Фан Клуб: Славија

  • Креатор на темата Креатор на темата zak
  • Време на започнување Време на започнување
Е да, јас коа тренирав, од оваа слика со мене тренираше само детево со пуцвал коса шо стои до Сурла, сеа ти ме потсети дека се викал Ѓорѓи ( совршено памтам ликови но не и имиња), а од останатите ни еден незнам :( Ја коа тренирав, Сурла воглавном носеше деца од Бутел, се сеќавам и дека за утакмици викаше и еден Турчин кој ниеднаш не беше дојден на тренинг. Имаше доста и од Пржино и Црниче, а само 2,3 бевме од Кисела Вода ( у кисела вода сум, али сум на 2 чекори од Пржино, поточно кај Македонија Филм ако знаеш кај е тоа)!
Сеа си врајќам филм и се си мислам дека тренирав 2002-2003 година, али не сум 100% сигурен! Да не имаш слика од тој преиод?

--- надополнето ---

А голамнчево (доле) мислам Никола се викаше така?

Немам слика за жал, оваа ми е другар:)
Памтам дека носеше Сурла деца од кај него, ми текнува само на еден Огнен ваљда се викаше, што многу често го форсираа :)
Бтв знам кај е Македонија филм, и колку што знам таа улица Мариовска спаѓа под Пржино, а не под Кисела Вода :)
Иначе еден од голманите се викаше Никола, ама се мислам дека е тој подебелиот. Заборавив да спомнам и дека тој подебелиот го напушти тимот пошто "го викале" на проба во Челзи :pos: А пустиот неможеше една топка да одбрани :)
 
На Марко Орешковиќ улица сум, под Кисела Вода се води таа братче мислам! :)
 
Абе многу сум блиску до филмско, на погорната Марко Орешковиќ сум таа број 4 шо е! Блиску сум ти викам, за 15 мин сум до стадионот на Славија.
 
Абе многу сум блиску до филмско, на погорната Марко Орешковиќ сум таа број 4 шо е! Блиску сум ти викам, за 15 мин сум до стадионот на Славија.

Епа чим си толку блиску те чекам на некоја утакмица во пролет :)
таман да прошириме поддршка и во Кисела Вода :pos:
Чим расчистивме дека си тренирал со Бецко, ете јас ќе ти кажам дека си тренирал една година пред генерацијава што е на сликата :)
Сигурно памтиш дека Бецко даде еден неверојатен гол и одма стави крај на кариера :pos::pos::pos:
А сигурно имаш тренирано и со некој друг од сликава само не ти текнуваат по изглед :)
 
Веројатно, незнам, ми текнува на голот на Беце, ми текнува и дека тој ни беше единствен шо доби жолт картон и послем СУКИ го тереаше да плаќа нешо, му викаше дека картоните се наплаќаат! :)
 
Веројатно, незнам, ми текнува на голот на Беце, ми текнува и дека тој ни беше единствен шо доби жолт картон и послем СУКИ го тереаше да плаќа нешо, му викаше дека картоните се наплаќаат! :)

Хаха, ми текнува нешто вака низ меморијава. Ми се мешаат доста генерации, ќе се распрашам поубаво кој тренирале тогаш, па ќе пишам попосле :)
Тоа беа години у пичку материну... :pos:
Редовни пациенти ни беа Балкан, па затоа Сурла само со нив закажуваше пријателски :pos:
 
Нов играч на Славија е 19-годишниот екс голман на Марино, Филип Арсовски, кој истотака потекнува од школата на Работнички. Се полни Славија со играчи од Пржино, Црниче и Кисела Вода, а тоам сигурно ќе донесе многу повеќе публика и поголеми возбудувања :)
Се преговара и со други млади играчи, па преодниот рок е до 2 Јануари и дотогаш треба се да се знае. Со тренинзи е најавено дека ќе се почне пд 15 Јануари, што ми изгледа не возможно, пошто досега никогаш не се почнало пред средината на Фебруари, а и нема логика да почнеш толку рано, кога пролетната полусезона стартува на средина на март, или почеток на април...
 
Епа чим си толку блиску те чекам на некоја утакмица во пролет :)
таман да прошириме поддршка и во Кисела Вода :pos:
Чим расчистивме дека си тренирал со Бецко, ете јас ќе ти кажам дека си тренирал една година пред генерацијава што е на сликата :)
Сигурно памтиш дека Бецко даде еден неверојатен гол и одма стави крај на кариера :pos::pos::pos:
А сигурно имаш тренирано и со некој друг од сликава само не ти текнуваат по изглед :)

Може и ја да дојдам на утакмица на пролет? :pipi:
 
Може и ја да дојдам на утакмица на пролет? :pipi:

Уште прашуваш :)
Бтв имаме 4-5 засилувања, али за имињата подоцна, пошто незнам точно како се викаат. Станува збор за млади дечки од прволигашкиве клубови:)
 
Нови засилувања на Славија се Армин Дрпљанин (Работнички, напаѓач), Ренато Јордановски (Работнички, средина), Виктор Пецев (Сан Сити,лев бек), Марјан Трајковски (Силекс, напад), Бојан Секулоски (Цементарница, одбрана), Филип Арсовски (Марино, голман) :)
Прекинати се двојните регистрации на голманот Ефтимов од Металург, одбранбениот Маџовски од Скопје и Божинов истотака од ФК Скопје.
Колку што знам подготовките стартуваат на 29-ти Јануари :)
 
Уште пред некој ден стартуваа подготовките на Славија. Поточно, уште од средата тимот има кондициони тренинзи под падините на Водно :icon_mrgr
На тренинзите има околу 30-тина играчи што е за поздравување. Сеуште точно незнам дали освен гореспоменатите има и други нови играчи, али набрзо ќе има соопштение :icon_mrgr
Мило ми е што тимот лека полека почна да работи попрофесионално, со склучување договори, укинување на двојните позајмици итн.. :)
 
Ѓорче-Славија 2-0
Лисиче-Славија 2-1
Два порази во првите две пријателски, но сепак и покрај негативниот резултат Славија изиграла одлично и во двата меча со појаките екипи. Второлигашот Горно Лисиче едвај победил со гол во последната минута, а неколку месеци претходно не прегазија дома со 0-3 :)
Тимот е доста уигран, млад но за жал без амбиции, барем не во оваа година. Инаку има промена на тренерската позиција. Нема да коментирам зошто и како, битно Љубо Милошевиќ и неговиот помошник веќе не се дел од тимот, а старо-нов тренер е Јаковљевиќ-Штела, кој после една полусезона се враќа од младинскиот погон на Лисиче.
Денеска тренинзите продолжија на игралиштето во Сарај, со цел да не се уништува нашиот терен :)

--- надополнето ---

1-1 со Локомотива и притоа Славија водела до 90-та минута...
Во четврток пријателска со Марино :)
 
Ние ја ставивме на нет, заедно со заебанцијата ВИВА ЛА ЗАДЊА ШЕСНАЕС :pos:
Битно имаме химна, и не е толку лоша, баш си е весела :pos:
Инаку мечот со Матино е откажан и се продолжува со тренинзите во Сарај...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom