КАВАДАРЧАНИ САКААТ УШТЕ ПОСИЛНА ЕКИПА
Стив Рич доаѓа во Фени Индустри
За неколку дена во Кавадарци треба да се појави и силниот Американец кој ќе ја засили конкуренцијата на центарската позиција.
Фени Индустри очигледно нема намера да ја препушти челната позиција во македонската кошарка.
Лидерот на табелата во мак-баскетот можеби беше доста "мирен" кога се работи за оној т.н. "домашен пазар". Но, затоа, пак, сака максимално да го засили играчкиот ростер со имиња од "надвор".
Откако ги договорија сите детали од договорот со Џамел Талик Браун, кавадарчани се со намера да се "дозасилат" со уште еден играч, и тоа на центарската позиција.
За таа цел до крајот на оваа седмица во Кавадарци треба да допатува Американецот Стив Рич.
Се работи за доста искусен кошаркар, роден 1972 година, кој со своите 208 сантиметри треба да го затвори рекетот на "портокаловите".
Рич има богато кошаркарско педигре. Во својата долга кариера, која ја почнал во Форт Лодердејл, играл во НЦАА лигата, и тоа за универзитетот Мајами.
Првата европска станица за Рич била Франција, поточно Стразбур, а потоа и Сент Полтен (Австрија).
Потоа доаѓа во Порторико, па се сели во Аргентина. Во 1998 година игра и за еден шпански второлигаш за потоа повторно да се врати во Аргентина.
Една година подоцна Рич е на летниот камп на Портланд, по што следи уште една преселба во Европа, овој пат во Финска. Настапува за Хонка во Сапорта купот и НЕБЛ лигата и заработува повреда поради која паузира извесно време.
Следната станица му е Летонија каде се задржува најдолго време. Игра за Вентспилс, а наредните две години за Лиепаја.
Летото во 2004 година го користи да скокне до Аргентина, и повторно назад во Летонија. Но, овој пат како играч на Баронс ЛМТ. И тука останува само една сезона по која уште еднаш се обврзува со договор со екипата на Лиепаја, која ја напуштил во декември сега веќе минатата 2007 година.
На 8 средби од лигата на Летонија Рич има просек од 14.9 поени и 7.4 скока, а во Балтичката лига на 10 натпревари скор од 12.5 поени, 7.8 скока, 1.4 асистенции и 1.6 блокади, т.е. просек со кој овој 35-годишен кошаркар доаѓа во Кавадарци.
Евентуалниот ангажман на Рич, за кој "зелено светло" треба да даде стручниот штаб предводен од Емил Рајковиќ, ќе значи дека Рич е шестиот странски кошаркар во составот на Фени Индустри, односно трет кој доаѓа од американскиот континент.
Половина од играчкиот потенцијал кој го имаа(т) "портокаловите" во оваа сезона на успеси за нив.
Uste eden cokoladen covek fo Feni stanuvame se posilni i posilni SAMPIONII!!!!!!