Фан Клуб: Славија

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Во Сабота играме со Волково дома,а како што разбрав пријателската со Лисиче сме ја играле,и сме одиграле 1:1
Лошо си разбрал...
Волково во последен момент платиле за да настапат во третата лига, па сега наместо екипите да бидат слободни ќе се соочат со нив. Бидејќи ние бевме слободни прво коло, први ќе се сретнеме со нив.
Значи официјано денеска започнува шампионатот и за нас. Во 16 часот гостуваме на местото каде лани ни се упропасти целата сезона. Во моментов сме многу понадмоќни од нив затоа што којзнае дали воопшто тренирале, но се очекува повторно да ги применат методите од лани и тешко дека може денес да се надеваме на бодови.
16 часот Волково-СЛАВИЈА!!!
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Денеска и официјално започна новиот шампионат.. Славија првиот меч го играше на гостински терен во волково,конечниот резултат е 2:2,иако Славија на полувреме имала водство од 2:0.. Волково:Славија- 2:2
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Волково-Славија 2-2 (0-2)!
Славија била далеку понадмоќен противник на овој меч и многу сме ја заслужиле победата но се потврди тоа што го говорам цело време. На гостувања кај селски екипи ако немаш пари, нема ни бодови...
Првиот гол го постигнал единствениот Пржинец во нашата екипа. Нека му е честито првенчето за Славија, па да му се множат головите :icon_mrgr
Вториот гол бил дело на Денис еден од најдобрите наши играчи и тоа од ситуација за која е мајстор. Слободен удар изведен во аголот на противничкиот голман. Сме имале шанси за многу поголемо водство бидејќи лесно сме го изигрувале противникот. И нормално се случува истото како и секогаш. Второ полувреме со илјадници закани кон судиите кои биле како усрани голуби, многу груби стартови кои поминале несанкционирано, и прв гол од офсајд. Првиот гол сме го примиле во 70-та минута...
Тоа е тоа, нашите млади играчи не издржале под притиското на селската ветеранска екипа која лани со тепање буквално не отпиша од борбата за втора лига. Овој резултат е одличен бидејчи оваа година нема да атакуваме на првото место. Искрено сум изненаден што дојдовме до бод на едно вакво гостување, да им ебам селското да им ебам!!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Само ние земавме бод во првите кола од сите гостински екипи :)
Во недела во 10 часот не очекува меч со Беса од Слупчане која во првото коло беше торпедирана во Бардовци со 6-2. Нема дилеми, ова е меч кој мора да го добиеме лесно. Фактите низ историјата кажуваат дека Беса никогаш не земала бод во Пржино, а често си одела и со полна мрежа (7-2, 6-0, 3-0 и слично...), но во последните три години си ги тепаме стандардно со 2-1. Познато е тоа дека одлично стоиме со овој клуб но тоа ваљда нема да ги спречи нашите играчи да го торпедираат противникот. Очекувам лесна победа и првите три бода од еден меч :icon_mrgr
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Еве ги трансферите што се случија во Славија во овој преоден рок, горе доле точни се инормациите бидејќи се вадени од Макфудбал, стручното-информативно списание на ФФМ

Дојдоа

Стефан Маџовски - Скопје (Скопје) - позајмен на една година
Александар Божинов Скопје (Скопје) - позајмен на една година
Гоне Андонов - Работнички (Скопје) - позајмен
Мишел Горгиев - Скопје (Скопје)
Александар Ефнушев - Работнички (Скопје)
Димитар Николов - Работнички (Скопје)
Бојан Јакимовски - Работнички (Скопје)
Стојан Милошевски - Работнички (Скопје)
Андреја Синадиновски - Работнички (Скопје)
Иле Никодиновски - Работнички (Скопје)
Денис Миленов - Македониј ЃП (Ѓорче Петров)
Давор Апостоловиќ - Сан Сити (Сопиште)
Виктор Здравев - Металург (Скопје)
Мартин Ѓошев - Тетекс (Тетово) - позајмен
Момчило Јанев - Работнички (Скопје)
Марио Смиљков - Силекс (Кратово)

Заминаа
Кире Трајковски - Локомотива (Скопје)
Марко Симоновски - Сан Сити (Сопиште)
Милан Богдановски - Силекс (Кратово)
Мирослав Атлески - Силекс (Кратово)
Драган Мицевски - Маџари Солидарност (Скопје)
Тони Кочовски - Македонија ЃП/Треска (Ѓорче Петров/Шишево)
Дарко Рунтев - Драчево (Драчево)
Слободан Петрушевски - Еуромилк (Горно Лисиче)
Мартин Митковски - Еуромилк (Горно Лисиче)
Иван Ковачевски - Еуромилк (Горно Лисиче)
Ристе Проданов - Лепенец (Бардовци)
Роберто Костовски - Лепенец (Бардовци)
Ќенан Љута - Љуботен (Тетово)
Антонио Ивановиќ - Македонија ЃП/Треска (Ѓорче Петров/Шишево)
Дино Дамјановиќ - Македонија ЃП/Треска (Ѓорче Петров/Шишево)
Благоја Галовиќ - Македонија ЃП/Треска (Ѓорче Петров/Шишево)
Сашо Јанев - Еуромилк (Горно Лисиче)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Вака од што ги познавам играчиве можам да потврдам, за Гоне Ангелов(централен дефанзивец), Андреа Синадиновски(централен дефанзивец), Столе Милошевски (Напаѓач), Денис Миленов (централна средина), Стефан Маџовски (централна средина), Александар Ефнушев (втор голман, моментално поврееден), Мишел Горгиев (голман од Кочани, незнаев дека доаѓал од Фк Скопје :)), Бојан Јакимовски (незнам што игра), Иле Никодиноски (Кичевчанец кој мислам дека игра лев бек), Давор Апостоловиќ (дојде од Сан Сити, централен дефанзивец и единствен што е над 20 години, околу 25-6 има ми се чини, али колку што знам годинава нема да игра на утакмиците...), Момчило Јанев (централна средина). Марио Смиљков, Виктор Здравев (пошто само за еден знам дека е од Металург претпоставувам дека е тој, има надимак Матераци, па ако е тој ондак игра централна средина), Мартин Ѓошев не ги знам, а Александар Божинов играше само на пријателските со Бутел, а во саботата го немало. Од тие што ги познавам во тие што се дојдени заборавиле да го напишат Филип Ставров (лев бек од Работнички), а мислам дека кај нас игра и Мартин Кешкец (десен бек, незнам од кај е дојден) или нешто така беше :)


Од овие што си отишле, точно е за сите четворица што заминаа во Лисиче, за тие што дојдоа кај вас незнам само кој е тој Тони Кочовски....
Драгче замина во Маџари, Кире во Локомотива, Мики и Милан во Силекс, а за Љута слушав дека ќе играл за Трепча а не за Љуботен, па од полусезона ќе идел во Лисиче. Тој Дарко Рунтев сигурно не играл лани во Славија. Имавме еден таков голман пред 5 години, ама тој после премина во Скопје, па во Цементраница и незнам каде заврши, ама сигурно не играл лани за нас. Истотака Роберто Костовски и Проданов, лани настапуваа за нас, и на полусезона дојдоа од Лепенец, па не ме чуди што се вратиле таму, а Марко Симоновски воопшто и не настапуваше лани за Славија, иначе го потврдувам и тој трансфер :)

На првото коло отприлика сме настапиле вака...
Ѓоргиев
Кешкец Андонов Здравев (ако е тој што мислам) Ставров
Димитров Миленов Маџовски Костадинов
Милошевски (незнам кој)​


--- надополнето ---

EDIT: Грешка сум бил за Здравев... Незнам што позиција игра тој, ама го смешав со Димитар Николов кој истотака доаѓа од Металург а го нема на листата. Па на првиот меч во Волково наместо Здравев треба да ми стои Николов...

--- надополнето ---

ЕДИТ: Со мала помош вечерва се осдигурав за стартерите на мечот со Волково. Значи, најпрво во првиот пост што го пишав денес, потвдрувам све, со дополнението околу Здравев во првиот едит, и сега ми објаснија и кој е Бојан Јакимовски. Тој ни бил вториот напаѓач на мечот во Волково кој истотака дојде од Работнички. Има и уште една исправка, на голот не бил Мишел Ѓоргиев туку Стефан Ефтимов, високиот голман кој лани дојде од Работнички.
Значи и конечно со Волково настапиле
Ефтимов
Кешкец Ангелов Николов Ставров
Димитров Маџовски Миленов Костадинов
Милошевски Јакимовски​
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Славија-Беса 5-1 (1-0)!
Торпедирање на денешниот противник кој воедно е и најслабата екипа во лигата. Мечот го отворивме со гол во првите десетина минути. Стрелец беше дефанзивецот Димитар Николов, кој со глава стрелаше после нашиот корнер. Во првиот дел везевме по терен, али немавме многу шанси. Противникот беше целосно неутрализиран и воопшто и да не дојде до голот. Се на се првото полувреме беше досадно. Но затоа во вториот дел ги наполнивме. Како и во Волково, така и сега Денис Миленов стрелаше за 2-0 од слободен удар од 30-тина метри, но на голот кумуваше и лошата интервенција на голманот на Беса. И тогапш Беса прв пат влезе во наш шеснаесетник, и упрпаниот судија досуди пенал иако немаше никаков контакт. Му даде и жолт картон на нашиот играч, иако денеска не санкционираше ниту еден од острите стартови на гостите. Тука го навлече нашиот гнев, по што се запали и публиката :icon_mrgr
Беса намали на 2-1, и во следниот напад имаа шанса за израмнување откако и во двата наврати (и за пеналот и сега) лошо реагираше десниот бек Кешкец. И тоа беше се што направија. До крајот царувавме. Најпрвин по една добра акција левиот бек Ставров ја закопа топката во горен лев агол за 3-1. Веќе во наредна минута имавме нова шаннса. Се изнпромашија нашите играчи. Имавме 4 чисти шанси (2 преку Костадинов, 2 преку Димитров) но немаше голови. Е тогаш зголемивме на 4-1. Стрелецот на голот не го знам, али го носеше бројот 18, ќе дознаам како се вика :)
Во последната минута дадовме уште еден гол, и овој стрелец не го знам, а воедно тоа беше и единствената измена во составот од првиот меч (го носеше бројот 9).
Игравме во формација 4-5-1
Ѓоргиев
Кешкец Андонов Николов Ставров
Димитров Маџовски Миленов (број 9) Костадинов
Милошевски​

Иако мечот се играше од 10 часот на трибината имаше околу 100 души. Притоа се навиваше особено во вториот дел. Имавме и тапан, и со тек на време се надевам ќе биде нешто посериозно. Ме разочараа постарите Пржинци (моја возраст), бидејќи освен горно маало немаше никој друг.... Али браво за младината, која со знаме и тапан пееше скоро цел меч :)
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Марко морам да те поправам дека штоперот не е Андонов, туку Ангелов.
Иначе честитки до децата од Работнички кои прикажаа феноменална игра.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Марко морам да те поправам дека штоперот не е Андонов, туку Ангелов.
Иначе честитки до децата од Работнички кои прикажаа феноменална игра.
Да, да сум згрешил ненамерно. Гоне Ангелов е штоперот :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Марко морам да те поправам дека штоперот не е Андонов, туку Ангелов.
Иначе честитки до децата од Работнички кои прикажаа феноменална игра.
Да, да сум згрешил ненамерно. Гоне Ангелов е штоперот :)
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Амбиције за сезонава?
Или Ѓорче ќе бидат претеденти за 2-ра лига..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Амбиције за сезонава?
Или Ѓорче ќе бидат претеденти за 2-ра лига..
Да, да Ѓорче се сигурно први. Немаме амбиција за прво место, али има најави дека од идна сезона конечно ќе се реализира идејата за три трети лиги, а не 5 како сега, па во таа лига ќе фигурираат само првите 5 екипи од нашата група, така да нашите амбиции се да бидеме во топ 5.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
Со број 18, стрелецот на четвртиот гол бил Бојан Јакимовски...

Убаво изгледа нсловот :tv:
Следно коло гостуваме во Арачиново и 99,9 % ќе изгубиме :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.935
Поени од реакции
73.473
И пак да се надополнам, играчот со број 9 е Владо Петрушев...

Значи тимот со кој настапивме против Беса беше...
Ѓоргиев
Кешкец Ангелов Николов Ставров
Димитров Маџовски Петрушев Миленов Костадинов
Милошевски​

Стрелци на головите... 1-0 Николов, 2-0 Миленов, 3-1 Ставров, 4-1 Петрушев, 5-1 Јакимовски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom