Пагански симбол? Од која конкретно паганска религија (или племенска заедница) е овој симбол?еве една слика од пагански симбол со исто значење
Пагански симбол? Од која конкретно паганска религија (или племенска заедница) е овој симбол?
Сликата која ја имаш постирано, во себе ја содржи симболиката на Езекиел 1 (дословно) и е типичниот начин на кој се прикажува ова пророштво. Горе на сликата дури го има и еврејскиот знак (буква) за Ел-Шадај, односно, еден од називите за Бог (значи - Семоќен).Јас го Нјадов како египетски,од Книгата на богот Тот
Фреските ептен сигурно не се од тој период. Начинот на кој се напишани имињата Маркус и Луци, односно фонетските знаци се карактеристични за современото кирилично писмо. Пред илјада години (или пред двеста години) не се пишувало вака. Ова изгледа како да е фрескосувано вчера. А за која црква се работи, ако не е проблем?Зидарски ме интересира симболиката и дали овие слики имаат некакво масонско значење. Тие се направени во една пештерска црква која потекнува од 9 век. фреските сигурно не се од тој период зошто не би биле толку долг период барем така мислам. Ама 70-100 години сигурно се (моја претпоставка)
Што значат Маркус и Луци?
........Сликата која ја имаш постирано, во себе ја содржи симболиката на Езекиел 1 (дословно) и е типичниот начин на кој се прикажува ова пророштво. Горе на сликата дури го има и еврејскиот знак (буква) за Ел-Шадај, односно, еден од називите за Бог (значи - Семоќен).
Сакам да кажам - самата слика, иако можеби некој ја поставил во книга за паганска религија, не е паганска, туку е старо-еврејска.
Малку си се збунил.........
Еве јас што најдов за Шин и тот на нет сепак имат некоја поврзаност
А, зошто да ти бидат језиви извесните сподоби, кога Вие сте на повисоко интелектулно и хуманитарно ниво, они само во нивната немоќ, се групираат за да направат злобно нешто, зошто се индивидуалци = нула... се провлекуваат такви групи низ историјата, точно...ама постојано губат...Една од најезивите теми за мене ми се масоните ... но обожавам да слушам кои се, зашто се, што прават зашто прават итн ... затоа ја отворив темава, а прибидејќи мислам дека незнам доволно работи за нив, ќе ви отстапам место на вас што знаете :shock: :wink:
Сакаш да кажеш дека ја знаеш Еврејската „азбука“???Во Еврејската азбука, секоја буква кореспондира со еден назив за Бог. Шин (кој што самостојно може да значи заб), во контекст на конкретната слика е ставен како знак за Ел-Шадај (Бог Семоќен).
Многу пати имам кажано - работите речиси никогаш не се такви какви што изгледаат на прв поглед. Секоја информација која ќе се прочита некаде (вклучително и од мене овде) треба да се провери, да се преиспита, да се потврди од различни извори. Има многу квази-автори кои со цел да направат некој брз долар, објавуваат какви ли не книги и заради добриот маркетинг стануваат популарни. Тоа не значи дека се точни или дека воопшто знаат за што зборуваат.
Не ми е целта да убедувам, туку сакам да провоцирам... Провокациите тераат на извесен гнев... а, тоа пак развива сопствени ставови, и размислувања, што е суштината на на мојата доктрина: што повеќе критички умови, толку подобро за колективитетот...Царски, те молам без квази-нацистички убедувања сега, кој сака ќе си верува во тоа што го сака. Нема што ти тука да наметнуваш твои сфаќања. Можеш да советуваш, ама не да убедуваш!
Нужно е едно кратко објаснување во врска со Македонската вековна борба за ослободување, која патем речено, сеуште трае..., да се напомене дека многумина од нашите борци за слобода членувале во разни организации, меѓу другото и во масонските ложи, се праеле се и сешто, (се прикривале)... само си ја знаеле целта... Овие денешниве морончиња мислат дека да бидеш масон е нешто трендовски, или возвишено... патетика чиста... па после Јас сум бил наци - фашиста...Сликите се од пештерската црква - манастир Св. Стефан - Охрид одма над плажата Славија. За вреските и јас не верувам дека се толку стари но мислам дека се од 30тите години на минатиот век зошто на ѕвоното пишува дека е направено 1936 год. во Битола. Зидарски логикава твоја е точна бидејки на четирите столба освен Луци и Маркус има и два ангели. Едниот е уништен не се познава ништо освен крилјата. Бикот и Лавот се дијагонално еден на спроти друг и двата ангели исто така. Единствено ми беше чудно зошто баш над нив нема никакво име
Иначе местово има неверојатен поглед и мир.
И оваа е од над манастирот
Зидарски фала за одговорот:smir:
Манипулација со кого? Со седум-осум души со кои што си правиме муабет тука на форумов?! Има далеку полесни и поефикасни методи и средства за манипулација од форум.Долго време ве читам во слободно време и без разлика дали одговорите на Зидарски се искрени или се манипулација...сепак почит за трудот и времето што го имаш вложено во оваа тема!
Да, во масонеријата се примаат музичари, од најразлични жанрови (еден од најдобрите млади џезери во Торонто е член на мојата ложа). Сепак, и за нив важат истите правила како и за останатите. Ако некој е сатанист - не може да биде примен. Ако некој бил гангстер - не може да биде примен. Ако некој води неморален живот - не може да биде примен. Тоа мислам дека филтрира доста од горе наведените.Е сега вака малку поразлично прашање од досегашниве.
Значи до Зидарски: Ме интересира дали масонеријата прима музичари од било кој правец и вид/жанр на музиката. Пошто нели постои рап, дет метал, гоа и многу други правци каде што во таа музика се пцуе како слобода на говорт на пример таков чест пример е рап музиката...потоа во дет металот повеќето таа музика се користи за слава на сатаната па прибидејки еден од условите е верувањето во виша сила па дали тука спаѓа и верувањето и признавање за свој Бог да биде сатаната од страна на апликантите за влез во масонска ложа ?
Доста стара е оваа шпекулација дека Jay Z и Kanye се масони. Не се! Тоа што мислат дека е многу забавно да прават некој знак со рацете кој личи на масонски знак и мислат дека се "многу јаки фраери" и дека им дава некаков мистичен привкус - нивни проблем. Пред неколку години имаше една ептен гангстерска рап група чии членови се шетаа со огромни ланци со масонското лого - шестар и аголник - и во исто време мафтаа со пиштоли и слично. Тоа што некој употребил таков знак, не значи дека е масон.Исто така знаеме дека некој од условите се и да биде добар човек со добар статус...
Тогаш како го толкувате вие ова:
Клипот содржи слики од некој најпопуларните рапери во светот на денешницата каде што е прикажано дека се членови на масонски ложи во Америка. Мене тоа што ме буни како е тоа можно кога тие истите се служат со пцовки и вулгарности во своите текстови...и повеќето од тие држат статус како bad boy
Да, вакви случаи има многу... не гледам каква врска има тоа со масонеријата?!Сега друг случај за Деди Јанки кој како и повеќето раперо потекнува од екстра сиромашно и распаднато семејство но тој моментално и во јужна, а и северна Америка може да се каже дека е најпопуларениот рапер. Тој е на сцената повеќе од 10 години но до пред 3 години не беше никој и ништо но, човекот преку ноќ стана самиот врв каде што почна да полни цели стадиони, секоја песна со спот му е хит, се направи филм за неговиот живот, и бидејки потекнува од латинска Америка таму албумот Барио Фино му е прогласен за најпродаван албум на сите времиња таму што значи ги срушил рекордите на Рики Мартин, Шакира, Џенифер Лопез кој исто така знаеме дека потекнуваат од таму, плус моментално на покана на една позната продуцентска куќа од холивуд снима уште еден филм каде што тој пак е во главна улога, за него се грижат над 60 души.
Апла масон?! Тоа така - кога ќе го погледне човек си вика - овој мора да е масон?Човекот е апла масон и тоа оваа година го покажа настапувајки на емтиви каде на еканите во позадина блиндираше масонскиот знак, тоа не му беше доволно па и омотот за најновиот албум му е со масонскиот знак, а знаеме нели дека повеќето истакнуваат дека се масони не заради фалење туку заради благодарност и респект кон ложата.
Да, затоа што тоа е начин да се привлечат латино гласовите, кои беа многу битни за McCain овој пат... Сепак - McCain не е масон и не гледам каква врска има и ова со масонеријата?Потоа учествуваше во кампањата за трка за претседател на Америка на
Повторно - човек може да си истетовира шестар и аголник на чело - па пак нема тоа да го направи масон.Настапот на Mtv
Омотот на најновиот албум наречен - Мундиал
Ако некој е член на масонска ложа, колку и да е популарен - ќе биде исклучен веднаш заради било какво нарушување на правилата! Тоа е многу едноставно - во ложата нема популарни и непопуларни, нема богати и сиромашни, нема класи. Има масони и немасони. Кога некој ќе постапи немасонски - јасно е што се случува.Човек на сценава држи статус на скромен што е во прилог на членството исто така и женет е и има три деца уште пред да стане преку ноќ екстра популарен и сеуште е во брак за разлика од многуте славни личности кој раскинале со бракот што и ова е во прилог на членството масонско.
Но типов исто така има текстови каде што ја претставува улицата и гангстерскиот живот еве една таква песна од него заедно со снуп дог му е песнава кој пак е власник на продукценска куќа за порно филмови во Америка
Потоа типов има песни каде се служи со пцовки , навреди, диссови, ете и во политиката се замешал како подржувач во кампања итн итн...
Ако е масон во регуралрна ложа, а верувам дека е бидејќи ете типот исполнува многу од правилата иако е славен,а исто така и ексремно крши некој услови за членвтсо во било која ложа плус и преку ноќ стана тоа што е денес...
И да додадам дека негова песна е избрана како официјална химна за светското првенство во фудбал 2010
Еве: