Македонците и пцуењето

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
A

anaveno

Гостин
Дел од лингвистите велат дека пцостите се дел од македонското поднебје и оти се придружна содржина на секојдневниот говор. Се оди и до таму што се вели дека пцостата го одразува и расположението, во негативна, но и во позитивна смисла.

Дали сме нација која во својот вокабулар често го користи пцуењето?

„Македонциве, имало немало пцуеме. Таква ни е сортата."

„Мислам дека не сме нација која пцуе, ние во Прилеп велиме карање".

„Пцуеме и тоа многу. На се што ќе се случи пцуеме".

Придружна содржина

Лингвистот, професор Орде Сливјаноски вели дека пцостите се дел од македонското поднебје и се придружни содржини во секојдневниот говор,

„Генерално сме приврзаници на пцостите. Во секојдневниот живиот говор, ќе речам, пцостите се нужно зло. Го надополнува нашето расположение во убава, позитивна или неубав негативна смисла. Има луѓе кои се оградуваат од пцоста. Меѓутоа јас не сум таков приврзаник и фанатик дека пцоста не треба да биде наше его или наше секојдневие".

Кога и зошто луѓето користат пцост ?

„Пцујат за некој револт, ете, не му е погодено ништо"

„Луѓето и без потреба кара"

„Некогаш на шега, но некогаш и во лутина"

Македонките пцостите можат да бидат изразито вулгарни или благи по својата содржина, а најчеста тема во нив е жената, односно мајката, сестрата фамилијата или куќата

Македонските пцостите се употребуваа како нужна потреба „како добронамерни или злонамерни" објаснува професорот Сливјаноски.

„Пцоста може да биде со одмазднички карактер за да се расчистат некој стари сметки, а пцоста може да биде и добронамерно упатен, пример земјоделецот со пцост ќе го упати добитокот да оди во саканиот правец".

И машки и женски

Прилепчани често знаат да речат „маж кој незнае да пцуе не е маж!".Но, дали денес пцуењето е израз само кој го користи посилниот пол?

„Пцуењето денес често се употребува и кај жени кај мажи"
„Па, се научија и девојчињата да пцујат"
„Нешто помалку жените пцујат, инаку сите пцујат"

Од устата на мажи или жени, во дом, на улица, во чаршија, пцостите, несомнено, се присутна во секојдневниот жив говор. За некој тие се подобри од клетва.

„Мажот да ме изнервира не велам да го проколнам, ама ќе опцујам"

Други не можат без нив: „Па, ако ме прашаш мене само кога спијам не пцујам."

Трети велат: „Некако ми делува тоа вулгарно нецивилизирано"

А, последните тврдат: „Се случува да опцујам сега, ретко. Но, се трудам да не пцујам зошто тоа навистина не е добро")

BBC
 
У пичку матер, интересна тема. Шознам, да го ебам, дали македонците пцуеле, оган да ги изгорит...

Ебаго, кај кур сеа да се мислам. Ко ќе знам ќе кажам, ебате беља.

Сега за сега немам коментар, да би леб немал да јадам.
 
У пичку матер, интересна тема. Шознам, да го ебам, дали македонците пцуеле, оган да ги изгорит...

Ебаго, кај кур сеа да се мислам. Ко ќе знам ќе кажам, ебате беља.

Сега за сега немам коментар, да би леб немал да јадам.
:)изгледа македонците пцујат...
 
Не е така како што изгледа...Македонците пцујат во поново време...до почетокот на 20тиот век, не постоеле такви гнасотии кај нас...барем не во таа форма...Ние сме биле познати по колнењето :)
 
КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ,од делото..
„Поучение свакому христиану како подобает празновати празници господских и свјатих и како подобает причаститисја својатое причештение".

Ете тако се празнуат великиј ден, кој ест христианин и кој ест радлив за своја душа.
А како гледам во едни села, да чува Господ, дип грубо.
Ни христиани можем да ги наречем ни пак неверници.

Великиј петок и велика суббота јадат и пијат, и великиј пост хора игаат, со жена у постеља спиат, на забита се клеветет, давиа чинат, се пцуат, се тепаат, на сам ден велик ден причештиа чекаат.
А попот узел, осом села попуат, каде по напред да стасат, трчат от село на село, со меинзил носит свјатии тајни.

не биле и тогаш баш цвеќиња..
 
Прилепчани често знаат да речат „маж кој незнае да пцуе не е маж!".Но, дали денес пцуењето е израз само кој го користи посилниот пол?

„Пцуењето денес често се употребува и кај жени кај мажи"
„Па, се научија и девојчињата да пцујат"
„Нешто помалку жените пцујат, инаку сите пцујат"

http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2007/10/071016_macedonia_pcuenje.shtml

Точно така, карањето на нас прилепчани ни е како добро утро. Само има два вида на карање. Тоа што е како добро утро и навредувачко карање кое не го поддржувам. Поздрав до кавадарчани и неготинчани кои единствено караат повеќе од нас
 
„Мислам дека не сме нација која пцуе, ние во Прилеп велиме карање".:pos2:

Вие таму во Прилеп како да галите , дојди кај нас во Куманово да видиш "право пцување" што би каЖале ние
 
Не е така како што изгледа...Македонците пцујат во поново време...до почетокот на 20тиот век, не постоеле такви гнасотии кај нас...барем не во таа форма...Ние сме биле познати по колнењето :)
Бог да ги убие душманите- аир да не видат- да им се сотре племето,од лошо да не куртулат :helou:
 
Ретко уствари никако...кога пцујам то е на шала...на пример ти ибам шахот..:pos2:
 
Не сме лоши но да не се форсираме, србите се шампиони...:pos2:
 
A mene me inetresira koja nacija ne pcue, ako sednes da pravis muabet na primer so eden avstralianec pa sega veruvam opsto taka e i so site angliski vrski i ke slusas sekoj vtor zbor Fu... vaka, fu.... taka, fu.. onaka i slicno posle sekoj zbor se koristi fuck a posle nie sme bile tie sto pcueme.
 
Тоа кај нас ти е секојдневие...се има случено и професорите на час да опцујат
или пак кај мене во клас еден соученик еднаш рече
“Професоре забравих даа ебум.... не го научив тоа ебаго’’ па професорот нишо... мислам дека провките треба да влезат во речникот ... навредливи или не најкористени се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom