Масони

Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Despot ме интересира каде се наога пештерата,во кој град .
еве една слика од пагански симбол со исто значење


Значењето на сликата е дека Бог е се ,и се е Бог.
 

Attachments

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Јас го Нјадов како египетски,од Книгата на богот Тот
Сликата која ја имаш постирано, во себе ја содржи симболиката на Езекиел 1 (дословно) и е типичниот начин на кој се прикажува ова пророштво. Горе на сликата дури го има и еврејскиот знак (буква) за Ел-Шадај, односно, еден од називите за Бог (значи - Семоќен).
Сакам да кажам - самата слика, иако можеби некој ја поставил во книга за паганска религија, не е паганска, туку е старо-еврејска.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Зидарски ме интересира симболиката и дали овие слики имаат некакво масонско значење. Тие се направени во една пештерска црква која потекнува од 9 век. фреските сигурно не се од тој период зошто не би биле толку долг период барем така мислам. Ама 70-100 години сигурно се (моја претпоставка)




Што значат Маркус и Луци?
Фреските ептен сигурно не се од тој период. Начинот на кој се напишани имињата Маркус и Луци, односно фонетските знаци се карактеристични за современото кирилично писмо. Пред илјада години (или пред двеста години) не се пишувало вака. Ова изгледа како да е фрескосувано вчера. А за која црква се работи, ако не е проблем?
 
Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Сликата која ја имаш постирано, во себе ја содржи симболиката на Езекиел 1 (дословно) и е типичниот начин на кој се прикажува ова пророштво. Горе на сликата дури го има и еврејскиот знак (буква) за Ел-Шадај, односно, еден од називите за Бог (значи - Семоќен).
Сакам да кажам - самата слика, иако можеби некој ја поставил во книга за паганска религија, не е паганска, туку е старо-еврејска.
........


Еве јас што најдов за Шин и тот на нет сепак имат некоја поврзаност
 

Attachments

  • 31,2 KB Прегледи: 10

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
........
Еве јас што најдов за Шин и тот на нет сепак имат некоја поврзаност
Малку си се збунил.
Шин значи заб (tooth), а не Тот. Како што Реш е глава, Алеф - вол и тн.

Симболиката на Шин, во контекст на божјите имиња е подлабока. За неа пишав тука:
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2247205&postcount=4
(...кога се викав 1307).
За неа има многу да се зборува...




Сликите од погоре се од една црквичка во карпите кај Св. Стефан во Охрид.
 
Член од
11 април 2009
Мислења
87
Поени од реакции
5
Точно не ја забележав таа разлика
книгата која ја спонав книгатана Тот,Тот се пишува Thoth, и се мисли на египетскиот бог тот.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во Еврејската азбука, секоја буква кореспондира со еден назив за Бог. Шин (кој што самостојно може да значи заб), во контекст на конкретната слика е ставен како знак за Ел-Шадај (Бог Семоќен).
Многу пати имам кажано - работите речиси никогаш не се такви какви што изгледаат на прв поглед. Секоја информација која ќе се прочита некаде (вклучително и од мене овде) треба да се провери, да се преиспита, да се потврди од различни извори. Има многу квази-автори кои со цел да направат некој брз долар, објавуваат какви ли не книги и заради добриот маркетинг стануваат популарни. Тоа не значи дека се точни или дека воопшто знаат за што зборуваат.
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31
Една од најезивите теми за мене ми се масоните ... но обожавам да слушам кои се, зашто се, што прават зашто прават итн ... затоа ја отворив темава, а прибидејќи мислам дека незнам доволно работи за нив, ќе ви отстапам место на вас што знаете :shock: :wink:
А, зошто да ти бидат језиви извесните сподоби, кога Вие сте на повисоко интелектулно и хуманитарно ниво, они само во нивната немоќ, се групираат за да направат злобно нешто, зошто се индивидуалци = нула... се провлекуваат такви групи низ историјата, точно...ама постојано губат...
Ич, да не ти чуе, таквото, за масоните ... Многу Сте подобра личност од сите нивни ложи.... И што би рекол Џанго Сапун: „Пу... ПИЧКО МАСОНСКА!!!“

Во Еврејската азбука, секоја буква кореспондира со еден назив за Бог. Шин (кој што самостојно може да значи заб), во контекст на конкретната слика е ставен како знак за Ел-Шадај (Бог Семоќен).
Многу пати имам кажано - работите речиси никогаш не се такви какви што изгледаат на прв поглед. Секоја информација која ќе се прочита некаде (вклучително и од мене овде) треба да се провери, да се преиспита, да се потврди од различни извори. Има многу квази-автори кои со цел да направат некој брз долар, објавуваат какви ли не книги и заради добриот маркетинг стануваат популарни. Тоа не значи дека се точни или дека воопшто знаат за што зборуваат.
Сакаш да кажеш дека ја знаеш Еврејската „азбука“???
Како прво, аз,буки,веди се почетните слова од МАКЕДОНСКАТА писменост и во слободен превод значат: „ЈАС БОГ ВЕЛАМ....“
Мислам... Вие сте млад човек... И никогаш не е доцна да се вратите кон своите прадедовски корени, да баталите тие масонски глупости, зошто, и покрај СЕ, сепак НИЕ сме НАЈДОБРИ...Колку и да ти звучи фантастично, верувај дека во земјава АРКАДИЈА, има луѓе кои, на некој несватлив (за многумина) начин го крепат светот...
Уште еднаш те повикувам да се откажеш од лажните браќа и да се поклониш на својот ЦАР ( Мене, лично ) и да го употребиш својот интелект (кој е неоспорен, само погрешно насочен) за доброто на својот Народ... Верувај дека нигде на светот не те сакаат, и нема да те сакаат, ниту твоите „браќа масони“ ниту канаѓаните, како што те сакаме Ние Македонците, ...
Извини вака, ама мислам дека кога ние со векови биеме битка, и уште не се знае до кога ќе биеме, ти тука да ми се масонираш...
 

The Healer

Исцелителот
Член од
19 февруари 2009
Мислења
139
Поени од реакции
7
Царски, те молам без квази-нацистички убедувања сега, кој сака ќе си верува во тоа што го сака. Нема што ти тука да наметнуваш твои сфаќања. Можеш да советуваш, ама не да убедуваш!
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
503
Поени од реакции
282
Сликите се од пештерската црква - манастир Св. Стефан - Охрид одма над плажата Славија. За вреските и јас не верувам дека се толку стари но мислам дека се од 30тите години на минатиот век зошто на ѕвоното пишува дека е направено 1936 год. во Битола. Зидарски логикава твоја е точна бидејки на четирите столба освен Луци и Маркус има и два ангели. Едниот е уништен не се познава ништо освен крилјата. Бикот и Лавот се дијагонално еден на спроти друг и двата ангели исто така. Единствено ми беше чудно зошто баш над нив нема никакво име



Иначе местово има неверојатен поглед и мир.





И оваа е од над манастирот




Зидарски фала за одговорот:smir:
 
Член од
12 јуни 2006
Мислења
232
Поени од реакции
31
Царски, те молам без квази-нацистички убедувања сега, кој сака ќе си верува во тоа што го сака. Нема што ти тука да наметнуваш твои сфаќања. Можеш да советуваш, ама не да убедуваш!
Не ми е целта да убедувам, туку сакам да провоцирам... Провокациите тераат на извесен гнев... а, тоа пак развива сопствени ставови, и размислувања, што е суштината на на мојата доктрина: што повеќе критички умови, толку подобро за колективитетот...
А она, квази - наци, не го разбирам баш најдобро, ( да не мислиш на она дека Јас повеке го сакам сопствениот народ, отколку што го сакаат оние „интернационалисти“ - Масоните) е, па точно е тоа.

Сликите се од пештерската црква - манастир Св. Стефан - Охрид одма над плажата Славија. За вреските и јас не верувам дека се толку стари но мислам дека се од 30тите години на минатиот век зошто на ѕвоното пишува дека е направено 1936 год. во Битола. Зидарски логикава твоја е точна бидејки на четирите столба освен Луци и Маркус има и два ангели. Едниот е уништен не се познава ништо освен крилјата. Бикот и Лавот се дијагонално еден на спроти друг и двата ангели исто така. Единствено ми беше чудно зошто баш над нив нема никакво име



Иначе местово има неверојатен поглед и мир.





И оваа е од над манастирот




Зидарски фала за одговорот:smir:
Нужно е едно кратко објаснување во врска со Македонската вековна борба за ослободување, која патем речено, сеуште трае..., да се напомене дека многумина од нашите борци за слобода членувале во разни организации, меѓу другото и во масонските ложи, се праеле се и сешто, (се прикривале)... само си ја знаеле целта... Овие денешниве морончиња мислат дека да бидеш масон е нешто трендовски, или возвишено... патетика чиста... па после Јас сум бил наци - фашиста...
Атоа што самите имаат потепано повеќе луѓе, па едно 50 пати од самиот Хитлер, тоа е, јебига, ХУМАНИТАРИЗАМ...
 
B

Braum

Гостин
Долго време ве читам во слободно време и без разлика дали одговорите на Зидарски се искрени или се манипулација...сепак почит за трудот и времето што го имаш вложено во оваа тема!

Е сега вака малку поразлично прашање од досегашниве.
Значи до Зидарски: Ме интересира дали масонеријата прима музичари од било кој правец и вид/жанр на музиката. Пошто нели постои рап, дет метал, гоа и многу други правци каде што во таа музика се пцуе како слобода на говорт на пример таков чест пример е рап музиката...потоа во дет металот повеќето таа музика се користи за слава на сатаната па прибидејки еден од условите е верувањето во виша сила па дали тука спаѓа и верувањето и признавање за свој Бог да биде сатаната од страна на апликантите за влез во масонска ложа ?

Исто така знаеме дека некој од условите се и да биде добар човек со добар статус...
Тогаш како го толкувате вие ова:


Клипот содржи слики од некој најпопуларните рапери во светот на денешницата каде што е прикажано дека се членови на масонски ложи во Америка. Мене тоа што ме буни како е тоа можно кога тие истите се служат со пцовки и вулгарности во своите текстови...и повеќето од тие држат статус како bad boy

Сега друг случај за Деди Јанки кој како и повеќето раперо потекнува од екстра сиромашно и распаднато семејство но тој моментално и во јужна, а и северна Америка може да се каже дека е најпопуларениот рапер. Тој е на сцената повеќе од 10 години но до пред 3 години не беше никој и ништо но, човекот преку ноќ стана самиот врв каде што почна да полни цели стадиони, секоја песна со спот му е хит, се направи филм за неговиот живот, и бидејки потекнува од латинска Америка таму албумот Барио Фино му е прогласен за најпродаван албум на сите времиња таму што значи ги срушил рекордите на Рики Мартин, Шакира, Џенифер Лопез кој исто така знаеме дека потекнуваат од таму, плус моментално на покана на една позната продуцентска куќа од холивуд снима уште еден филм каде што тој пак е во главна улога, за него се грижат над 60 души.
Човекот е апла масон и тоа оваа година го покажа настапувајки на емтиви каде на еканите во позадина блиндираше масонскиот знак, тоа не му беше доволно па и омотот за најновиот албум му е со масонскиот знак, а знаеме нели дека повеќето истакнуваат дека се масони не заради фалење туку заради благодарност и респект кон ложата. Потоа учествуваше во кампањата за трка за претседател на Америка на


Настапот на Mtv


Омотот на најновиот албум наречен - Мундиал


Човек на сценава држи статус на скромен што е во прилог на членството исто така и женет е и има три деца уште пред да стане преку ноќ екстра популарен и сеуште е во брак за разлика од многуте славни личности кој раскинале со бракот што и ова е во прилог на членството масонско.
Но типов исто така има текстови каде што ја претставува улицата и гангстерскиот живот еве една таква песна од него заедно со снуп дог му е песнава кој пак е власник на продукценска куќа за порно филмови во Америка


Потоа типов има песни каде се служи со пцовки , навреди, диссови, ете и во политиката се замешал како подржувач во кампања итн итн...
Ако е масон во регуралрна ложа, а верувам дека е бидејќи ете типот исполнува многу од правилата иако е славен,а исто така и ексремно крши некој услови за членвтсо во било која ложа плус и преку ноќ стана тоа што е денес...

И да додадам дека негова песна е избрана како официјална химна за светското првенство во фудбал 2010
Еве:

 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Долго време ве читам во слободно време и без разлика дали одговорите на Зидарски се искрени или се манипулација...сепак почит за трудот и времето што го имаш вложено во оваа тема!
Манипулација со кого? Со седум-осум души со кои што си правиме муабет тука на форумов?! Има далеку полесни и поефикасни методи и средства за манипулација од форум.
Е сега вака малку поразлично прашање од досегашниве.
Значи до Зидарски: Ме интересира дали масонеријата прима музичари од било кој правец и вид/жанр на музиката. Пошто нели постои рап, дет метал, гоа и многу други правци каде што во таа музика се пцуе како слобода на говорт на пример таков чест пример е рап музиката...потоа во дет металот повеќето таа музика се користи за слава на сатаната па прибидејки еден од условите е верувањето во виша сила па дали тука спаѓа и верувањето и признавање за свој Бог да биде сатаната од страна на апликантите за влез во масонска ложа ?
Да, во масонеријата се примаат музичари, од најразлични жанрови (еден од најдобрите млади џезери во Торонто е член на мојата ложа). Сепак, и за нив важат истите правила како и за останатите. Ако некој е сатанист - не може да биде примен. Ако некој бил гангстер - не може да биде примен. Ако некој води неморален живот - не може да биде примен. Тоа мислам дека филтрира доста од горе наведените.

Исто така знаеме дека некој од условите се и да биде добар човек со добар статус...
Тогаш како го толкувате вие ова:


Клипот содржи слики од некој најпопуларните рапери во светот на денешницата каде што е прикажано дека се членови на масонски ложи во Америка. Мене тоа што ме буни како е тоа можно кога тие истите се служат со пцовки и вулгарности во своите текстови...и повеќето од тие држат статус како bad boy
Доста стара е оваа шпекулација дека Jay Z и Kanye се масони. Не се! Тоа што мислат дека е многу забавно да прават некој знак со рацете кој личи на масонски знак и мислат дека се "многу јаки фраери" и дека им дава некаков мистичен привкус - нивни проблем. Пред неколку години имаше една ептен гангстерска рап група чии членови се шетаа со огромни ланци со масонското лого - шестар и аголник - и во исто време мафтаа со пиштоли и слично. Тоа што некој употребил таков знак, не значи дека е масон.

Сега друг случај за Деди Јанки кој како и повеќето раперо потекнува од екстра сиромашно и распаднато семејство но тој моментално и во јужна, а и северна Америка може да се каже дека е најпопуларениот рапер. Тој е на сцената повеќе од 10 години но до пред 3 години не беше никој и ништо но, човекот преку ноќ стана самиот врв каде што почна да полни цели стадиони, секоја песна со спот му е хит, се направи филм за неговиот живот, и бидејки потекнува од латинска Америка таму албумот Барио Фино му е прогласен за најпродаван албум на сите времиња таму што значи ги срушил рекордите на Рики Мартин, Шакира, Џенифер Лопез кој исто така знаеме дека потекнуваат од таму, плус моментално на покана на една позната продуцентска куќа од холивуд снима уште еден филм каде што тој пак е во главна улога, за него се грижат над 60 души.
Да, вакви случаи има многу... не гледам каква врска има тоа со масонеријата?!
Човекот е апла масон и тоа оваа година го покажа настапувајки на емтиви каде на еканите во позадина блиндираше масонскиот знак, тоа не му беше доволно па и омотот за најновиот албум му е со масонскиот знак, а знаеме нели дека повеќето истакнуваат дека се масони не заради фалење туку заради благодарност и респект кон ложата.
Апла масон?! Тоа така - кога ќе го погледне човек си вика - овој мора да е масон? :toe:
Знакот кој го имаш ставено подолу - може да значи се и сешто, Христијанството го користи овој симбол скоро 2000 години. Еден масон особено не би го ставил на сред сцена за да го демонстрира јавно. Масони кога користат масонски симболи во филмови, книги, ликовни дела, архитектура и слично - обично е направено дискретно и е повеќе намигнување кон браќата, а не кон јавноста! Никогаш до сега не сум сретнал некој масон да закачи масонски симбол на сред сцена.
Потоа учествуваше во кампањата за трка за претседател на Америка на
Да, затоа што тоа е начин да се привлечат латино гласовите, кои беа многу битни за McCain овој пат... Сепак - McCain не е масон и не гледам каква врска има и ова со масонеријата?

Настапот на Mtv


Омотот на најновиот албум наречен - Мундиал
Повторно - човек може да си истетовира шестар и аголник на чело - па пак нема тоа да го направи масон.
Човек на сценава држи статус на скромен што е во прилог на членството исто така и женет е и има три деца уште пред да стане преку ноќ екстра популарен и сеуште е во брак за разлика од многуте славни личности кој раскинале со бракот што и ова е во прилог на членството масонско.
Но типов исто така има текстови каде што ја претставува улицата и гангстерскиот живот еве една таква песна од него заедно со снуп дог му е песнава кој пак е власник на продукценска куќа за порно филмови во Америка


Потоа типов има песни каде се служи со пцовки , навреди, диссови, ете и во политиката се замешал како подржувач во кампања итн итн...
Ако е масон во регуралрна ложа, а верувам дека е бидејќи ете типот исполнува многу од правилата иако е славен,а исто така и ексремно крши некој услови за членвтсо во било која ложа плус и преку ноќ стана тоа што е денес...

И да додадам дека негова песна е избрана како официјална химна за светското првенство во фудбал 2010
Еве:

Ако некој е член на масонска ложа, колку и да е популарен - ќе биде исклучен веднаш заради било какво нарушување на правилата! Тоа е многу едноставно - во ложата нема популарни и непопуларни, нема богати и сиромашни, нема класи. Има масони и немасони. Кога некој ќе постапи немасонски - јасно е што се случува.
Да, многумина, особено од рап средината масовно го користат масонскиот симбол - но никој од нив нема никаква врска со масонеријата...
Има уште еден уште покраен пример... пред петнаесетина години, во Чикаго имаше една црнечка гангстерска организација, која себе си се нарекуваше Freemasons! Имале посебни церемонии при зачленувањето, имале тајни кодови и што ли не... веројатно основачот на организацијата мислел дека на тој начин ќе предизвика поголема лојалност... Секакви луди има на светов - ние едноставно не се занимаваме со нив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom