*
Се додека се ужива во деградирањето на жената која сама одлучува за себе и за мажите во нејзиниот кревет, ќе имаме „курви“.
Интелегенцијата се качува на високо ниво, поголеми светци сме со тоа што на некој ќе му се залепи етикета?
Која да бидеме реални често и знае да биде безсмислена, залепена од многу други причини.
Општеството во кое вака се гледаат работите е општество на тривијализам, ќе ми простите што морам да потенцирам дека е едноставно ниско да се зборува за „курви“, од чиста причина што во моментот кога ќе се спуштам на ниво некој така да го наречам, сама себе сум се зезнала, не некој друг.
Курви нема, проститутки да, и тоа е работа, ваква, таква, работа е.