Македонците и пцуењето

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа кај нас ти е секојдневие...се има случено и професорите на час да опцујат
или пак кај мене во клас еден соученик еднаш рече
“Професоре забравих даа ебум.... не го научив тоа ебаго’’ па професорот нишо... мислам дека провките треба да влезат во речникот ... навредливи или не најкористени се

ај да те ебам, у право си :smir:
на мене на пример, пцуентто мии у устта секој ден, дома пред мојте не пцуеех ич, саа почнах и дома да пцуум, коо ќе се изнервирам нешто, за фудбал да кажеме. а тка у некои ситуации на коо праам маабет со проф. незнам как се воздржувам да не испцујам, иако се имам испуштувано 3-4 пате, шо да праам да го ебам :helou:
иначе беровчане пцуут ного, и ного интересно, миксат пцуене со клнене. мамка ви деба, не пцујајте ного, ќе ве банират сите :helou:
 
Baba Vangja od Bugarija velela deka Bog gi kaznuva srbite (90-tite godini, koga cel svet gi mlatese po glava) zaradi nivnite pcosti od koi del se nameneti i za Bog.

Pa sta pricas, jebote te Bog? :pos2:Такви се што да им правиме, сеа дали ги казнувал Бог или не незнам, но не е убаво тоа во секој случај, ми изгледа просто а и они претеруваат. Не се споненува името божје напразно, поготово не во пцости.
 
Pa sta pricas, jebote te Bog? :pos2:Такви се што да им правиме, сеа дали ги казнувал Бог или не незнам, но не е убаво тоа во секој случај, ми изгледа просто а и они претеруваат. Не се споненува името божје напразно, поготово не во пцости.
Znaci, ima logika...
 
Да пцуеш значи да се бориш : пцујачот за слобода,опцуениот за совршенство ...
 
Цитат:
Напишано од Ryxx_SF
Да пцуеш значи да се бориш : пцујачот за слобода,опцуениот за совршенство ...

Обратно, опцуениот за да не го пцујат, пцујачот за совршени пцовки.
Е така...благодарам на поправката :)
 
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,од делото..
„Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение".

Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа.
А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.
Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници.

Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора игаат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат.
А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајни.

не биле и тогаш баш цвеќиња..

Ова е извадок од "Огледало" каде што Пејчиновиќ, во текот на опишувањето на една појава (меѓу другото) за тоа како изгледаат многуте квази верници, во која додава дека и поповите пцујат. Доколку свештено лице, кое би требало да дава пример, го руши ова морално правило, што останува со другите? Според Библијата пак, не би требало да се пцуе. Познавате верник кој никогаш не опцул? Не.

Македонците пцујат во секојдневниот говор, дури и тоа веќе не е навреда, како примерот на претходната страна, се сретнуваат двајца пријатели кои одамна не се виделе и се поздравуваат употребувајќи пцовки. Океј, можам да сфатам како е да се пцуе доколку некој е изнервиран (и тоа би можело да помине без пцуење затоа што пцуењето не е начин на кој работите би требало да се решат).

Ние сме нација што повеќе пцуе од црнечки гангстери во Америка. Дури и мали деца пцујат, пцујат и старци, не доликува таквото однесување. Медиумите ги изнесуваат тие пцовки во јавност со цензура. Не, не треба да има цензура, треба да се исфрлат од употреба.

Пак ќе се навратам на она што досега го зборував на темата Слаткаристика. Ваквата појава на рапери кои мислат дека се хардкор ако пцујат, ја зголемува појавата на употреба на пцовки кај помалите деца. Истиот гореспоменат артист се буни и застанува во сопствена одбрана дека не би требало да биде цензуриран. Доколку веќе некој е способен да излезе на комерцијалната сцена мора да има во предвид дека песните ги слуша публика од различна генерациска група и да ги прилагоди според истата. Но не, тој калибар на артисти кои се немаат определено што се, продолжуваат да пцујат, а поради популарноста, и младите го следат нивниот пример.

Пред некое време во моја близина седеа група на деца, на возраст 10-12 години. Во еден момент, приметив како при расправија помеѓу две од децата, едното почна да го пцуе другото притоа инволвирајќи членови од семејството на другото дете. Го прашаа, од кај знае така да пцуе, и рече, "па тоа е сега модерно, Слаткар стално пцуе". Бев запрепастена и почнав муабет, со прашањето дали ги разбираат текстовите на нивниот идол. Одговорот беше негативен, што и не беше чудно. Коментарот на другарка ми, која не и се веруваше што слуша, беше "зарем е можно родителите да им дозволуваат такви работи на децата". Незнам од каде, се појави еден родител на едно од нив во близина и почна со коментари од типот: "Ти ли ќе му кажуваш на моето дете што да слуша и дали да пцуе, ти *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано*, син ми ако сака ќе пцуе, *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано* *цензурирано*"

Трагично.
 
Ова е извадок ...

Трагично.

Во право си.
Памтам дека јас како дете не ни помислував на пцовка пред моите родители, а и до ден денес не пцујам пред постари. Не ми јасно какво домашно воспитување имаат денешниве деца кои пцујат на место „добар ден“. За се се криви родителите.
Сепак, за себе не можам да кажам дека не пцујам, всушност пцујам доста.
Во последно време се трудам да не пцујам толку, ама да гу е*м, не ми оди баш многу.
 
Од балканските нации сепак сме една од покултурните, барем по ова прашање.
И јас го сметам пречестото пцуење како недостаток на култура и почит.
За шампиони на Балканот ги прогласувам грците и романците. Мислам дека им нема рамни во пцуењето и содржините на пцовките кои се способни да ги смислат во дел од секундата.
Би сакал како нација да настојуваме се помалку да користиме пцовки во секојдневниот говор.
(со исклучок на Неготино, нив ќе ги оставиме за спомен и може ќе развиваме пцувачки туризам таму) :pos2:
 
Јас кога се изнервирам ептен нема ми рамен у пцуење.Ама ако не сум изнервирана освен некои „основни“ пцости не ми текнува нешто „посочно“.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom