Колку се луѓето емотивни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
Lugeto se i ke bidat emotivni... Megutoa nekoi toa go pokazuvaat, drugite ne. Anyway u zivotot sekogas ke im bide polesno na tie stoja iskazuvaat tagata, so solzi ili...
 
По смртта на Тоше гледам дека владее една општа депресија меѓу луѓево, на пр. на прсти се бројат луѓево од клас што не заплакаа. И тоа ме натера да размислам, зар луѓето толку се потресуваат, зар се толку емотивни? Најискрено јас не почуствував нагон да заплачам, а не ни чуствував дека е потребно којзнае колку да тажам, зошто тој останува да живее во нашите срца, остави премногу зад себе, песните му остануваат. Цело време мислев дека луѓево се нечуствителни ама ова ме зачуди. Ако толку се плаче и се жали за него, тогаш колкава треба да биде тагата кога ќе умре некој близок, некој роднина?

ова настана зашто и самиве децата ја кренаа тензијата со се сите медиуми нон стоп 3 дена значи 1 факт за тоа а посл еи самиот Тоше имаше таква харизма и мене ми падна мн жал :(

Конкретно за таа ситуација се надоврзав ,, а инале лчугето се емотивно но не и секој да заплаче или да помисли на друг за помош , за нештоп добро повекето и заради тоа да не се заебани во живот намерно стануваат сурови чисто од себичност и саможивност..
 
Луѓето се премногу емотивни!!! Само што кој како го изразува тоа...
Пример... јас сум многу емотивна личност, но сето тоа не го покажувам на лице, ако е нешто лошо или нешто во тој стил...
Кога беше работава со Тоше, срцето ми жалеше и ми плачеше, зашто сите негови песни што се, секогаш нешто ми даваат некоја порака во секој момент... Но, сета таа тага и жал не сум ја покажал надворешно... се што се случуваше, се случуваше во мене, внатре во мене, во моето срце... А и не само за таа работа... туку и за сите такви тажни работи... физички многу тешко плачам, но душевно срцето ми се кине... за физички да плачам, треба да ми дојде премногу на душата за да излезе сето тоа надвор и да се покаже вистината прикриена внатре длабоко во мене...
Пример... баба кога почина, не сум плачел и не бев нешто многу тажен, затоа што знаев оти тоа ја чека поради болеста нејзина... сфатив порано и се помирив со тоа... но, сепак ми беше тешко ради тоа што не ја видов со месеци можеби... срцето ми тагуваше, но со тек на време се помири со вистината...а, физички не пуштив ни солза... може малку сум го покажал според моите дела, дека не ми е баш сеедно, но сето тоа го криев внатре во мене...
Што сакам да кажам е следново: Луѓето некои може да се читаат меѓу редови, а некои неможеш ни да ги познаеш што се случува со нив, едноставно го кријат тоа и не даваат да излезе од нив... што и да е...
а во глобала, секој човек е премногу емотивен, само работа е кој како го покажува сето тоа...
 
не мора да значи дека ако плачам сум премногу потресена...секој човек е емотивен и различно ги доживува и покажува своите чувства...
имам загубено блиски личности премногу ми беше тешко и плачев само кога бев сама, пред други не! пред други не сакам да покажувам емоции особено вакви...тага, болка....
не значи дека ако некој се корне од плачење повеќе жали од оној кој молчи, мирно си седе..... кај секого е различно..
 
Што знам...Има емотивни луѓе...Многу! Опкружен сум со такви...И јас сум еден од нив но не плачам не знам зошто...Не ми доаѓа нагон само жалам сам со себе...
 
Луѓето не се емотивни.
Луѓето се глупи, луѓето не знаат да се изразуваат.
На луѓето кога им се сере, солзите во очите настани поради стегнатиот чмар ги нарекуваат емоции. Својата неспособност и немоќност да се искажат или направат нешто ја нарекуваат емоција. Се друго, кога ќе направат нешто за себе, го нарекуваат одлука. Луѓето ја користат емоцијата за да се оправдаат ако за нешто не ги бива. “Бев под емоции“.

Ма чудо е како дишат повеќето.
 
Сите луѓе чувстуваат,сите луѓе имаат емоции.
Не значи дека ако плаче некој,дека му е потешко од оној кој не покажува ништо.
Се зависи од човек до човек.
Јас на пример секогаш кога ми е тешко плачам,ама плачам зашто сметам дека после ќе ми биде подобро на душичката,дека ќе ми биде подобро после.
Иако после плачењето имам подочњаци,отечена сум цела и сум во одвратна надворешна состојба,барем се осеќам посмирено.
Ама тоа сум јас.
Некои други луѓе што ги знам се во секоја ситуација смирени и сталожени без разлика што каква е ситуацијата.Што не значи дека не им е тешко,само можеби тоа е нивниот начин на справување со тешкотиите.
 
Сите луѓе имаат емоции,но сите ги манифестираат на различен начин.
 
По смртта на Тоше гледам дека владее една општа депресија меѓу луѓево, на пр. на прсти се бројат луѓево од клас што не заплакаа. И тоа ме натера да размислам, зар луѓето толку се потресуваат, зар се толку емотивни? Најискрено јас не почуствував нагон да заплачам, а не ни чуствував дека е потребно којзнае колку да тажам, зошто тој останува да живее во нашите срца, остави премногу зад себе, песните му остануваат. Цело време мислев дека луѓево се нечуствителни ама ова ме зачуди. Ако толку се плаче и се жали за него, тогаш колкава треба да биде тагата кога ќе умре некој близок, некој роднина?
Прво, терминов емотивни е малку несоодветен за она што всушност го проблематизираш со темава. Ти прашуваш колку луѓето имаат способност за сочуствување и колку се сензитивни(или хиперсензитивни) на она што им се случува.
Примеров што го даде со смртта на Тоше. Знаеш таа масовна болка и жалење по него е малку и масовен социолошки феномен, а не е само работа на индивидуална толеранција на загуба. Тоше беше светол исклучок од она со што вообичаено ги поистоветуваме ѕвездите. Тој беше толку хуман, религиозен, скромен, поседуваше такви морални и етички доблести во време кога истите се реткост, што неговата загуба ја поистоветивме со губење на тој дел од самите себе. Ако анализираме уше подалеку, може да се рече и дека кога како нација и држава сме сведоци на големи порази и удари врз достоинството, смртта на Тоше беше и губење на една ретка светла точка, на една голема надеж, и тоа отелотворена во такво талентирано, убаво и пред се хумано и човечно младо момче. Се што не мачи како македонци веќе скоро деценија, доживеа катарза со загинувањето на Тоше. Како да ни загина и едниствената македонска гордост(т.е нашата лична национална гордост). Кога плачевме за Тоше не плачевме само за тоа што такво прекрасно и уникатно момче не е повеќе меѓу нас. Плачевме и затоа што си ја оплакувавме и националната судбина и личната немоќ да го задржиме она што вреди.

А за емоции и емотивност. Нема човек на Земјава кој нема емоции или кои не реагира емоционално. Затоа и пишав дека насловот не штима со суштината на темата. Единствено се разликуваме во интензитетот на емоциите како и во демонстрацијата на емотивните одговори во одредени ситуации.
 
По смртта на Тоше гледам дека владее една општа депресија меѓу луѓево, на пр. на прсти се бројат луѓево од клас што не заплакаа. И тоа ме натера да размислам, зар луѓето толку се потресуваат, зар се толку емотивни? Најискрено јас не почуствував нагон да заплачам, а не ни чуствував дека е потребно којзнае колку да тажам, зошто тој останува да живее во нашите срца, остави премногу зад себе, песните му остануваат. Цело време мислев дека луѓево се нечуствителни ама ова ме зачуди. Ако толку се плаче и се жали за него, тогаш колкава треба да биде тагата кога ќе умре некој близок, некој роднина?
Секако дека беше трагична вест која не’ потресе сите. Но еве да тргнеме од еден друг аспект. Луѓето најчесто реагираат онака како што реагираат и сите останати околу нив. Нормално беше за сите кога ќе ја видеа целата таа толпа која плаче, да почнат и тие. Едноставно нешто те тера да заплачеш па дури и да не си многу емотивен. Да не заборавиме на фактот и дека стануваше збор за млада личност која ја почитуваа сите.
Сепак, јас тоа го приметив на погребот на мојата баба пред уште 4 години. Дента кога почина се утепав од плачење. Плачев можеби 2-3 саати без престан. Некако се смирив. Но кога почнаа да доаѓаат луѓе насолзени во очите мене нешто ме тераше повторно да заплачам. Едноставно има нешто во сите нас што не’ тера донекаде да го манифестираме она што го чувствуваат другите.
 
BUMP. Океј, генерализирање.
Мама слушна на вести, значи студио и водителка, па пушти солза.
Луѓето се емотивни, факт. Секој различно го покажува.
Некој полесно му е да чува се' внатре, класифицирајќи (damn, го мразам зборчево веќе) се како стабилна персона која може да делува како потпора за секој, и мислејќи дека плачењето е слабост во нечии очи.
Некој едноставно си се исплакува.
 
По смртта на Тоше гледам дека владее една општа депресија меѓу луѓево, на пр. на прсти се бројат луѓево од клас што не заплакаа. И тоа ме натера да размислам, зар луѓето толку се потресуваат, зар се толку емотивни? Најискрено јас не почуствував нагон да заплачам, а не ни чуствував дека е потребно којзнае колку да тажам, зошто тој останува да живее во нашите срца, остави премногу зад себе, песните му остануваат. Цело време мислев дека луѓево се нечуствителни ама ова ме зачуди. Ако толку се плаче и се жали за него, тогаш колкава треба да биде тагата кога ќе умре некој близок, некој роднина?
девојче земаш лош пример
Депресијата во врска со тоше беше повеќе медиумски потикната 24/7 тебе да ти прикажуваат песни од тоше паралелно со расплакани тинејџерки и посебно ако си некоја која мора постојано да се филма нормално ќе најдеш причина зошто да плаче е депресицвна и да се солидаризира со некој и да се траска заедно од ѕид овојпат беше тоше следниот пат дечко некој....
целата таа работа личеше повеќе на масовна хистерија од типот свински грип

Луѓето се емотивни кога се очекува од нив .....ретко кога навистина плачат или тажат

Луѓето во повеќето случаи се емотивни кога нив им одговара посебно кога треба да привлечат внимание.И се емотивни кога не знаат навистина да дефинирааат што е ебаниот проблем па затоа и цивкаат

Повеќе би рекла емотивци по потреба дури и се изгради една цела субкултура наречена емо ....
 
Масовна хистерија, да, ама некој да плаче или тажи зошто тоа се очекува од него, т.е. од потреба и привлекување внимание, мислам дека е апсолутно ниско и прелицемерно.
 
душо единствените искрени солзи се оние кои ги пуштаме за себе.

Се останато е зошто се очекува од нас ,сите се плачеакога умре тоше бијдеќи беа бомбрадирани со 24/7 тажни in memorian срања и нормално ти реагираш на таа дразба ,дури и е очекувано да реагираш во спротивно ќе те сметаат за нечовек(у мој случај)
Иначе не зборев дека пуштаат солзи за привлекување внимание Итн
 
НЕ НЕ И НЕ

НИЕ СМЕ ЛУГЕ-и има алтруисти има луге кои се грижат за другите кои помагаат..зарем тебе никој не ти помогнал

лугето се делат од животните мегу другото и поради фактот што се емотивни:toe:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom