BlackPope - пак се враќаме на старата добро позната теза - "ти кој си член и кој се занимаваш со тоа со години ништо не знаеш, ама јас кој сум гледал три емисии, сум прочитал десетина сајтови и (можеби) две книги, се знам и ќе ти кажам сега каква е вистината".
Малку наивно звучи... и несериозно!
Многу интересно звучат сите тие теории на заговор... и ниедна од нив нема никаква основа. Не зборувам за цврста основа... зборувам за било каква!
Ако имаше најосновни познавања од масонството, тогаш ќе знаеше дека нема "врв" кој ги контролира останатите членови. Едноставно не може да има. Самата структура на масонството (која ја имам објаснувано во детаљи тука, но ако треба можам повторно), едноставно не дава можност за некој некому да му нареди нешто. Ниту има можност некој да ти нареди како да гласаш, во што да веруваш, што да поддржуваш, а што не... масонството не е политичка партија, религиозна организација или било каква структура од тој тип, туку е начин на живот, метод, алатка во усовршувањето на личниот живот на поединецот. Дури и да сака некој да "влијае" врз мислењето и делувањето на останатите членови - едноставно не постои механизам преку кој би го остварил тоа.
Figaro - праша, зошто масоните се поврзуваат со сатаната... Заради незнаењето на тие кои го прават тоа поврзување!
Ако е човек сатанист, не може да стане член на масонска ложа. Масонството нема НИТУ ЕДЕН сатанистички симбол, сатанистички ритуал или било каква сатанистичка поврзаност!
Симболот со Окото, кој толку често се цитира, е Библиски симбол! Во Стариот Завет се спомнува дека Севидливото Око Господово секогаш и секаде не гледа. Односно - делата и мислите можеш да ги скриеш од луѓето, но никогаш нема да можеш да ги скриеш од Бога, затоа треба секогаш и секаде да внимаваш на своите постапки и да бидеш чист пред Него. Масонството ја позајмува таа Библиска порака, ништо повеќе.
Пирамидата не е официјален масонски симбол, а се користи со симболична цел - ако сте забележале, секогаш се прикажува пирамидата како недовршена, без врв. Целта е да се прикаже дека работата, градењето, никогаш не престанува! Никогаш нема да бидеме доволно совршени, доволно напредни, доволно развиени за да престанеме со усовршување, со работа, со развој. Тоа е единствената симболика која ја има таа недовршена пирамида. Причината заради која се користи пирамидата, а не Храмот на Соломон (кој е основа на масонската легенда) е тоа што чисто сликовито е многу полесно да се прикаже недовршена пирамида, отколку недовршен храм.
Така што BlackPope, јас немам "своја филозофија", туку имам факти на моја страна. А ти имаш претпоставки и теории, во кои најосновните работи и податоци не се издржани, а камо ли нешто посериозно...
Ако навистина сакаш сериозна дискусија на темата - повели - едно по едно ќе ги разгледаме и анализираме сите предложени претпоставки од твоја страна. Само подготви се посериозно за една таква дискусија, за да не си го губиме взаимно времето.
п.с. Емисијата на Наша ТВ не ја гледав (не живеам во Македонија). Ако некој може да каже дали ја има на интернет, или барем во кое време оди реприза, ќе се обидам да најдам начин да ја гледам, па ќе дискутираме и за тоа.