Господо од управниот одбор на К.К Фени го користиме овој начин на комуникација во името на навивачката група "Лозари" јавно да ви се обратиме да ја кажеме вистината од наше лично име за потоа да не дојде до некакво извртување на вистината од страна на некој кој нема добри намери ниту за спортот ниту за градот. Најнапред сакаме да кажеме неколку збора за навивањето како феномен. Навивањето како организирано бодрење доаѓа од душата и од срцето за тимот кој се сака и кој се смета за свој. А тоа значи дека истото не се купува и не се продава. А секое навивање е потикнато од некои други побуди изгледа смешно, не вистински и како такво однапред е осудено на пропаст. Ние господо докажавме дека сме вистинска навивачка група и тоа низ цела Македонија. И без притоа да се побараат никакви парични средства како услов за навивање од наша страна. Ако не е така кажете! Ние не бараме пари за да навиваме, но тоа не значи дека како организирана навивачка група немаме свои трошоци кои ни се потребни да напредуваме и да функционираме по организирано и по професионално. Причината поради која ја немате нашата подршка лежи едниствено кај вас и тоа еден дел од кошаркарите, а другиот кај вас како управен одбор на К.К Фени. Но да почнеме со ред. Како навивачи во неколку наврати бевме навредени од нашите кошаркари со што тие директно го поткопаа темелот на нашата група која со големи напори и проблеми ја одрзувавме и без тоа. Ги бојкотиравме играчите со вртење на грбот и не поздравување, а на крајот од сезоната имаше и писмен протест наменет за нив под наслов "Ѕвезди наши" кој гласеше вака:
Ѕвезди Наши
Ѕвезди Наши! Секоја ви чест! Го докажавте она, за кое некој сметаа дека е невозможно. Се издигнавте од ужасот на поразот и срамот на губитникот и собравте доволно храброст и вера и сила и докажавте дека нема не возможно. Треба само да се посакува и со цело срце и битие да се бори за тоа што се сака. Се вивнавте меѓу славните храбрите и успешните и засветивте над сите нас во тие мигови на веселба и вознес, вие уште еднаш ја навредивте и пониживте вашата верна навивачка група "Лозари". Не најдовте барем малку од вашето драгоцено време, да дојдете кај нас и заедно да ја споделиме вашата и наша победа, како што ние дојдовме кај вас заедно да го споделиме нашиот и ваш пораз а тоа е всушност најголемата карактеристика со која се одликуваат вистинските борци и херои. Во тие мигови на слава и гордост да се најде човечност и скромност, не себично да се подели она божественото ваше со нас обичните се додека не ја научите таа доблест на великодушност, ќе трепкате секогаш како ѕвезди никогаш нема да светите како сонце!
И никој му ништо не бевме изгледа сериозно сватени не е битно но сега после состанокот со управниот одбор на кој наидовме на разбирање за нашите проблеми и скромни барања прекинуваме секаква соработка со вас како Кошаркарски Клуб.
Збогум ФЕНИ!
Навивачка група ЛОЗАРИ