисок врз судиите стигнаа до 2-2. Лани во Волково не дадовме гол, оваа година барем извадивме бод :)
Првиот домашен меч изобилуваше со голови. Беса беше торпедирана а резултатот сигурно ќе беше повисок, но моравме д запреме со голови, за да не се наруши пријателството со нив, а доста извесно е дека вториот меч ќе заврши во нивна корист.
Следуваше гостувањето кое нормално МОРА да се изгуби. Овој пат Арачиновци славеа со 1-0 на нивни терен,. но кај нас нема што да бараат во вторава полусезона :)
Одново следуваше меч во кој само може да жалиме за пропуштеното. Со огромна помош од судиите, недосуден пенал (ќе видите и од клипот што ќе го ставам во иднина), предвремено досусден крај, но и поради две грешки на нашиот голман и смешните примени голови, Драчево ни извади 2-2 :( Тоа што беше пропуштено тука, го надоместивме на гостувањето во Карпош. Лесна победа од 0-1, а судењето несакам ни да го коментирам. Срамно е мал збор за тоа што се случуваше, али со тек на време ќе се смени тоа копилето од Гази Баба кое со години не уништуива, па друга песна ќе се пее во северниот регион :wink:
Ако Драчево не падна во Пржино, тогаш вториот Драчевски тим лесно го положи оружјето. ССК беше надигран во сите елементи, и победата истотака можеше да бидеме поголема. Ќе видите на клип како помошничката крена офсајд при една ситуација :kesa::kesa:
Затоа вечно ќе суди во трета лига...
Дојде на ред и гостувањето во Ѓорче, каде со десеткуван состав изгубивме со 2-0 иако на 0-0 Славија утнала празен гол на два пати.
Следната домашна победа беше со Бутел. Единствениот наместен меч оваа година го добивме со 2-0. А мечот во пролет во Бутел ќе го загубиме со ист резултат...
Следуваше најубавиот меч. Дербито за Пржино. Славија со 1-2 го совлада Сан Сити во меч кој изобилуваше со пресвртници во играта, со одлични моменти, ефорија на трибините, инциденти и нормално голема победа, и секако катастрофално судење, ко придонесе за непријатните сцени на крајот од мечот.
До тука се одеше океј и следеа две средби од кои се очекуваше сигурна победа над Братство од Љубин, и за последното гостување во Бардовци не очекувавме многу со оглед на непријателските односи со нив...
И ако досега мислев дека сум видел лошо судење, тогаш се излажав. На свој терен судијата не уништи на секое поле. Срамота за судиите што им судеа вака на овие деца. Абе ги убија нашиве играчи, и ниеден пенал не свирна. Катастрфално судење зачинето со провокации од судијата. Еј замислете судијата им вика ај удри ме на ирграчиве, за да им даде црвен :nesvest: Своето си го доби по мечот :icon_mrgr
Но и пак требаше да славиме. Ги имавме во рака со гол при крајот од мечот, по што нашиот играч Ѓошев направи глуп пенал, па потоа добивме и уште поглупо исклучување и во последните моменти загубивме со срамни 1-2 :kesa:
За последниот меч немам коментар. Иако под стандарден притисок, Славија за 10 минути имаше 0-2 во Бардовци. И тука дојде до израз несикуството на одбраната, по што мечот беше загубен со 3-2. Одбраната ја обивнувам за поголемиот дел од головите, заедно со голманот. Една утакмица бранеше добро, после во следните примаше голови од пола со лоб, а висок е 2 метра :pop:
Само еден играч ги изигра сите минути, а тоа е единствениот Пржинец Дарко Костадинов :)
На 10 меча капитен беше Денис Миленов, а само на мечот со Ѓорче кој Миленов го пропушти заради суспензија, капитен беше Костадинов. Најдобар стрелец беше токму капитенот Миленов со 5 гола, Јакимовски постигна 3, Милошевски и Николов по 2, а по 1 постигнаа Ангелов, Димитров, Петрушев, Ставров, Костадинов, Ѓошев и Јанев :)
На 6 меча во Пржино имаше вкупно 760 гледачи или во просек по 126 на утакмица, што е одлично со оглед на тоа што дуелите се играа во 10 часот сабајл и притоа тимот нема некои големи амбиции. Тимот имаше свои симпатизери на сите гостувања.
На некои мечеви на домашен терен имаше и добро навивање :wink:
За понатаму планот е да се создаде добар тим за следната година, а за оваа амбиции немаме. Нормално Ѓорче е сигурно прв, но има и муабети дека и вториот ќе влага во втора лига. Затоа Алумина ги купи сите тешки гостински утакмици, и плус првиот дуел го играа во Ѓорче со Треска иако требаше да се игра во Карпош. Тоа беше направено намерно бидејќи знаеа дека немаат тим со кој би го совладале Ѓорче, но затоа сега ќе се подзасилат и на свој терен можно е да стигнат до трите бода. Лигата оваа сезона го нема квалитетот од лани. Ѓорче е класи послаб од ланскиот Лисиче, можеби се некаде на рамниште на ланската Славија. Инаку тимот на Сан Сити се распадна. Ако се поништат нивните резултати тоа ќе биде многу лошо за нас, бидејќи ќе загубиме 3 бода, а Алумина загуби од нив па ќе ни бегаат дури 5, а сигурно и ќ паднеме на табелата. Како први засилувања добиваме некои од играчите на Сан Сити. Голем дел од нив заминаа во Алумина, а кај нас дојде Давид Симоновски, играч кој одлично ќе ни дојде :)
Што повеќе играчи од наша околина, толку повеќе публика :)
Се гледаме во пролет :wink:
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Абе друже у кој денови и у колку саат се играат утакмиците во третава лига? Блиску живеам до Пржино, на едно 15 мин. сум од стадионот, па сакам на пролет коа ќе продолжи сезоната да дојдам и да изгледам по некоја утамица. Носталгија ме фати некој не сум бил таму подолго време, а ко помал тренирав таму, коа тимот се викаше ЈСП.
 
Па така кажи бееее :)
Сега е полусезона, па обично пролетната почнува многу касно, крај на март или почеток на април :)
Оваа полсезона натореварите ги игравме во недела во 10 сабајле, па затоа оние што се моја возраст ретко идеа :)
Изгледа повоторно ќе се играат мечевите во тој термин, а можно е и во сабота, но тоа не ми одговара бидејќи ќе се поклопуваат со мечевите на Вардар...
Иначе кога си тренирал во ЈСП??? Во време на Сурла или? :)
 
Да, да у времето на Сурла :) Само што бев многу помал од сите други шо тренираа со мене, да речеме помал бев за едно 3 години, а и онака бев ситен ( а и сеуште сум :) ) па буквално пливав во тоа дресовите :) хаахах. Си се смеам сега коа ќе ми текне на тоа време! :) Ако си бил редовно присутен горе на теренот, можда ќе ти текне на едно малецко детенце шо го викаа Креспо! :)
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Дефинитивно се распадна тимот на Сан Сити, или ова се само шпекулации?
 
Абе да те видам може ќе ми текне, што знам вака не ми текнува баш :)
Кога си тренирал отприлика??? :)
Немаше тогаш старосни граници кај нас, едвај тим се крпеше па сите тренираа заедно :pos: Цело Пржино во различни периоди помина низ тие школи :)

Дефинитивно се распадна тимот на Сан Сити, или ова се само шпекулации?
Да, да дефинитинво. Колку што знам после мечот со нас не го ни продолжија првенството или пак изиграа уште некој меч али не сите...
Скоро цел тим преминува во Алумина а неколку ќе дојдат кај нас...
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Абе да те видам може ќе ми текне, што знам вака не ми текнува баш :)
Кога си тренирал отприлика??? :)
Немаше тогаш старосни граници кај нас, едвај тим се крпеше па сите тренираа заедно :pos: Цело Пржино во различни периоди помина низ тие школи :)

Да, да дефинитинво. Колку што знам после мечот со нас не го ни продолжија првенството или пак изиграа уште некој меч али не сите...
Скоро цел тим преминува во Алумина а неколку ќе дојдат кај нас...
Незнам, пред едно 5 или 6 години, значи сум имал отприлика 11 тина години! Знам дека немаше возрасни граници таму се беше у едно а јас бев најмал од сите, ако си тренирал у тој период нема шанси да не ти текне на едно ситно детенце со дугачка коса :) Креспо ми беше идол хехе. Пиши у приватна порака ако сакаш да ми кажеш како те викаа тебе, можда мене ќе ми текне ако не ти текнува тебе :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Незнам, пред едно 5 или 6 години, значи сум имал отприлика 11 тина години! Знам дека немаше возрасни граници таму се беше у едно а јас бев најмал од сите, ако си тренирал у тој период нема шанси да не ти текне на едно ситно детенце со дугачка коса :) Креспо ми беше идол хехе. Пиши у приватна порака ако сакаш да ми кажеш како те викаа тебе, можда мене ќе ми текне ако не ти текнува тебе :)
Не, не стар сум бил тогаш јас кога си тренирал ти, али не е битно, ретко која утакмица ја имам пропуштено во Пржино на ЈСП(Славија) без разлика за која категорија на играчи станувало збор :)
Иначе имам тренирано пред едно 10-11 години, али многу мал период, и ставив крај на кариерата :pos:
Еве ти една слика од пред 5-6 години, па може ќе се пронајдеш на неа, и ќе ми текне кој си :)
 
Rikal

Тој е тој: Специјалниот
Член од
18 септември 2010
Мислења
363
Поени од реакции
23
Не, не стар сум бил тогаш јас кога си тренирал ти, али не е битно, ретко која утакмица ја имам пропуштено во Пржино на ЈСП(Славија) без разлика за која категорија на играчи станувало збор :)
Иначе имам тренирано пред едно 10-11 години, али многу мал период, и ставив крај на кариерата :pos:
Еве ти една слика од пред 5-6 години, па може ќе се пронајдеш на неа, и ќе ми текне кој си :)
Нишо брат, не сум тука :(
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Нишо брат, не сум тука :(
Штета, а кога ми рече дека си тренирал пред 5-6 години, баш мислев дека си бил дел од овој легендарен состав :icon_mrgr
Да се надоврзам... ова беше претпоследната сезона во која имавме младински тим. Од овој состав само еден играч сега го носи дресот на Славија, и тоа е единствениот играч кој ги одигра сите минути во оваа полусезона, Дарко Костадинов (на сликава е 6-ти играч што стои горе со долгата косица :)). Од другиве (барем од тие што ги познавам, а тоа се 15 души од сликава кои воглавно се од Пржино, Црниче и Кисела Вода, на останатите 3-4ца не се сеќавам кои се :)) само уште еден игра фудбал, а тоа е дечкото што стои до Сурла, Ѓорѓи кој го носеше дресот на клубот кој веќе не постои, Сан Сити, а сега мислам дека е во Алумина :)
Другите... :)
Ќе го издвојам дечкото што стои трет, Пржинскиот Ибрахимовиќ :)pos::pos::pos::pos::pos:), еден од стубовите во одбрана, кој единствениот свој гол го постигна со нос :pos::pos:
Екипава се држеше добро на табелата, и за малку не влезе во плејофот (мислам дека првите 5 од 10 влегуваа во плеј-офот)...
Следната сезона, лигата беше изменета, па игравме како во некоја подлига со 3-4 тимчиња, и во текот на годината се играа мал број утакмици...
Откако тимот се прекрсти во Славија, младински школи немаме...
 
Е да, јас коа тренирав, од оваа слика со мене тренираше само детево со пуцвал коса шо стои до Сурла, сеа ти ме потсети дека се викал Ѓорѓи ( совршено памтам ликови но не и имиња), а од останатите ни еден незнам :( Ја коа тренирав, Сурла воглавном носеше деца од Бутел, се сеќавам и дека за утакмици викаше и еден Турчин кој ниеднаш не беше дојден на тренинг. Имаше доста и од Пржино и Црниче, а само 2,3 бевме од Кисела Вода ( у кисела вода сум, али сум на 2 чекори од Пржино, поточно кај Македонија Филм ако знаеш кај е тоа)!
Сеа си врајќам филм и се си мислам дека тренирав 2002-2003 година, али не сум 100% сигурен! Да не имаш слика од тој преиод?

--- надополнето ---

А голамнчево (доле) мислам Никола се викаше така?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom